Данил Хармс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 57:
Хармс се формирал како писател кон крајот на 1920-тите, под влијание на [[Футуризам|футуристите]], на Велимир Хлебников и на поетите Кручоних и А. Туфанов. Меѓутоа, тој ги отфрлил футуристите, ги напуштил еуфоричните експерименти во [[поезија]]та и со група истомисленици ја формирал книжевната група „ОБЕРИУ“ чие име претставува акроним за целосното име „Здружение за реална уметност“ при што последната буква „У“ била додадена „само за забава“, како пародија на многубројните „изми“ што биле популарни во тоа време. Покрај Хармс, во „ОБЕРИУ“ членувале: А. Веденски, К. Вагинов, И. Бахтерев, Н. Заболоцки, Б. Левин и Ј. Владимиров. Во јануари [[1928]] година, била објавена Декларацијата на „ОБЕРИУ“ во која било наведено дека членовите на групата настојуваат да ја прошират и разбудат смислата на „предметите и зборовите“, но не да ја уништат. Во овој манифест стои: „Конкретниот 'предмет', исчистен од книжевната и секојдневната лушпа станува градба за уметноста. Можеби ќе ви се причини дека нашите сижеа се 'не-реални' и 'не-логични'? Но, кој рече дека секојдневната [[логика]] е задолжителна за [[уметност]]а?“ Во текот на 1928 и 1929 година, членовите на „ОБЕРИУ“ повремено настапувале низ училиштата, војничките клубови, касарните и студентските домови во Ленинград. Притоа, тие ги исмејувале постоечките облици на книжевен и општествен ангажман, правејќи пародии на книжевните претходници и современици и спротивставувајќи се на сместувањето во некое уметничко движење. На почетокот на 1930-тите, по една книжевна вечер, кога Ј. Владимиров со „невидена дрскост ја нарекол публиката дивјаци кои заскитале во европски град и првпат виделе [[автомобил]]“, оваа книжевна група била остро нападната во печатените медиуми, кои ги осудиле „будалаштините“ и „до цинизам отворениот кошмар“, а нејзините членови биле жигосани како книжевни мангупи кои воопшто не се разликуваат до класниот непријател. Оттогаш, членовите на „ОБЕРИУ“ никогаш повеќе на настапиле на јавен книжевен настан.<ref>Danil Harms, ''Sto slučajeva''. Beograd: Laguna, 2016, стр. 267-269.</ref>
 
Истовремено, Хармс продолжил со објавувањето на својата детска книжевност. Така, во 1928 година, во Ленинград, излегол првиот број на детското списание „Еж“ во кое Хармстој бил еден од најактивните соработници, објавувајќи десет дела за една година (песните под наслов „Театар“, расказите „За тоа како Кољка Панкин леташе во Бразил, а Пеќка Јершов не му веруваше“, „Безобразниот пампур“ итн.). ВоИсто така, во текот на [[1929]] година, Хармс ги објавил своитеи следниве дела за деца: „Како прво и како второ“ (расказ), „Иван Иванович Самовар“ (песни) и „За тоа како старицата купуваше мастило“ (расказ),<ref>Анатолиј Александров, „Данил Хармс - Хронологија на животот“, во: Данил Хармс, ''Случаи'', Темплум: Скопје, 2004, стр. 115-125.</ref> а во 1930 година, во Ленинград, започнало да излегува детското списание „Врабец“ со кое тој, исто така, активно соработувал. Подоцна, главната уредничка на списанието Н. Гернет, во своите сеќавања запишала:<ref>Анатолиј Александров, „Данил Хармс - Хронологија на животот“, во: Данил Хармс, ''Случаи'', Темплум: Скопје, 2004, стр. 115-125.</ref>
 
Во [[1930]] година, во Ленинград започнало да излегува детското списание „Врабец“ со кое Хармс, исто така, активно соработувал. Подоцна, главната уредничка на списанието Н. Гернет, во своите сеќавања запишала:<ref>Анатолиј Александров, „Данил Хармс - Хронологија на животот“, во: Данил Хармс, ''Случаи'', Темплум: Скопје, 2004, стр. 115-125.</ref>