Буковиќ (планина): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Изворно уредување 2017
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 30:
 
==Местоположба и одлики==
Сместена е меѓу [[Полошка Котлина|Полошката Котлина]] на север, [[Кичевска Котлина|Кичевската Котлина]] на југ, планината [[Бистра (планина)|Бистра]] на запад и масивот на [[Добра Вода]] односно [[Челоица]] на исток. Планината е мала по површина, со {{км2|79}}, и понекогаш се смета за дел од масивот на [[Сува Гора]].<ref name="Геодив">{{ГеодивГеонас|глава= Буковиќ |страница= 117-118}}</ref>.
 
 
Во средишниот дел, Буковиќ има поголем број [[карст]]ни [[суводолица|суводолици]] и [[вртач]]и. Главното [[било]] се протега во правец северозапад-југоисток, во должина од околу 10&nbsp;км. Највисок врв е [[Тепе]], со 1.528&nbsp;м, а други повисоки врвови се Буковиќ (1.518&nbsp;м), Чингирли Рид (1.441&nbsp;м) и Колари (1.425&nbsp;м). Источниот дел на планината се смета за посебен дел, и се нарекува Корито.
 
Во орографските описи на книгата [[Материјали по изучувањето на Македонија]] од македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]] е даден поопширен опис за Буковиќ при што е запишано дека таму каде што [[Шар Планина]] свртува кон југозапад, започнува и ниската и гола планина Влаиница, којашто се протега на исток, а како нејзино продолжение е Буковик, висока планина којашто во југоисточен правец се спушта близу до [[Кичево]]<ref name="Ѓорче Петров 1">{{наведена книга|last=Петров|first=Ѓорче|authorlink=Ѓорче Петров|title=[[Материјали по изучувањето на Македонија]]|editor=превод: Марио Шаревски|edition=2016|year=1896|pages = 18|publisher=Единствена Македонија|location=Скопје|isbn=978-608-245-113-8}}</ref>. Во југоисточниот крај на Влаиница, имено, таму каде што таа се среќава со северниот крај на [[Бистра (планина)|Бистра]] (тоа е кај изворот на Зајашка Река), започнува Буковик, којшто свртува на југоисток и завршува на 1,5 часа над Кичево<ref name="Ѓорче Петров 2">{{наведена книга|last=Петров|first=Ѓорче|authorlink=Ѓорче Петров|title=[[Материјали по изучувањето на Македонија]]|editor=превод: Марио Шаревски|edition=2016|year=1896|pages = 44|publisher=Единствена Македонија|location=Скопје|isbn=978-608-245-113-8}}</ref>. Буковик е на половина повисок од Влаиница. Билото му е остро. Низ неговата средина има преслап по којшто минува патот [[Гостивар]] - [[Кичево]]<ref name="Ѓорче Петров 2" />. Северната падина на Буковик е доста налегната. Неговите падини од југ го оградуваат Гостиварското Поле и достигнуваат до самиот [[Гостивар]]. По средината таа падина е длабоко пресечена од реката Лакавица. Целата северна страна на Буковик е покриена со дрвја, најмногу букови, од коишто и го добил своето име<ref name="Ѓорче Петров 2" />. Планината е населена со [[Албанци|Арнаути]], поради што е опасен и страшен за патување<ref name="Ѓорче Петров 2" />. Јужната падина на Буковик од кај Кичевско е помалку налегната. Таа е сосема гола, каменеста и безводна<ref name="Ѓорче Петров 2" />. Како што од северната страна Буковиќ има бодар, дури страшен изглед, од јужната страна од кај Кичевско тој има мрачен и непријатен изглед<ref name="Ѓорче Петров 2" />. Тој служи како вододелница меѓу [[Вардар]] преку неговата притока Лакавица и Велика ([[Треска]]) преку нејзината притока Зајашка Река<ref name="Ѓорче Петров 2" />.
 
== Геологија ==