Граматички категории на именките во македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 77.29.86.200 (разговор), вратено на последната верзија на Bjankuloski06
Печатна грешка
Ред 12:
Вокативните форми се користат за непосредно обраќање кон некого или нешто, најчесто кон човечко суштество. Преку нив свој израз наоѓа обраќањето или категоријата апел. Таа се остварува со посебна интонација и со граматички наставки. Вокативната интонација е неопходна за оваа служба на именките, а наставките се застапени само кај дел од нив, пред сè кај оние што именуваат човечки суштества (пр. ''мајко, брате, сестро'' итн.) Вокативни форми можат да имаат и именките што означуваат нешто неживо, ако по пат на персонификација им се препишува својство на соговорник во општењето (пр. ''Вардаре, земјо, Македонија'', итн.) {{ref|Opsta}}
 
Именките од машки род своите вокативновокативни форми ги образуваат со наставките ''-у'' и ''-е''. Во пракса не постои јасна граница меѓу овие две наставки и двете може да се користат за една иста именка (''свате, свату''). Наставката ''-у'' почесто се среќава кај едносложни именки, а ''-е'' кај повеќесложни именки (''крају, учителе''). Машките имиња кои завршуваат на самогласка немаат вокативна форма (''Никола, Ѓорѓи''), а тие што завршуваат на согласка ка земаат наставката ''-е'' (''Горане, Зоране'').{{ref|Opsta}}
 
Именкие од женски род ги користат наставките ''-е'' и ''-о'' за вокатив. Првата наставка ја користат именки кои завршуваат на ''-ица'' и ''-ка'' (''Јованке, Милице''), додека втората ја користат именки кои завршуваат на ''-а'' (''Маријо, Симоно''). Именките од женски род што завршуваат на согласка немаат вокативна форма ('''љубов, радост'''). Именките од среден род немаат вокативни форми.{{ref|Opsta}}