Онеири (митологија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Онеирите''' ({{lang|gr|Ὄνειροι}}) се демони на сништата во [[грчка митологија|старогрчката митологија]],.
 
Онеирите можеле да имаат различен облик, а кај луѓето доаѓале како мало ветре кое минувало низ клучалките. Нивната задача била заспаните да ги поведат по вистинскиот пат, или, пак, да ги залажат. Онеирите се повеќе и се замислувани како демони или духови со темни [[крилја]]. Се појавувале како [[јато]] [[птици]] или [[лилјаци]], доаѓајќи ноќе од своите пештери од [[Ереб (митологија)|Ереб]], земјата на вечната темнина, зад изгрејсонцето, односно крај [[Океан (митологија)|Океан]], близу до земјата на мртвите. Виселе под листовите на дрвјата или по ѕидовите на пештерите. Кога доаѓале кај луѓето, проаѓале низ две порти. Едната била направена од рогови и од таму се носеле пророчки соништа кои ги праќале боговите и стигале по полноќ, а другата била направена од слонова коска и од таму пристигнувале лажните соништа кои стигнувале пред полноќ.<ref name="мит">Цермановиќ-Кузмановиќ, А. & Драгослав Срејовиќ, 1992, ''Лексикон на религии и митови'', Современа администрација, Белград.</ref><ref name="теои">[http://www.theoi.com/Daimon/Oneiroi.html -{theoi.com: Oneiroi}-], Приступљено 17. 4. 2013.</ref>