Карпошово востание: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 3 промени (од 79.125.204.78) и ја поврати преработката 3696024 на Паланчански
Ред 27:
}}
{{Османлиско-македонски војни и востанија}}
'''Карпошово востание''' — вооружено [[востание]] дигнато во [[1689]] г. на територијата на [[Македонија]]. Востанието го носи името по својот водач [[Карпош]]. Непосреден повод и охрабрување за подигање на востанието дала големата Австро-турска војна, а неговите корени лежеле во незавидната економско-општествена и политичка положба на [[Македонцимакедонци|македонскиот народ]].
 
=== Во чест на востанието бил наречен [[Филип II (плоштад)|плоштадот „Карпошово востание“]] на почетокот на [[Стара скопска чаршија|Старата чаршија]] во [[Скопје]]. Од 2013 г. плоштадот го носи името „[[Филип II (плоштад)|Филип II]]“.И така заврши прекрасното востание ===
 
== Продирање на австриска војска во Македонија ==
{{see also|Голема турска војна}}
 
Во 1683 година Османлиите по втор пат се обиделе Опсада на Виена (1683)да ја заземат Виена. Меѓутоа по двомесечна опсада, на градот му пристигнала помош од Австрија австриската, а исто така и полската војска предводена од полскиот благородник Јан Собјески, па турската војска претрпела пораз што довел до огромни територијални, материјални и човечки жртви. Набргу потоа, во март 1684, против [[Отоманска империја|Османлиската империја]] била создадена Света лига, во која покрај [[Австрија]] и [[Полска]], влегле и [[Венецијанска република|Венеција]], а подоцна и [[Руска империја|Русија]]. Продирајќи постепено кон југ, Австријците стигнале дури до Македонија. Веќе на 25 октомври 1689 тие, предводени од генералот Пиколомини, влегле во [[Скопско поле|Скопското поле]], каде што со радост ги пречекало населението од [[Скопски села|околните села]]. Истиот ден влегле во напуштениот град, кој бил полн со прехрамбени продукти и трговски стоки. Премногу оддалечен од својата главнина, Пиколомини решил веднаш да се повлече од градот, кој претходно Скопски пожар од 1689 го опожарил поради чума. Пожарот беснеел цели три дена на 26 октомври 26 , 27 октомври 27 и 28 октомври 1689 и го уништил најголемиот дел од Скопје. Скопје тогаш бил споредуван со Прага. Во писмото до австрискиот цар Леополд, генералот Пиколомини пишува: „Градот Скопје е голем речиси колку Прага. Тој е без ѕидини и ровови. Го најдов напуштен и лишен од сите скапоцености, но богато е снабден со стоки.“лалалла
 
По повлекувањето од [[Скопје]], австријците извршиле уште неколку пробиви во длабината на македонската територија. Таков еден пробив извршил херцогот [[Холштајн]], кој во меѓувреме го заменил умрениот од чума Пиколомини. Тргнувајќи од логорот крај кумановското село [[Оризари]], австриските одреди се нашле пред [[Штип]], во зорите на [[10 ноември]] [[1689]]. Тука дошло до најжестокиот и најголем судир помеѓу австриските и турските војски на територијата на Македонија. Оставајќи зад себе околу две илјади мртви, турските војски биле принудени на повлекување. [[Австријци]]те го запалиле градот, а потоа на враќање, тие разбиле уште еден турски одред од 300 души. Во средината на ноември кон [[Тетово]] биле испратени доброволци [[албанци]]-католици, кои успеале да уништат преку 600 [[турци]] и да запленат неколку стотици грла [[добиток]]. Најпосле, на 20 декември од [[Приштина]] кон [[Велес]] тргнал еден австриски [[одред]], во чиј состав имало и [[срби]], предводен од капетанот [[Саноски]]. Одредот влегол во [[Велес]], каде биле отепани триесет турци, а имало и заробени. Градот бил ограбен и делумно запален, но на враќање одредот бил нападнат од [[јаничари]], при што Саноски добил смртоносни рани.
Ред 42:
{{Историја на Македонија}}
 
Во годините на Австро-турската војна дошло до нагло влошување на [[Стопанство|економската]] и [[Политика|политичката]] положба на [[Македонци|населението]] во земјата. Даночниот притисок, несигурноста и насилствата зеле дотогаш невидени размери. Воените операции ја гонеле државата да го засили принудниот откуп на [[Житни култури|житата]], [[фураж]]от, [[добиток]]от, [[Дрводрво (материјал)|дрвата]] и на други селскостопански производи, по цени далеку под нивната вредност. Биле воведени и ред нови вонредни [[Данокданок|давачки]]. Во ова тешко време [[раја]]та страдала и од з[[улум]]ите на турските вони [[дезертер]]и и одметници од централната власт, меѓу кои посебно се истакнувал злогласниот [[Јеген-паша]], бившиот [[Румелија|румелиски]] [[беглербег]], кој со околу 10.000 одметници пљачкосувал по [[Балкан]]от. Централната власт успеала да го ликвидира дури во [[февруари]] [[1689]] година.
 
Воената катастрофа и хаотичната внатрешна положба во [[Отоманска империја|Османската империја]] создале погодни услови за широк замав на [[ајдутство]]то во сите делови од Македонија, а особено во [[Мариово|Мариовско]], Битолско, Тиквешко, Велешко, Штипско, во [[Доспат Плаина]] во северното гранично подрачје. Во таквата атмосфера, ненадејниот продор на австриската војска имал посебно дејство врз расположбата на македонскиот народ. Кон средината на [[октомври]] [[1689]], во севериостичниот дел на Македонија, на просторот помеѓу [[Ќустендил]] и Скопје избувнало востание, на чело со познатиот ајдутски [[арамбаша]] [[Карпош]]. Главно упориште на слободната востаничка територија станала Крива Паланка, која и пред тоа била ослободно турско утврдување, изградена во 1636 година. Тука на востаниците им паднале в раце шест топови. Освен тоа, востаниците изградиле и сосем ново утврдување кај [[Куманово]]. Не е исклучено тие да биле во врска и да содејствувале со австриските одреди, особено во времето на нивниот продор во Македонија. Современите турски [[Хроникахроника|хроники]] и месното народно предание го титулираат Карпош како „[[крал]] од [[Куманово]]“, која титула му ја дал или потврдил [[Цар на Австрија|австрискиот цар]] [[Леополд I]], праќајќи му притоа и [[калпак]], како надворешен знак за признанието.
 
== Пораз и последици од востанието ==
 
[[Податотека:Karposh_memory_table_Skopje.JPG|thumb|left|250px|Плоча на Камен Мост во Скопје, во спомен на Карпош|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Karposh_memory_table_Skopje.JPG]]
[[Податотека:Naredba za ubistvo na Karpos.jpg|мини|лево|Наредба за убиството на Карпош|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Naredba_za_ubistvo_na_Karpos.jpg]]
Набргу дошло да пресврт на воено-политичката ситуација на [[Балкан]]от, што имало пресудна улога за натамошната судбина на востанието. Османлиите презеле енергични чекори за стабилизација на ситуацијата во земјата и заполнале подготовките за напад против македонските востаници и австриската војска. На помош на турските војски им пристигнал [[крим]]скиот хан [[Селим Гирај]] со своите борбени и жестоки [[Татаритатари|татарски]] одреди. На советувањето во [[Софија]], на [[14 ноември]] [[1689]], било решено во напад да се тргне преку [[Ќустендил]], односно најпрвин да се ликвидира Карпошовото востание. Прва на удар била [[Крива Паланка]], каде неколку илјади востаници се подготвувале за напад на [[Ќустендил]]. Дознавајќи за големата надмоќност на противникот, востаницте ја запалиле [[Крива Паланка]] и отстапиле кон Куманово. Веќе идниот ден турските и татарските одреди се појавиле и пред овој град. Востаниците го дочекале непријателот пред новоизградената [[тврдина]]. Во судирот бил заробен Карпош заедно со голем број востаници. Последен отпор бил даден од трврдината, која била преземена на [[јуриш]], а нејзините бранители биле уништени. Победниците сега се упатиле кон [[Скопје]], водејќи ги со себе заробените востаници. Во Скопје, крај [[Камен мост|Камениот мост]] на [[Вардар]], Карпош бил изведен пред [[Селим Гирај]], набиен на колец, а потоа избоден од татарските копја и фрлен во реката. Тоа се случило во првите денови на [[декември]] [[1689]] година. Трагичната смрт на Карпош го означувала истовремено и крајот на востанието.
 
Македонскиот [[селанец]] скапо го платил својот обид за ослободување. За мнозина единствен спас било бегањето далеку на север, зад [[Сава]] и [[Дунав]]. Дел од нив подоцна преминале дури и во [[Русија]], создавајќи таму свои војнички колонии и одделен „[[Македонски полк]]“, кој дејствувал во состав на регуларната руска војска. Во запустените предели од [[северозападна Македонија]] започнало масовно населување на [[Македонски Албанци|албанско население]].
Ред 56:
== Манифест и заштитни писма од Леополд I ==
 
[[Податотека:Leopold I-pismo.jpg|мини|десно|250п|Заштитно писмо за Македонците од светоримскиот цар Леополд I|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Leopold_I-pismo.jpg]]
На [[6 април]] [[1690]] година, [[Цар на Светото Римско Царство|царот на Светото Римско Царство]] [[Леополд I (Свето Римско Царство)|Леополд I]] (1657-1705) издал [[манифест]], со кој ги повикува „''сите народи кои по сета [[Албанија]], [[Србија]], [[Мизија]], [[Бугарија]], [[Силистрија]], [[Илирија]], [[Република Македонија|Македонија]], [[Расија]] живеат, да им се придружат на Австријците и против Турција на оружје да се дигнат''“. Речиси истовремено, на [[26 април]] [[1690]], Леополд издал и едно писмо со кое го земал под заштита [[Македонцимакедонци|македонскиот народ]]. Иницијатори на неговото издавање биле [[Марко Крајда]], родум од [[Кожани]] и [[Димитри Георгија Поповиќ]], родум од [[Солун]]. Во писмото меѓу другото, се декларира: ... „''македонскиот народ во целост го примаме во секој еден поглед благонаклоно под наша царска и кралска заштита''“. На [[31 мај]] [[1690]] царот издал уште едно писмо, со кое ја проширил својата заштита на населението во Бугарија, Србија, Македонија и Албанија. Меѓутоа Македонија одново станала длабока провинцијана Османската империја, па манифестот и заштитните писма на австрискиот цар не можеле да имаат некое позначајно дејство врз рположбата на македонскиот народ.
 
== Поврзано ==