Знаме на Перу: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 69:
File:Flag_of_Peru_(war).svg|Воено знаме на Перу
File:Naval_Jack_of_Peru.svg|Знаме на морнарицата.
</gallery>
 
== Историја ==
За време на [[Вицекралство Перу|Вицекралството Перу]], знамето на [[Шпанска Империја|Шпанската Империја]] се веело низ територијата на Перу. Во 1820 година, за време на војната за независност британскиот генерал [[Вилијам Милер]] подигнал знаме во [[Такна]] што би требало да го означува независно Перу. Знамето било сино, а во средината имало сонце [[Инти]]. Оригиналното знаме денес е изгубено.
 
Првото знаме на независно Перу било направено од [[Хозе де Сан Мартин]] и официјално било усвоено на 21 октомври 1820 година. Знамето било составено од четири триаголници, по еден горе и долу во бела боја и по еден од лево и десно во црвена боја. Триаголниците се спојувале во средината и врз нив се наоѓал тогашниот грб на Перу. Симболиката на боите денес не е јасна, но според перуанскиот автор [[Абрахам Валделомар]], Сан Мартин бил инспириран од боите на црвено-белото фламенго, кое живеело во регинот каде се воделе битките за независнот. Другите раноперуански историчари<ref name="Soldán1868">{{cite book|author=Mariano Felipe Paz Soldán|title=Historia del Perú independiente|url=https://books.google.com/books?id=6LICAAAAYAAJ&pg=PA75|accessdate=19 March 2013|year=1868|pages=75–}}</ref> објасниле дека црвената боја Сан Мартин ја зел од знамето на Чиле, а белата од знамето на Перу (бидејќи армијата која се борела во Перу била составена од [[Чилеанци]] и [[Аргентинци]]). Според историчарот [[Хорхе Фернандез Стол]] Сан Мартин ги избрал овие бои поради тоа што бил настроен кон монархијата, и овие бои се наоѓале низ кралската хералдика на Шпанија..<ref name="stoll">Jorge Fernández Stoll. "Los orígenes de la bandera", Lima, Sociedad Bolivariana de Lima, 1953</ref> За ова знаме во тоа време се сметало дека било тешко за цртање и создавање.
 
Во март 1822 година Хозе Бернардно де Тагле наредил да се редизајнира знамето. Тој сметал дека претходното знаме било тешко за правење. Така, новото знаме било составено од три хоризонтални ленти во црвена бела и црвена боја. Во средината на белата боја имало златно сонце Инти. Сепак и за ова знаме се правело проблеми бидејќи наликувало на шпанското, особоено од далеку Повторно се барало промена на знамето.
 
На 31 мај 1822 година Тагле повторно го сменил знамето. Новото знаме било составено од три вертикални ленти во црвена, бела и црвена боја со златно сонце Инти во средината.
 
Во 1825 година за време на администрацијата на Симон Боливар, сонцето Инти било сменето со националниот грб. Ова знаме се користело до 1950 година.
 
Последната измена на знамето била направена од Мануел А. Одрија кога направил државно, граѓанско и воено знаме. Промената била во тоа што граѓанското знаме немало веќе грб во средината.<ref>{{Cite web|url=http://spij.minjus.gob.pe/Textos-PDF/Leyes/1950/Abril/11323.pdf|title=Decreto Ley Nº 11323|last=|first=|date=|website=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|access-date=}}</ref>
 
<gallery>
File:Flag of Tacna Regiment (1820 proposal).svg|Знамето истакнато од генерал Милер во 1820.
File:Flag of Peru (1821-1822).svg|Првото знаме на независно Перу од 1820 создадено од Сан Мартин.
File:Flag of Peru (1822).svg|Второт знаме на Перу пд 1822 година создадено од Тагле.
File:Flag of Peru (1822-1825).svg|Третото знаме на Перу создадено од Тагле.
File:Flag of Peru (1825 - 1950).svg|thumb|Четврто знаме на Перу од 1825 до 1950 година.
</gallery>