Разлика помеѓу преработките на „Методија Андонов - Ченто“

Одбиена последната промена (од 154.59.142.43) и ја поврати преработката 3754413 на Buli
(Одбиена последната промена (од 154.59.142.43) и ја поврати преработката 3754413 на Buli)
== Антифашизам ==
[[Податотека:Metodija Andonov-Čento with his family.jpg|мини|десно|Ченто со сопругата Василка, синовите Илија, Андон и Владимир и ќерката Марија, во [[Прилеп]] на 29 септември 1943 година, еден ден пред излегување во партизани]]
Уште на почетокот на бугарската окупација, на [[26 април]], Ченто добива покана да соработува со [[Бугарија|бугарските]] окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори. Неговата продавница за алкохол во [[Прилеп]] станува свртилиште на [[Комунизам|комунистите]] од градот, поради што бугарските власти во 1942 година го интернираат прво во селото [[Мелница (Бугарија)|Мелницаф]], близу бугарско-турската граница, а потоа во логорот „[[Чучулигово]]“, [[Петрич|Петричко]] ([[Пиринска Македонија]]).
 
По неговото ослободување од интернација, [[Главен штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија|Главниот штаб на НОВ и ПОМ]] на [[21 август]] [[1943]] година му испраќа писмо во кое го повикува да се приклучи на [[Македонија во Втората светска војна|НОБ]]. Во септември на два пати се среќава со својот сограѓанин [[Кузман Јосифовски - Питу|Кузман Јосифоски - Питу]], кој успева да го убеди да се приклучи на НОБ.