Хосе де Сан Мартин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправка на мали правописни грешки
Ред 83:
Своите почетоци во воената кариера Сан Мартин ги остварил во Европа. Сан Мартин учествувал во неколку шпански акции во [[Северна Африка]], меѓу кои и борбите во [[Мелилја]] и [[Оран]] против [[Мури|Мурите]] во 1791 година.{{sfn|Galasso|2000|p=24–26}} Неговиот ранг бил издигнат на потпоручник во 1793 година, на само 15 годишна возраст. Тој почнал да гради морнаричка воена кариера за време [[војната на Втората коалиција]], кога [[Шпанија]] била во сојузништво во [[Франција]] во борбите против [[Велика Британија]], за време на [[француска револуција|француската револуција]]. Неговиот брод [[ХМС Санта Доротеја (1898)|ХМС Санта Доротеја ]] бил заробен од британските сили, кои пак го држеле Сан Мартин како затвореник одредено време. Многу набрзо, тој продолжил да се бори во јужна Шпанија, воглавно во [[Кадиз]] и [[Гибралтар]] со ранг ''втор капетан на лесна пешадија''. Исто така Сан Мартин продолжил да се бори и со [[Португалија]] на страната на Шпанија за време на [[Портокалова војна|Портокаловата војна]] во 1801 година. Сан Мартин бил унапреден со чин капетан во 1804.{{sfn|Galasso|2000|p=26–27}} За време на негиот престој во Кадиз, тој бил под влијание на идеите на [[шпанска преродба|шпанската преродба]].{{sfn|Galasso|2000|p=28}}
 
Кога избила [[Полуостровска војна|Полуостровската војна]] во 1808 година, Сан Мартин бил именуван како [[аѓутант]] на [[Франсиско Марија Ортиз де Росас]]. За Росас тогаш се посомневало дека е [[франкофил (преродба)|франкофил]] (''афрансесадо'', ''afrancesado'') и бил убиен од страна на општонародните бунтовници и неговото тело било влечено низ улиците. Подоцна, Сан Мартин бил испратен во редовите на војската во [[Андалузија]] и предводел баталјон волонтери. Во јуни 1808 година неговата единица била прикличена во герилските борби предводени до [[Хуан де ла Круз Моурхеон]]. За време на [[битката во Архонилја]] Сан Мартин за многу малку ќе погинел во борбите, но сепак него го спасил наредникот Хуан де Диос. На 19 јули 1808 година шпанските и француските сили влегле во [[битката на Баилен]], каде шпанските сили забележале победа и со тоа се овозможил напад и опсада на [[Мадрид]]. За неговите дејства за време на таа битка, Сан Мартин добил златен медал и неговиот ранг бил унапреден на ниво на командант. На 16 мај 1811 година Сан Мартил учествувал во бткатабитката на Албуера под команда на генералот [[Вилијам Кар Бересфорд]]. До тоа време француските сили го имале под контрола поголемиот дел од Пиринејскиот полуостров, освен Кадиз.{{sfn|Galasso|2000|p=26–32}}
 
Сан Мартин дал отказ од шпанската армија, поради контроверзни причини, и се преселил во Јужна Америка, каде се приклучил на јужноамериканските војни за независност. Историчарите дале неколку предлози за таквата одлука: најчесто поставената теорија е дека му недостасувала неговата татковина, а потоа се предложувала и теоријата дека тој бил британски агент. Според првата теорија се поставува и објаснувањето дека кога увидел дека во Јужна Америка се отпочнувала војната за независност тој почувствувал должност да слижислужи на татковината. Според втората теорија се предложува објасувањето дека Британија би имала свои придобивки од независноста на шпанските колонии.{{sfn|Galasso|2000|p=33–50}}
 
== Јужна Америка ==
=== Аргентина ===
[[Податотека:Sable corvo de San Martín en el Museo Histórico Nacional.jpg|thumb|right|200px|Сабјата на Сан Мартин. Таа била неодвоив елемент од униформата на Сан Мартин.]]
Неколку дена откако Сан Мартин пристигнал во [[Буенос Аирес]] во тогашна [[Обединети Покраини на Рио де ла Плата]] (денес [[Аргентина]]), тој бил на испитување од [[Прв триумвират (Аргентина)|Првиот триумвират]]. Тие го назначиле него за командир на коњаницата и побарале од него коњаничка единица, бидејќубидејќи Буенос Аирес немал коњаница. Сан Мартин започнал да го организира [[Полк на коњанички гренадиери|Полкот на коњанички гренадиери]] со Алвеар и Запиола. Бидејќи Буенос Аирес нема професионални воени лидери, на Сан Мартин му ја довериле задачата на заштита на целиот град, но сепак тој се фокусирал на градењето на воената единица.{{sfn|Galasso|2000|pp=65–76}}
 
Сан Мартин, Алвеар и Запиола основале локален оддел на [[ложа Лаутаро|ложата Лаутаро]], заедно со поранешните поддржувачи на [[Маријано Морено]]. Ложата се стремела да ги промовира либералните идеи. Поради нејзината таинственост, не е познато дали таа била масонска ложа или ложа со полтички цели. Истата немала врски со [[Прва голема ложа на Англија|Првата голема ложа на Англија]]. Во септември 1812 година, Сан Мартин се оженил со [[Марија де лос Ремедиос де Ескалада]], 14 годишна девојка од локално богато семејство.{{sfn|Galasso|2000|pp=77–85}}
Ред 100:
Додека во [[Буенос Аирес]] се разбранувало движењето против монархијата, на другата страна од [[Рио де ла Плата]], [[Монтевидео]] бил сè уште монархиско упориште. [[Хозе Рондо]] почнал опсада, но монтевидејската морнарица го избегнала тоа со тоа што ги ограбиле околните градови. Во меѓувреме, Сан Мартин бил испратен со новиот полк за да ги набљудува активностите на брегот на [[реката Парана]].{{sfn|Galasso|2000|p=91}}{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|p=73}}
 
Полкот ја следел морнарицата од далеку, избегнувајќи директен контакт. Тие се сокриле во [[Манастир Сан Карлос (Сан Лоренцо)|манастирот Сан Карлос]] во [[Сан Лоренцо (Санта Фе)|Сан Лоренцо]]. За време на ноќите, Сан Мартин ги набљудувал непријателските бродови од кровот на манастирот. Монархистите се истовариле во зора и биле спремни за грабеж, но полкот се спротивставил со борба. Сан Мартин употребил приклештен напад за да ги зароби монархистите. Еден крај од нападот го предводел тој, а другиот [[Хусто Бермудез]].{{sfn|Galasso|2000|p=91}}{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|p=74}}
 
Коњот на Сан Мартин бил убиен за време на битката, и неговата нога била заробена под телото на коњот. Во тој момент, некој од монархистите, најверојатно самиот Забала{{sfn|Galasso|2000|p=92}}{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|p=76}} се обидел да го убие Сан Мартин. Истоврмено, покрај тоа што бил заробен под коњот, Сан Мартин имал и повреда од сабјата во неговото стапало, како и рана од куршум на неговата рака. [[Хуан Баутиста Кабрал]] и [[Хуан Баутиста Баигорија]], членови на полкот, интервенирале и го спасиле животот на Сан Мартин. Кабрал бил смртно ранет во тој обид на спасување.{{sfn|Galasso|2000|p=92}}
 
Битката немала значајно влијание на целокупната војна и не го спречилспречила понатамошниот грабеж. Монтевидео бил конечно заземен од страна на [[Вилијам Браун (адмирал)|Адмирал Вилијам Браун]] за време за [[Втора кампања за Банда Ориентал|Втората кампања за Банда Ориентал]].{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|p=76}} Антонио Забала, лидерот на монтевидејската војска, служел под команда на Сан Мартин во подоцнежното [[преминување на Андите]].{{sfn|Galasso|2000|pp=93–95}}
 
==== Армијата од Северот ====
[[Податотека:Belgrano y San Martín.jpg|thumb|200п|Средба на Мануел Белграно и Хозе де Сан Мартин во Јатасто.]]
 
Сан Мартин повторно дошол во Буенос Аирес. Во Буенос Аирес, заедно со неговата сопруга, присуствувал на првата службена изведба на [[Химна на Аргентина|националната аргентинска химна]] на [[28 мај]] [[1813]] во [[театар Колисео|театарот Колисео]]. Според усната традиција оваа изведба се одвила на 14 мај 1813 година во домот на аристократот [[Марикита Санчез]], но сепак за ова нема пишани документи.{{sfn|Galasso|2000|p=102}} Текстот на новата химна вклучувала неколку референци за сецесионистичката желба во тогашното време.{{sfn|Galasso|2000|pp=101–104}}
 
Иако сè уште биле сојузници, Сан Мартин почнал да се оддалечува од Алвеар, кој пак го контролирал Собранието и ложата. Алвеар се спротивставил на трговците и уругвајскиот каудилјо [[Хозе Хервасио Артигас]]. За ова Сан Мартин сметал дека е ризичен конфликт особено кога монархистите сè уште биле опасност. [[Армијата од Северот]], или Северната Армија, која оперирала во [[Горно Перу]], била поразена во [[битката на Вилкапухио]] и [[битката на Ајохума]], па така триумвиратот го назначил Сан Мартин како лидер, заменувајќи го [[Мануел Белграно]].{{sfn|Galasso|2000|pp=104–110}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. I|pp=506–507}}
 
Сан Мартин и Белграно се сретнале во месноста Јатасто. Армијата била во лоша состојба и Сан Мартин првично одбил да го отстрани Белграно од армијата, бидејќи сметал тоа ќе го наруши моралот на војниците. Како и да е, врховниот директор [[Хервасио Посадас]] (кој го заменил триумвиратот во владата) инсистирал, па така Сан Мартин делувал како што му било наредено. Сан Мартин останал само неколку седмици во [[Тукуман]], ја реорганизирал армијата и го проучувал теренот. Тој, исто така, имал позитивно влијание врз герилската војна предводена од [[Мартин Мигел де Гуемес]] која се борела против монархистите.{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. I|p=537}} Таа Тоа билобила одбрамбена војна и Сан Мартин сметал дека тие можеби ќе го спречат напредувањето на монархистите во [[Хухуј (покраина)|Хухуј]].{{sfn|Galasso|2000|pp=111–121}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. I|p=581}}
 
Сан Мартин имал здравствени проблеми во април 1814 година, најверојатно предизвикани од [[хематемеза]]. Тој привремено ја предал командата на армијата на [[Франсиско Фернандез де ла Круз]] и побарал одмор за да закрепне. Тој дошол во [[СантијагоСантјаго дедел Естеро (покраина)|Сантјаго дел Естеро]], а потоа во [[Кордоба (Аргентинааргентинска покраина)|Кордоба]], каде полека закрепнувал. За тоа време, кралот [[Фернандо VII]] се вратил на тронот, започнал апсолутистичка обнова и започнал со организација на напад на колониите. По едно интервју со [[Томас Гуидо]], Сан Мартин дошол со еден план: организирање армија во [[МендозаМендоса (покраина)|Мендоса]], да ги [[преминување на Андите|преминат]] [[Анди|Андите]], да дојдат во [[Чиле]], потоа во [[Перу]] преку море, а сето тоа додека Гуемес ги бранел северните краишта. Овој план би го одвел него во Перу без да ги преминува непогодните предели на [[Горно Перу]], каде две кампањи веќе биле поразени. За да се реазлира овој план, тој побарал да биде на чело на гувернаријата на [[Кујо (покраина)|покраината Кујо]], што и се случило. Тој станал гувернер на Кујо на 6 септември.{{sfn|Galasso|2000|pp=123–130}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II|pp=1–3}}
 
==== Гувернер на Кујо ====
[[Податотека:Ejercito de los Andes.jpg|thumb|200п|Хозе де Сан Мартин на коњ, покрај својата придружба, ја проверува Армијата на Андите.]]
Апсолутичката обнова на Шпанија и растечкото влијание на Артигас создале политичка криза во Буенос Аирес и со тоа Посадас бил приморан да даде отставка. Новиот Врховен директор бил Алвеар, но и тој морал да даде отказ после три месеци. Планот на Сан Мартин бил дополнително искомпликуван со ужасот од Ранкагва, монархистичка победа која го вратила апсолутизмот во Чиле и со тоа се ставил крајот на периодот именуван „[[Патрија Вјеха]]“ (''Patria Vieja'') или „Стара Татковина“. Првично, Сан Мартин предложил армија со стандардна големина, за да прати засилување во [[Чиле]], но сепак се предомислил и направил поголема армија сè со цел да се ослободи државата.{{sfn|Galasso|2000|p=131}} Чилеанците [[Бернардо О'Хигинс]], [[Хозе Мигел Карера]], [[Луис Карера]] и [[Мануел Родригез Ердоиза]], лидерите на отпорот, побарале прибежиште во Кујо, заедно со нивните армии. О'Хигинс и Родригез биле примени, но браќата Карера имале намера да дејствуваат како [[влада во егзил]]. Тие ги игнорирале локалните закони на Кујо и нивните војници извршиле дејствија на вандализам. Сан Мартин ги заробил и ги испратил во Буенос Аирес. Тие предложиле план за ослободување на Чиле, различен од тој на Сан Мартин, кој пак го одбил со мислење дека не е практичен. Ова предизвикало ривалство помеѓу браќата Карера и Сан Мартин.{{sfn|Galasso|2000|p=212}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 7}}
 
Сан Мартин веднаш започнал со организација на [[Армија на Андите|Армијата на Андите]]. Тој ги мобилизирал сите граѓани кои биле способни за носење и ракување на оружје и сите робови на возраст од 16 до 30. Исто така, тој побарал помош од Буенос Аирес и ја реорганизирал економијата во состојба на производство за војвавојна. Четири месеци откако стапил на функција повторно отишол на рехабилитација поради кревкото здравје, а како негова замена бил назначен [[Грегорио Пердриел]]. {{sfn|Galasso|2000|pp=133–136}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. I|p=526}}
 
Владата на Сан Мартин ги употребила некои од идеите на [[операционен план на Маријано Морено|операциониот план на Маријано Морено]] на почетокот на војната. Комбинацијата на стимулации, конфискации и планирана економија ѝ овозможила на државата да ја снабдува армијата со артилерија, барут, мулиња и коњи, храна, облека и слично. Истовремено се зајакнало и рударството, со зголемен ископ на [[бакар]], [[сулфур]] и [[боракс]]. Жените биле ангажирани во ткаењето на облека за војниците. [[Хозе Луис Белтран]] управувал со воена фабрика од 700 луѓе, која произведувала пушки и потковици. Сан Мартин бил во добри односи и со владата во Буенос Аирес и со каудилјосите, без да стапи во целосно сојузништво со ниту една страна. Така, тој можел да прима помош од двете страни. Според идеологијата на Сан Мартин, војната за независност била поважна од [[граѓанска војна во Аргентина|граѓанската војна во Аргентина]].{{sfn|Galasso|2000|pp=143–156}}<ref>John Lynch, ''The Spanish American Revolutions 1808–1826'' (2nd ed. 1986)</ref>
[[Податотека:Casa_de_Tucumán.jpg|thumb|right|200px|Зградата каде се одржал Конгресот од Тукуман. Денес оваа зграда е реставрирана и истата е музеј.]]
 
Армијата не била спремна до летото 1815 година, па така [[преминувањето на Андите|преминувањето]] на Андите било одложено. Имајќи ги предвид лошите услови на планините, преминувањето можело да се реализира само во летниот период, кога имало помалку снег. Откако Алвеар стапил на функција, помош од Буенос Аирес веќе не пристигнала. Сан Мартин предложил да даде отказ на позицијата и да служи под раководство на Балкарке, ако тие ја поддржат кампањата. Сан Мартин и Гуидо напишале извештај во есента 1816 година, со што му ги напишале деталите на операциониот план на Врховниот директор [[Антонио Гонзалез де Балкарке]].{{sfn|Galasso|2000|pp=157–163}}
 
Сан Мартин предложил државата ([[Обединети Покраини на Рио де ла Плата]]) прво и веднаш да прогласи целосна независност, а потоа да се реализира [[преминувањето на Андите]]. На тој начин, тие би дејствувале како независна нација, а не како некој локален бунт.{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. I|pp=548–549}} Тој имал големо влијание врз [[конгрес во Тукуман|конгресот во Тукуман]], конгрес на кој присуствувале претставници од сите покраини и истиот бил основан во март 1816 година. Тој се противел на назначувањето на [[Хозе Молдес]], војник од [[Салта (покраина)|Салта]] кој бил против политиката на Буенос Аирес, и се плашел дека Молдес ќе го уништи националното единство. Исто така се противел на предлозите да го назначат Сан Мартин како [[Врховен директор]]. Сан Мартин го подржал неговиот пријател и член на ложата [[Хуан Мартин де Пуејредон]]. Пуејредон продолжил со воената помош на Кујо. Тукуманскиот конгрес ја прогласил аргентинската независност на 9 јули 1816 година, под тогашното име Обединети Покраини на Рио де ла Плата.{{sfn|Galasso|2000|pp=165–178}} Исто така на конгресот се разговарало за политичкиот систем на новата држава. Генералот Мануел Белграно, кој остварил дипломатски односи со Европа, ги информирал делегатите и државниците дека европските држави побрзо ќе ја прифатат независноста на Аргентина ако истата е монархија. За таа цел, Белграно се појавил со [[Планот според Инките|Планот според Инка]], односно да се круниса благородно лице од [[Империјата на Инките]] како крал (кралското семејство на [[Сапа Инка]] владееле до 16 век, односно до моментот кога Империјата на Инките се распаднала).{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. I|pp=549–550}} Сан Мартин го подржал овој план, како и Гуемес и некои други делегати, но не и тие од Буенос Аирес, кои го поткопале проектот и не овозможиле истиот да заживее.{{sfn|Galasso|2000|p=179–189}}
 
Во потреба од уште повеќе војници, Сан Мартин ја проширил еманципацијата на робовите на возраст од 14 до 55, и дозволил истите да бидат промовирани во повисоки воени рангови. Слична мерка предложил и за национално ниво, но на тоа се противел Пуејредон. Тој исто така вклучил и Чилеанци кои избегале од Чиле за време на ужасот од Ранкагва и ги организирал во целосни единици, секој составен од пешадија, коњаница, артилерија. Кон крајот на 1816 година, Армијата на Андите имала 5000 мажи, 10000 мулиња и 1500 коњи. Сан Мартин организирал воено разузнавање, пропаганда и дезинформации за да ги збуни монархистичките армии.{{sfn|Galasso|2000|pp=191–202}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II|pp=9–10}}
Ред 137:
Иако со Конгресот од Тукуман [[знаме на Аргентина|знамето на Аргентина]] веќе се утврдило, сепак [[Армијата на Андите]] не го користела истото. Тие избрале банер со две колони, светлосина и бела, а во средината имало грб кој бил сличен на [[грб на Аргентина|грбот на Аргентина]]. Ова бил намерен потег бидејќи армијата не била само аргентинска, туку регионална.{{sfn|Galasso|2000|pp=203–206}}
 
Спротивно на општото мнение, преминувањето на [[Анди|Андите]] не била првата воена експедиција што ги преминала планините. За разлика од минатите воени експедиции, оваа експедиција имала значајно поголема армија и овој пат армијата требатребала да биде спремна за борба само што ќе се спуштеле од планините. Армијата била поделена на шест краци, секој крак одел по одредена рута.
 
Полковник [[Франсиско Зелада во Ла Риоха]] одел кон [[Копијапо]] преку преминот [[Коме-Кабалјос]]. [[Хуан Мануел Кабот]] одел од [[Сан Хуан (покраина во Аргентина)|Сан Хуан]] до [[Кокимбо]]. [[Рамон Фреире]] и [[Хозе Леон Лемос]] предводеле два крака кон југ. Армиите кренале од [[Мендоса (покраина)|Мендоза]]. Сан Мартин, О'Хигинс и Солер предводеле краци преку преимот [[Лос Патос]], а [[Хуан Грегорио де лас Херас]] преку преминот [[Успалјата]].{{sfn|Galasso|2000|pp=206–208}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II|pp=12–13}}
 
Целата операција се одвивала скоро еден месец. Армијата имала сушена храна за војниците, а за стоката имале фуражни култури, поради непријатните околности. Тие, исто така, конзумирале лук и кромид за да спречат [[висинска болест]].{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 13}} Само 4,300 мулиња и 511 коњи преживеале, нешто помалку од половина од првичната бројка.{{sfn|Galasso|2000|pp=209–210}}
 
[[Мануел Родригез Ердоиза]] се вратил во Чиле пред да се одвива преминувањето и започнал герилска војна во [[СантијагоСантјаго]] против монархистите. Тој го извел тоа како поддршка за армијата што доаѓала. Неговата стратегија била да ги окупира околните села, да го заплени оружјето и спречи бегството на монархистите.{{sfn|Galasso|2000|pp=214–217}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 10}}
 
=== Чиле ===
Ред 153:
Битката започнала на 12 февруари. Сан Мартин организирал раздвоен напад, каде Солер предводел група војници на западната страна, а О'Хигинс на источната. О'Хигингс, кој бил желен за победа, избрзал со нападот и не се координирал со Солер. Тој потег им дал на монархистите мала предност. Во меѓувреме, Сан Мартин му наредил на Солер да нападне исто така. Комбинираниот напад бил успешен и групата на Сан Мартин забележала победа во битката. Битката завршила со 600 мртви монархисти и 500 заробени лица, а само 12 мртви и 120 повредени на страната на Армијата на Андите.{{sfn|Galasso|2000|pp=220–221}}{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|pp=85–92}}
 
Армијата триумфално влегла во [[СантијагоСантјаго]] следниот ден.{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|p=92}} Гувернерот [[Франсиско Марко дел Понт]] се обидел да избега во [[Валпараисо]] и со намера да отплови кон Перу, но тој бил заробен на 22 февруари и вратен бил во СантијагоСантјаго.{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|pp=91–92}} Уште неколку други службеници биле исто така заробени и испратени во затвор во Сан Луис во Аргентина.{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 18}} Сан Мартин го пратил Марко дел Понт во затвор во [[Мендоза (Аргентина)|Мендоза]].{{sfn|Galasso|2000|p=221–222}}
 
==== „Патрија Нуева“ ====
[[Податотека:Ohiggins.jpg|thumb|200п|right|Бернардо О'Хигинс, најголем поддржувач и соработник на Сан Мартин во Чиле.]]
Три претсавници од Кокимбо, СантијагоСантјаго и Консепсион организирале нова влада и го предложиле Сан Мартин како [[Врховен директор на Чиле]], со што би почнал новиот период на „нова татковина“ или „[[Патриjа Нуева]]“ (''Patria Nueva''). Тој ја одбил оваа понуда и го предложил О'Хигинс како негова замена. Тој сметал дека позицијата Врховен директор треба да ја има некој од Чиле. Наместо да ја извршува таа позиција, Сан Мартин ја организирал морнарицата за да биде спремна за битките во [[Перу]].{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 19}} Тој основал месен оддел на [[Ложа Лаутаро|Ложата Лаутаро]], именувана по мапучеанскиот лидер [[Лаутаро]].{{sfn|Galasso|2000|p=224}}
 
Победата во Чакабуко не го ослободилоослободила Чиле целосно. Монархистичките сили сè уште давале отпор во јужно Чиле, кои пак биле во сојузништво со староседелците, Мапучејанците. Лас Херас го окупирал Консепсион за време на битката на Кирапалихуе,{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|pp=92–93}} но не успеал да го заземе Талкахуано.{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|pp=98–101}} Отпорт на монархистите траел неколку месеци,{{sfn|Galasso|2000|pp=224–226}} и Талкахуано бил заземен кога повеќето од континетот веќе бил ослободен од колонијалната власт.{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|p=101}}
 
Сан Мартин го оставил О'ХигингсХигинс како главен на новата [[Армија на Чиле|чилеанска армија]] и се вратил во Буенос Аирес за да побара ресурси за кампањата во Перу. Во тој период тој не наишол на добар прием. Пејредон сметал дека Чиле треба да изврши компензација на Буенос Аирес за парите кои биле инвестирани во ослободувањето на Чиле, а како причина се навела и опасноста од [[Втора португалско-бразилска инвазија на Источниот Брег|португалско-бразилската инвазија на Источниот Брег]]. Поради неможноста финансиски да поддржува, Буенос Аирес го испратил правникот Мануел Агире во [[Соединети Американски Држави|САД]] за да побара помош и да апелира за признавање на независноста на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата (односно, Аргентина). Сепак, оваа мисија била неуспешна бидејќи САД во тој момент решиле да бидат неутрални поради нивните тогашни актуелни преговори со Шпанија за [[Адамс-Онисов договор|купување на Флорида]]. Чилеанецот Хозе Мигел Карера сам нашол бродови по ужасот во Ранкагва, со кои имал намера да го ослободи Чиле, но поради тоа што Сан Мартин веќе го направил истото, тој не се согласил неговата флота да ја стави под команда на [[Армијата на Андите]]. Карера бил непријател на О'Хигинс и барал да управува со Чиле, но Пуејредон го затворил него и му ги конфискувал бродовите.{{sfn|Galasso|2000|pp=227–234}}
 
Во меѓувреме, Сан Мартин побарал помош од британскиот адмирал [[Вилијам Боуелс (адмирал)|Вилијам Боуелс]]. Тој му испратил писмо од Чиле и очекувал да се сретне со него во Буенос Аирес, но Боуелс слегол во [[Рио де Жанеиро]], наместо во Буенос Аирес. Боуелс сметал дека Сан Мартин бил човек на кого повеќе може да му се верува за разлика од Алвеар и го ценел неговиот монархизам. Сан Мартин не се стекнал со бродовите и комуникацијата со Боуелс била прекината неколку месеци. Тој се вратил во Чиле, а неговата сопруга и ќерка останале во Буенос Аирес поради здравствени проблеми. Поради неможноста да добие помош ниту од Буенос Аирес ниту од странство, се ангажирал за финансирање на морнарицата од Чиле.{{sfn|Galasso|2000|pp=235–246}}
 
==== Битката на Канча Рајада ====
[[Податотека:JuraIndependencia.jpg|thumb|200п|right|Чилеанците ја објавуваат независноста. 18 февруари 1818 година е денот кога Чиле се оддвоил од Шпанската Империја.]]
 
Неуспехот при ослободувањето на [[Талкахуано]] бил проследен со морнаричко засилување од север. [[Вицекралство Перу|Вицекралството Перу]] го испратило [[Маријано Осорио]] во обид да го освои Чиле. Монархистите при таквата ситуација би напредувале конпнено кон северно Чиле. Сан Мартин мислем дека не можно да се одбрани [[Консепсион (Чиле)|Консепсион]], па така му наредил на О'Хигинс да го напушти градот. 50.000 Чилеанци тргнале северно заедно со стоката и храната, а сè друго запалиле, сè со цел да не остават ништо за монархистите кога ќе влезат во градот. Како и за време на [[Конгрес во Тукуман|Тукуманскиот Конгрес]], така и сега Сан Мартин побрзал да ја објави независноста на Чиле, да ја легитимизира владата и воените дејствија. [[Чилеанска декларација на независноста|Чилеанската декларација на независноста]] се случила на [[18 февруари]] [[1818]] година, една година по [[битката на Чакабуко]].{{sfn|Galasso|2000|p=247}}{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|p=102}}
 
Сан Мартин, Лас Херас и Балкарке се сретнале во Курико, а монархистите во Талка, на висорамнината наречена „Канча Рајада“. Патриотите имале бројчена предност, односно 7000 напспротинаспроти 4600. Поради тоа Осорио се обидел да избегне отворена битка, и наместо тоа сакал да примени притајна операција. Еден шпион го информирал Сан Мартин дека Осорио не направи ненадеен напад ноќе, но иако бил информиран сепак војската не можела веднаш да се припреми. 1000Илјада војници избегале, 120 умреле, меѓу кои и помошникот на Сан Мартин. О'Хигинс се обидел да се спротистави со неговата единица, но се повлекол кога бил погоден во раката. Лас Херас успеал се повлече со неговата единица и со тоа спасил 3500 војници. Патриотите избегале во СантијагоСантјаго.{{sfn|Galasso|2000|pp=247–248}}{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|pp=102–107}}
 
И покрај поразот, војниците биле пречекани како херои во [[Сантијаго]]Сантјаго. Благодарејќи на Лас Херас, потенцијалната катастрофа за патриотите се претворила во мало повлекување.{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|p=107}} Армијата била повторно реорганизирана, но поради умрените и повредените војници бројката се намалила на 5000 војници, што било приближно со бројката на монархистите. Тие се позиционирале во близина на [[Махпо|реката Махпо]], во близина на [[Сантијаго]]Сантјаго.{{sfn|Galasso|2000|p=248}}
 
==== Битката на Маипу ====
[[Податотека:Abrazo de Maipú Pedro Subercaseaux.jpg|thumb|alt=Portrait of the battle of Maipu|Прегратката од Маипу - симбол на победата во битката за независност.]]
Сан Мартин, според дотогашниот контакт, направил првичен увид на монархистичката армија, и забележал дека истата има неколку пропусти од организациски аспект. Така, тој бил посамоуверен во победа над монархистите и тврдел дека Осорио бил потрапав одошто мислел и дека победата е нивна.{{sfn|Galasso|2000|p=250}} Битката започнала во 11 часот. Патриотската артилерија на десно пукала кон монархистичката пешадија на лево. [[Мануел Ескалада]] предводел коњанички гренадиери за да ги заробат монархистичките артилеријци, со цел да ги пренасочат кон нивните претпосавени. Полкот на Бургос сериозно го нарушил левото крило на патриотите, воглавно составено од поранешни робови, удар во кој умреле околу 400 борци. Сан Мартин наредил коњаничките гренадиери предводени од [[Хиларион де ла Кинтана]] да го нападне полкот. Битката наеднаш прекинала и монархистите заапочналезапочнале да се борат со мечеви извикувајќи „Да живее [[Фернандо VII|кралот]]“ и „Да живее [[Шпанска Империја|татковината]]“. По некое време монархистите се разбегале.{{sfn|Galasso|2000|pp=250–251}}{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|pp=108–115}}
 
Кога полкот на Бургос сфатил дека нивната линија е пробиена, тие прекинале со отпор и борците започнале да се разбегуваат. Коњаницата гонела и ги убила повеќето од нив. На крајот на битката, монархистите биле заседнати од единиците на Лас Херас на запад, Алварадо во средина, Кинтана на исток и коњаницата на Запиола и Фреире. Осорио се обидел да се повлече кон хасиендата „Ло Еспохо“, но не можел да ја достигне, па така избегал кон Талкахуано. Ордоњез и неговите луѓе ја имале последната битка кај хасиендата и умреле 500 монархисти.{{sfn|Galasso|2000|p=251}}{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|pp=115–118}}
Ред 182:
Битката завршила попладнето. О'Хигинс, кој сè уште бил повреден во раката, пристигнал кон крајот на битката на Маипи. Кога завршила битката тој извикал „Слава му на спасителот на Чиле!“, мислејќи на Сан Мартин. Како знак на триумф тие се прегрнале седејќи на коњите, и таа сцена денес е позната меѓу историчарите како „прегратката од Маипу“.{{sfn|Galasso|2000|p=251}}
 
Битката на Маипу ја обезбедила чилеанската независност.{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|pp=118–119}} Освен Осорио и неговите 200 луѓе кои побегнале, сите други монархистички воени лица биле уапсени. Успехот бил поздравен од тогашната патриотска елита, меѓу кои и самиот [[Боливар]]. {{sfn|Galasso|2000|pp=251–254}}
 
==== Тихоокеанска флота ====
[[Податотека:San Martín en Buenos Aires.jpg|thumb|200px|right|Сан Мартин за време на конгресот во Буенос Аирес.]]
 
Сан Мартин испратил повторно барање до Боуелс за испорака на бродови, но не добил одговор. Повторно заминал за Буенос Аирес, за да достави слично барање. Тој пристигнал во Мендоза неколку дена по егзекуцијата на [[Чилеанци|Чилеанците]] [[Луис Карера]] и [[Хуан Хозе Карера]], браќа на [[Хозе Мигел Карера]].{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 32}} Точната иницијатива за тие егзекуции е контроверзна. Чилеанскиот историчар [[Викуња Макена]] го посочува Сан Мартин, додека пак Х. К. Рафо де ла Рета го обвинува О'Хигинс. [[Мануел Родригез]] исто така бил заробен, а подоцна и убиен. За таа смрт можеби дала наредба самата ложа Лаутаро. Сан Мартин нема учество во тоа бидејќи бил на пат за Буенос Аирес.{{sfn|Galasso|2000|pp=265–267}}
 
Сан Мартин не бил добро пречекан во Буенос Аирес. Пуејредон првично одбил да му даде помош, повикувајќи се на конфликтите со федералните кауилјоси и организацијата на огромната монархистичка армија во [[Кадиз]] која би се обидела повторно да ја освои долината [[Рио де ла Плата]]. Тој сметал дека Чиле треба да ја организира морнарицата против Перу, не Буенос Аирес. Сан Мартин разговарал со него и конечно добил 500.000 пезоси. Се вратил во Мендоза со неговата сопруга и ќерка и примил писмо од Пуејредон кој рекол дека Буенос Аирес може да достави само една третина од ветеното. Ова го искмоплицирал проектот, бидејќи ниту Мендоза ниту СантијагоСантјаго немале доволно средства. Сан Мартин дал отказ од армијата, но денес не се знае дали отказот е искрен или намерен тактички потег за да се даде притисок врз поддржувачите. Како и да е, Буенос Аирес сè уште го сметал Сан Мартин клучен за националната одбрана, и поради тоа му биле исплатени помош од 500.000 пезоси и го убедувале Сан Мартин да го повлече отказот.{{sfn|Galasso|2000|pp=269–277}}
 
Сан Мартин предложил да биде медијатор помеѓу Буенос Аирес и „[[Лига федерал]]“ (''Liga Federal'', воглавно [[уругвај|уругвајски]] активисти) предводена од Артигас. Тој сметал дека граѓанската војна е контрапродуктивна за националното единство и крајот на насилството ќе овозможи слободни ресурси кои биле потребни за морнарицата. Тој сметал дека Артигас може да го стави мирот под услов, а условот би бил заедничка објава на војна на [[Бразил]] (Уругвај се бореле и против бразилската империјалистичка окупација). Така, Сан Мартин предложил прво да се поразат монархистичките сили во Рио де ла Плата, а потоа да се насочат кон ослободување на [[Банда Ориентал]] (тогашно име на Уругвај) од бразилска контрола. За ова О'Хигинс сметал дека е ризичен потег во кој Сан Мартин можел да биде фатен. Пуејредон го одбил медијаторството бидејќи не го сметал Артегас на рамниште со него.{{sfn|Galasso|2000|pp=279–286}}
 
==== Ранкагвански акт ====
[[Податотека:Revista de Rancagua Blanes.JPG|thumb|right|200px|Армијата на Андите парадира во Ранкагва.]]
 
Иако Артигас бил поразен од лузо-бразилската војска, неговите сојузници [[Естанислао Лопез]] и [[Франсиско Рамирез]] продолжиле со насилства против Буенос Аирес поради неговата неактивност во борбата против инвазијата на [[Банда Ориентал]]. Пуејредон ги повикал [[Армијата на Андите]] и [[Армијата од Северот]] (предводена од Белграно) да му помогнат на Буенос Аирес. Гидо му напоменал на Сан Мартин дека ако двете армии го направеле тоа, северна Аргентина и Чиле би биле лесно повторно окупирани од монархијата. Сан Мартин исто така знаел дека повеќето од војниците од Армијата на Андите не сакале да му помогнат на Буенос Аирес во граѓанската војна, бидејќи повеќето биле од други покраини или од Чиле. Сан Мартин имал сомнежи и за претпоставеното пристигнување на голема воена експедиција од Шпанија, бидејќи идејата за апсолутна обнова на Империјата имала противници и во самата Шпанија. Сан Мартин на крај ја зачувал армијата во Чиле, во моментот кога поручникот на Белграно, Вијмонте, склучил примирје со Лопез и со тоа тој мислел дека конфликтот е завршен.{{sfn|Galasso|2000|pp=287–293}}
 
Како и да е, министерот за војна [[Матијас де Иригојен]] уште еднаш наредил Армијата од Андите да се врати и го назначил [[Франсиско Фернандез де ла Круз]] како водич, заменувајќи го Сан Мартин. Тогаш Сан Мартин пак дал отказ и дал до знаење дека армијата нема да биде во можност да ги премине Андите од Чиле во Буенос Аирес бидејќи патот бил блокиран од снег. Сите водичи на воените единици на Армијата на Андите одбиле да одат во Буенос Аирес. Врховниот директор ја повлекол наредбата поради одбивањето на воените водичи и отказот на Сан Мартин, па така Армијата останала во Чиле. Наскоро на Пуејредон му завршил мандатот како Врховен директор и бил заменет од [[Хозе Рондо]].{{sfn|Galasso|2000|pp=293–299}}
 
Морнарицата била конечно оформена во Чиле и на челото на морнарицата бил назначен [[Томас Кокрејн]]. Сепак, морнарицата не била испратена веднаш во Перу поради гласините дека можно е да има напад врз Чиле и Аргентина од Шпанија, и во таков случај морнарицата би била испратена во Буенос Аирес. Граѓанската војна продолжила и Сан Мартин уште еднаш се обидел да биде медијатор, но без ефекти. Безуспешно Рондо повтроно побарал да се врати во Буенос Аирес Армијата на Андите.{{sfn|Galasso|2000|pp=301–308}} Сан Мартин се вратил во Чиле и се подготвувал за учество во воените морнарички дејствија против Перу (кое сè уште било упориште на Империјата) и со тоа го игнорирал Буенос Аирес. Истото го направила и Армијата од Северот.{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 52}} Без засилување, Рондо бил поразен од страна на федералистите во битката на Кепеда во 1820 година. [[Конгрес од Тукуман|Конгресот од Тукуман]] и позицијата [[Врховен директор на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата]] биле распуштени и Обединетите покраини станале конфедерација од 13 покраини без централна сојузна држава. Овој период е познат како ''[[Анархијата од 20 година|Анархијата од 20-та година]]''.{{sfn|Galasso|2000|pp=309–320}} Буната на шпанскиот генерал [[Рафаел дел Риего]] и појавата на жолтата треска во Кадиз ставиле крај на опасноста за шпанското повторно освојување на басенот на [[Рио де ла Плата]].{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 44}} Со Ранкагванскот акт Сан Мартин се стекнал со целосна автономија врз Армијата на Андите бидејќи со новата политичка ситуација во Буенос Аирес немало национален авторитет врз армијата.{{sfn|Galasso|2000|pp=321–327}}
 
=== Перу ===
[[Податотека:Desembarco en Pisco.jpg|thumb|200п|Чилеанските трупи се растовараат на перуанскиот брег.]]
 
Перу, кое било тогаш упориште на Монархијата, имало вооружени сили скоро четири пати поголеми во однос на силите на Сан Мартин. Перу располагал со 6244 војници во [[Лима]], 8000 војници во северните покраини, 1263 војници на перуанскиот брег, 1380 војници во [[Арекипа]] и 6000 војници во [[Горно Перу]], сè вкупно скоро 23000 војници. Армијата на Андите имала 4000 војници, а морнарицата на Кокрејн имала 1600. Со таков сооднос на воените сили, Сан Мартин избегнувал битки. Наместо отворени битки, тој се обидел да ги подели непријателските сили на неколку локации, како што направил за време на поминувањето на Андите, засилен со [[Армијата од Северот]] која би пристигнала од југот и армијата на [[Симон Боливар]] од север. Тој, исто така, се обидел да промовира бунтови и негодувања во рамките на империјалната војска. Тој, исто така, ветил еманципација на робовите кои ќе ги напуштат перуанските господари и ќе им се приклучат на војската на Сан Мартин. Во меѓувреме се случила [[Либерална тригодишница|Либералната тригодишница]] (''Trienio Liberal''), либерален бунт во Шпанија кој дал отпор на [[шпански устав од 1812|шпанскиот устав од 1812]] година и тој настан уште повеќе ги поткопал позициите на Империјата во Јужна Америка, особено лојалноста на монархистичките војници.{{sfn|Galasso|2000|pp=334–336}}
 
Морнарицата запловила од Чиле на 20-ти август 1820 година. Таа била составена од осум воени бродови, единаесет топовници, 246 топови и екипаж од 1600 Чилеанци. Исто така, имало 12 фрегати и бригадир од 4000 војници на Армијата на Андите. Сан Мартин бил водич на воената експедиција. Тие се растовариле во [[Паракас (залив)|заливот Паракас]], 200 км јужно од Лима на 7 септември и го окупирале околниот град [[Писко (Перу)|Писко]], кој бил напуштен од монархистите.{{sfn|Galasso|2000|p=337}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 50}}
 
==== Перуански воени дејствија ====
[[Податотека:El Batallón Numancia recibe la Bandera del Ejército Libertador.jpg|thumb|200px|right|Баталјонот на Нумансија, поранешна монархистичка единица, се приклучува кон армијата на Сан Мартин.]]
 
Перуанскиот вицекрал [[Хоакин де ла Пезуела]] добил наредби од [[Мадрид]] да преговара со патриотите. Под примирје противниците славеле за време на средбата во [[Мирафлорес (Лима)|Мирафлорес]] во [[Лима]]. Претсавниците на вицекралот предложиле да го усвојат либералниот шпански устав ако Сан Мартин ја напуштел државата, но неговите претставници барале Шпанија да даде целосна независност на Перу. Преговорите немале исход.{{sfn|Galasso|2000|p=338}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II|pp=49–53}}
 
Сан Мартин ја изолирал Лима од околните региони и го испратил [[Хуан Антонио Алварез де Ареналес]] да промовира бунови помеѓу староседелското население. Армијата на Андите се преместила северно од Лима, на крајбрежјето. Сан Мартин и Ареналес го опколиле градот од две страни, а Кокрејн го нападнал пристаништето Ел Калјао. Кокрејн го заробил бродот „Есмералда“ и кралскиот полк Нумансија. Скоро 700 војници на [[Вицекралство Нова Гренада|Вицекралството Нова Гренада]] дезертирале и им се приклучиле на патриотите. Неколку народи во северно Перу го поддржале Сан Мартин, а Ареналес ги поразил монархистите за време на [[битката на Паско]]. Повеќе од 300 монархисти им се приклучиле на патриотите, вклучително и [[Андрес де Санта Круз]].{{sfn|Galasso|2000|pp=339–340}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II|pp=53–55}}
 
Како и да е, плановите не функционирале како што било планирано. Староседелското население кое му се приклучило на Ареналес не можело да се спротивстави на мархистичкиот контранапад,{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 55}} и робовите не се приклучиле на армијата во очекуваната бројка. Аргентинските покраини не можеле да му испаратаиспратат помош на Сан Мартин и Армијата од Северот повеќе не постоела. Како резултат на тоа, тој му пишал на [[Симон Боливар]], во обид да ги координира дејствата со него.{{sfn|Galasso|2000|p=341}}
 
Пезуела бил сменет со воено-либерален удар и [[Хозе де ла Серна е Инохоса]] станал нов вицекрал. Де ла Серна го повикал Сан Мартин за да преговара крај на насилството. Резултатот бил ист како и со Пезуела: Де ла Серна предложил да го воведе уставот на империјата од 1812 (каде Перу е дел од Шпанија), а Сан Мартин побарал независност на Перу (како независна држава). Одбивањето на шпанскиот устав било мотивирано од непропорционало претставување на Америка во Уставното собрание кое го составило уставот. Двете армии се согласите на привремено примирје. Сан Мартин предложил да се основа уставна монархија со европски монарх. Овој предлог бил одбиен со образложение дека [[Фернандо VII]] не би го прифатил овој предлог.{{sfn|Galasso|2000|pp=342–347}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II|pp=58–59}}
 
==== Заштитник на Перу ====
[[Податотека:La Independencia del Perú.jpg|thumb|200п|right|Прогласувањето на независноста на Перу. На 28 јули 1821 година во Лима Сан Мартин и останатите челници ја објавиле независноста на Перуанците.]]
 
Бидејќи немирите се обновиле, Сан Мартин организирал неколку герилски групи во државата, држел опсада на Лима, но не инсистирал да влезе во градот бидејќи не сакал локалното население да го смета за освојувач. Сепак, Де ла Серна наеднаш го напуштил градот со неговата армија од непознати причини. Сан Мартин набрзо свикал „[[отворено кабилдо]]“ (отворен совет) за да се разговара за независноста на државата, за што веќе било договорено. Со овој предлог, со авторитетот во [[Лима]], со поддршкаТаподдршката од северните покраини и опсадата на пристаништето [[Ел Калјао]], Сан Мартин ја објавил [[Објавување на независност на Перу|независноста на Перу]] на 28 јули 1821 година. Иако независноста била објавена, војната сè уште не завршила.{{sfn|Galasso|2000|pp=349–353}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II|pp=59–63}}
 
За разлика од Чиле, во Перу немало месни политичари од рангот на О'Хигинс, па така Сан Мартин станал шеф на владата, иако не ја сакал таа функција. Тој бил назначен како „[[Заштитник на Перу]]“, денес функција позната како [[претседател на Перу]]. Бидејќи перуанското општество било многу конзервативно, Сан Мартин веднаш не ги реализирал либералните идеи. Провизорните статути содржеле мал број промени и ратификувале неколку веќе постоечки закони.{{sfn|Galasso|2000|pp=353–358}} Сите видови ропства кои ги трпеле староседелците биле укинати и истите се стекнале со државјанство. Сепак тој не го укинал ропството целосно. Во Перу имало 40000 сопственици на робови, и Сан Мартин вовел закон со кој се еманципирале децата на робовите и робовите чии сопственици ја напуштиле Лима. Исто така тој ја укинал инквизацијата и вовел слобода на говор.{{sfn|Galasso|2000|pp=359–368}} За време на неговиот престој во Перу, Сан Мартин имал романса со [[Роза Кампузано]], жена од [[Гвајакил]].{{sfn|Galasso|2000|pp=381–383}}
 
Кралските армии кои останале на перуанско тло се упатиле кон Лима, предводени од Кантерак. При средбата на непријателските армии ниту една страна не започнала напад. Кантерак тогаш го променил правецот кон Ел Калјао, се снабдил со ресурси и се вратил во неговата база. Повторно немало битка кога се враќале. Без ресурси, Ел Калјао се предал неколку дена подоцна.{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II|pp=64–66}} Двете страни презеле чудни мерки: Сан Мартин му дозволил на Кантерак засилување, а Кантерак оставил клучно воено место, неспособно да се одбрани. До денес нема јасни пишани докази за ваквата збунувачка и нерационална ситуација и настани.{{sfn|Galasso|2000|pp=369–371}}
 
Конкрејн имал неколку спорови со Сан Мартин.{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 67}} Тој разговорал со него за неколку негови дејства и пробувал да ги компромизира. За време на блокадата на Ел Калјао, тој предложил О'Хигинс да ја преземпреземе контролата на мисијата. Бидејќи Сан Мартин бил назначен за Заштитник на Перу, Кокрејн сметал дека тој не е веќе под чилеанска контрола и ја одзел морнарицата. Во наредните години Кокрејн објавил неколку обвинувања против Сан Мартин во Чиле.{{sfn|Galasso|2000|pp=372–383}}
 
Боливар ја презел контролата во Каракас со неговата победа во [[битката на Карабобо]]. Конгресор во Кукута усвоил слични закони како тие во Перу. Во меѓувреме и [[Еквадор]] во [[Гвајакил]] објавил независност и Боливар го испратил [[Антонио Хозе де Сукре]] да им помогне. Силите на Сукре не биле доволни и побарал помош од Сан Мартин. Перу испратил трупа од 1300 луѓе во Еквадор. Боливар влегол во градот еден месец подоцна и сметал дека поради историски причини [[Кито]] треба да биде главен град на [[Колумбија]].{{sfn|Galasso|2000|p=383–385}}
 
Сан Мартин и Боливар барале да се генерира латиноамериканска интеграција, но не се согласиле за видот на владата: Боливар сакал републиканско државно уредување, а Сан Мартин уставна монархија бидејќи сметал дека со монархијата побрзо ќе се признаеле државите на меѓународен план.{{sfn|Galasso|2000|pp=387–395}} [[Перу]] и [[Гран Колумбија|Колумбија]] потпишале договор за интеграција, кој требало да се предложи и на [[Чиле]], [[Обединети Покраини на Рио де ла Плата|Обединетите Покраини на Рио де ла Плата]] и [[Парагвај]], а подоцна и на [[Обединети Покраини на Централна Америка|Обединетите Покраини на Централна Америка]] и [[Империја Бразил|Империјата Бразил]].{{sfn|Galasso|2000|pp=397–406}}
Ред 238:
[[Податотека:Entrevista de Guayaquil.jpg|thumb|right|200p|Средба помеѓу Боливар и Сан Мартин. Средбата била во затворени простории, но на сликата е прикажана надвор.]]
 
Сан Мартин мислел дека ако ги здружи силите со Боливар ќе биде во можност да ги порази и остатоците од кралските сили во Перу. Двајцата ослободувачи би се сретнале во Кито, па така Сан Мартин го назначил [[Торе Тагле]] да управува со владата во Лима додека бил отсутен. Боливар не бил во можност да се сретне со Сан Мартин на договорениот датум, па така Сан Мартин се вратил во Лима но и покрај тоа го оставил Тагле на чело на владата. Боливар се преместил од Кито во [[Гвајакил]], кога се обезбедила [[Објавување на независноста на Еквадор|независноста]]. Имало разговори за иднината на регионот: некои делови од Еквадор и поширокиот регион сакале да се спојат со Колумбија, други сакале да се спојат со Перу, а трети пак да се создаде нова нација. Боливар ги завршил разговорите со тоа што го анектирал Гвајакил во Колумбија. Слични притисоци постоеле истото да го направи Сан Мартин, со тоа што Гвајакил (и делови од Еквадор) би се припоиле со Перу.{{sfn|Galasso|2000|pp=407–409}}
 
[[Средбата во Гвајакил]] се одржала на 26 јули 1822 година. Тие имале две приватни средби, тој ден и следниот. Бидејќи немало стенографски белешки и сведоци, содржината на средбите не е позната ниту за темата на разговорите. Сепак, според комуникацијата на учесниците со трети лица преку писма може да се претпоставува дека тие зборувале за заедничко делување, можност за создавање заедничка армија, каде командир би бил Боливар, а заменик Сан Мартин.{{sfn|Galasso|2000|pp=407–421}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II|pp=73–74}}
 
Министерот [[Бернардо Монтеагудо]] бил отстранет од функција за време на перуанската побуна, во времето кога Сан Мартин бил отсутен. Сан Мартин дал отказ од позицијата Заштитник на Перу неколку дена подоцна и се вратил во [[Валпараисо]] во Чиле. Неколку причини влијаеле врз таквиот потег. Воената дисциплина на Армијата на Андите била нарушена, но Сан Мартин не сакал да преземе мерки против неговите офицери. Авторитетите на Боливар и Сан Мартин, локалното ривалство на нивните држави (Перу и Колимбија), ги ограничиле операциите за заедничка работа: Колумбијците не сакале Боливар да даде нивни луѓе на Сан Мартин, а Перуанците не сакале нивниот заштитник да биде под Боливар. За разлика од Боливар, кој бил поддржан од колимбискатаколумбиската влада, Сан Мартин немал многу ресурси бидејќи Буенос Аирес одбил да го поддржи, а другите покраински гувернери, иако сакале, сепак немале доволно ресурси, а пак Кокрејн заминал со морнарицата, а О’Хигинс ја губел моќта во Чиле. На крај Сан Мартин сметал дека само еден силен авторитет можел да ја спречи [[балканизација|балканизацијата]] на новите јужноамерикански држави. Така тој престанал да ја врши должноста Заштитник на Перу и се повлекол.{{sfn|Galasso|2000|pp=423–437}}
 
== Доцнежен живот ==
[[Податотека:Jose de San Martin.jpg|мини|десно|Портрет на Сан Мартин во подоцнежни години.]]
По неговото пензионирање, Сан Мартин имал намера да живее во [[Кујо (Аргентина)|Кујо]], [[Аргентина]]. Иако војната за незавиност завршила во регионот, сепак [[граѓанска војна во Аргентина|граѓанската војна во Аргентина]] продолжила. Унитарците сакале да ја организираат државата како унитарна со центар во Буенос Аирес, додека федералистите сакале да ја организираат државата како федерална составена од покраини. Сан Мартин имал добри односи со федералистите, a несогласување со унитарецот [[Бернардино Ривадавија]], но сепак се обидувал да биде неутрален. Сопругата на Сан Мартин, [[Марија де лос Ремедиос де Ескалада]], умрела во 1823 година, па така тој се вратил во Буенос Аирес. Тој ја зел неговата ќерка Мерседес Томаса, која живеела со семејството на мајка ѝ, и отпловиле за Европа.{{sfn|Galasso|2000|pp=453–465}}
 
По неуспешен обид да се насели во [[Франција]], тој се преселил во [[Велика Британија|Британија]] и подоцна во [[Брисел]]. Тој имал намера да живее таму сè додека неговата ќерка не го заврши нејзиното образование и потоа да се врати во Аргентина. Додека бил во Брисел, Ривадавија дошол во истиот град и имал намера да го предизвика Сан Мартин на двобој, но во тоа го разубедил Диего Пароасјен.{{sfn|Galasso|2000|pp=467–476}}
 
Иако имал недоразбирања со Ривадавија, и кој воедно бил избран за претседател на Аргентина, сепак Сан Мартин ги понудил своите воени способности за време на [[Аргентинско-бразилска војна|војната со Бразил]], но тој не добил одговор. Заминал за Аргентина кога претседател на Аргентина бил [[Мануел Дорего]]. Како и да е, додека патувал накај Јужна Америка унитарците пак се обидувале да ја заземат власта во Аргентина, така, додека бил во [[Рио де Жанеиро]] разбрал дека унитарците го заробиле Дорего, а кога пристигнал во [[Монтевидео]] ја примил веста дека Дорего бил погубен и унитарците започнале кампања против сите федералисти. Бродот пристигнал во Буенос Аирес, но Сан Мартин не слегол и се вратил во Моневидео. Подоцна Сан Мартин се вратил во Брисел.{{sfn|Galasso|2000|pp=477–495}}
 
Федералецот [[Хуан Маниел де Росас]] започнал со обиди да ја смири граѓанската војна во Аргентина која била започната од [[Хуан Лавелје]]. Сан Мартин и Росас поради сличните ставови станале блиски пријатели. Во меѓувреме Сан Мартин го напуштил Брисел поради [[белгиска револуција|белгиската револуција]] и [[епидемија на колера од 1831|епидемијата од колера во 1831]]. Сан Мартин и ќерка му се доселиле во [[Париз]] и двајцата се разболеле. Во Париз биле пречекани од [[Маријано Балкарке]], кој им пружил помош. Балкарке се оженил со Мерседес и имале ќерка - Марија Мерседес.{{sfn|Galasso|2000|pp=497–521}}
 
Во 1837 година, Франција започнала со блокадата на [[Рио де ла Плата]] како контрамерка на Росас. Сан Мартин ги понудил своите воени вештини на Росас, но бил одбиен поради неговите поодминати години. Како знак на подрршка, Сан Мартин му ја поклонил сабјата на Росас.{{sfn|Galasso|2000|pp=523–558}}
 
За време на француската револуција од 1848 година, Сан Мартин го напуштил Париз и заминал за [[Булоњ-сур-Мер]]. Кога се преселил таму бил скоро слеп и имал многу здравствени проблеми. Сепак, тој продолжил да праќа писма во Јужна Америка. Хозе де Сан Мартин умрел во неговиот дом, на 17 август 1850 година, во 17 часот по локално време.{{sfn|Galasso|2000|pp=559–570}}
 
== Посмртни останки==
[[Податотека:San Martin's Grave.jpg|thumb|180px|right|Мавзолејот на Сан Мартин во катедралата во Буенос Аирес. Гробот го чуваат трите персонификации на Чиле, Аргентина и Перу.]]
 
Хозе де Сан Мартин умрел на 17 август 1850 година, во неговата куќа во [[Булоњ-сур-Мер]] во [[Франција]]. Тој бил погребан во [[Базилика Нотрдам де Булоњ|Базиликата Нотрдам де Булоњ]] и неговите останки останале таму до 1861 година. Во неговиот тестамент тој изјавил дека по смртта сака да биде одведен до гробиштата без никаков погреб, а подоцна да биде префрлен во [[Буенос Аирес]]. За ова Балкарке го известил Росас и министерот за надворешни работи [[Фелипе Арана]]. Балкарке го следел балсамирањето на Сан Мартин. Исто така, тој ја испратил сабјата на Сан Мартин во Росас.{{sfn|Galasso|2000|pp=569–574}}
 
Сепак, поради бунтот на [[Хусто Хозе де Уркиза]] против Росас во 1851 година, поразот на Росас во [[битката на Касерос]] и хаосот што проследил, влијаело врз одложувањето на префрлувањето на телото на Сан Мартин во Буенос Аирес. Во меѓувреме, Буенос Аирес се одделил од Аргентина (за време на [[Аргентинска граѓанска војна|граѓанската војна]]) на чело со унитарците, кои пак од другата страна го мразеле Сан Мартин. Така, во тоа време, преместувањето на телото на Сан Мартин се одложило за неопределено. Бидејќи бил свесен за сето ова, Балкарке наредил изграбаизградба на гроб на гробиштата во Булоњ-сур-Мер за телото на Сан Мартин.{{sfn|Galasso|2000|pp=574–577}}
 
Останките на Сан Мартин конечно биле донесени во Аргентина на 29 мај 1880 година, за време на претседателскиот мандат на [[Николас Авелјанеда]]. Мавзолејот на Сан Мартин бил сместен во [[Метрополитска катедрала во Буенос Аирес|Метрополитската катедрала во Буенос Аирес]].{{sfn|Galasso|2000|p=584}}