Требеништа (некропола): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с избришани слики
Ред 1:
'''Некрополата Требеништа''' се наоѓа југозападно од с. [[Горенци]] кое е во подножјето на планината Вишовски рид, 1,5 км. јужно од с.[[Требеништа]], а на околу 9,5 км. северозападно од [[Охрид]]. Таа се простира вдолж магистралниот пат Охрид-Кичево-Скопје, на локалитетите Сува Чешма (Гробот), Три Чељусти и Вртуљка.
[[image:ZlatnaMaska2.jpg|thumb|200px|Златна погребна маска, Требеништа]]
 
 
 
==Историјат на ископувања==
Ред 15 ⟶ 12:
 
Од гробовите на требенишката некропола потекнуваат 825 предмети, од кои 258 се чуваат во Археолошкиот музеј во Софија, 187 во Народниот музеј во Белград и 380 во [[Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид|Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид]]. Предметите кои посебно се издвојуваат потекнуваат од гробовите на А и В групата, т. н. кнежевски гробови. Такви се златните погребни маски, златни сандали, нараквици, златен и сребрен накит, масивните бронзени кратери, сребрени пехари и ритони, бронзени шлемови и др.
 
[[image:ZlatnaMaska1.jpg|thumb|200px|Златна погребна маска, Требеништа]]
=== Златни погребни маски===
Куриозитет претставуваат златните маски, кои се определуваат како култни предмети, односно се поврзуваат со одредени верувања и ритуали во врска со погребувањето, а се откриени во гробовите I, V, VIII и IX, од требенишката некропола. Веројатно дека тие се дело на локални мајстори, а како такви зборуваат за верувањата и ритуалите кај популациите кои ги населувале тие области. На територијата на Р.Македонија откриена е усте една маска во Охрид и еден фрагментиран примерок во Петилеп-Беранци. Погребни маски се откриени и во архајската некропола кај [[Синдос]], близу Солун и еден слабо сочуван примерок, од колекцијата Стататос, која се чува во Археолошкиот музеј во Атина, а кој потекнува од халкидичко-долноповардарскиот простор.
Ред 35 ⟶ 32:
 
Сребрените пехари меѓусебно се слични, а единствено малку се разликуваат во орнаментиката. Аналогни се со пехарите од Стара Загора во Тракија. Најголем број од научниците се согласуваат дека станува збор за малоазиски импорт, а датирани се во втора половина на V век пр.н.е.
 
[[image:Krater.jpg|thumb|200px|Бронзен кратер, Требеништа, гроб VIII]]
Во гробовите I и VIII се откриени бронзени кратери кои меѓусебно се разликуваат по димензиите и по мотивите со кои се декорирани, меѓутоа стилски се аналогни. Кај кратерот од гробот I отворот е украсен со вегетабилна орнаментика, перли, плетена лента и ред фини перли. Декорацијата на вратот е со мотив на крава, а биле изведени шест фигури (од кои една денес недостасува) свртени на десно, прицврстени на основата со клинци. На рамото од кратерот изведен е орнамент во облик на заби. Ногата е ѕвонеста, посебно излиена, пластично декорирана со палмети, лотосови листови и редови од перли. Особено се впечатливи двете рачки на кратерот од големи листови со пластичен орнамент и редови на перли, потпрени на бисти од Медузи.
 
[[image:KraterMeduza.jpg|thumb|лево|200px|Детаљ од бронзен кратер, Требеништа, гроб I]]
Кај кратерот од гробот VIII отворот е профилиран и декориран со палмети, под кои се изведени низа од перли и вертикални црти. На вратот се приковани четири коњаници, (по два од секоја страна) свртени на десно, со глава предадена во анфас. Коњите се претставени во галоп. Како и кај кратерот од гробот И и на овој сад рамото е украсено со низа листови во форма на заби. Двете рачки и во овој случај се особено убаво украсени. Тие лежат на крилести Медузи со змијски нозе, кои се потпираат на рамото од садот и завршуваат со змијски глави. Рацете на Медузите се свиени, а дланките се стиснати. На рамениците на Медузите, покриени со наметка, лежи коренот на волутите кој е украсен со крлуштен орнамент. Во гробот VIII откриен е и троножец на кој бил поставен кратерот. Нозете се изведени во облик на лавовски шепи и богато украсени со зооморфни и антропоморфни мотиви.
Кратерот од гробот I е датиран во прва половина на V век пр. н.е., а кратерот од гробот VIII во средина на VI век пр. н.е. Се смета дека тие се коринтски импорт, но постои и можноста за нивно евбејско, халкидско потекло.
 
[[image:Slem_trebeniste.jpg|thumb|200px|Бронзен шлем, Требеништа, гроб VIII]]
===Оружје===
Во машките гробови е откриено офанзивно оружје и тоа: копја, мечеви, ножеви и бодежи. Од копјата се зачувани само врвовите од кои може да се види дека се работи за листовидни копја со пластично ребро. Фрагментите од мечевите овозможиле да се направи приближна реконструкција, при што е утврдено дека некои од нив, поточно оние од гробовите VI и VII, се аналогни на мечевите од Синдос, кои се датирани од 540 година пр. н.е. па до почеток на V век пр. н.е., а се изработени една до две децении пред самите погребувања.