Хосе де Сан Мартин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 229:
 
За разлика од Чиле, во Перу немало месни политичари од рангот на О'Хигинс, па така Сан Мартин станал шеф на владата, иако не ја сакал таа функција. Тој бил назначен како „[[Заштитник на Перу]]“, денес функција позната како [[претседател на Перу]]. Бидејќи перуанското општество било многу конзервативно, Сан Мартин веднаш не ги реализирал либералните идеи. Провизорните статути содржеле мал број промени и ратификувале неколку веќе постоечки закони.{{sfn|Galasso|2000|pp=353–358}} Сите видови ропства кои ги трпеле староседелците биле укинати и истите се стекнале со државјанство. Сепак тој не го укинал ропството целосно. Во Перу имало 40000 сопственици на робови, и Сан Мартин вовел закон со кој се еманципирале децата на робовите и робовите чии сопственици ја напуштиле Лима. Исто така тој ја укинал инквизацијата и вовел слобода на говор.{{sfn|Galasso|2000|pp=359–368}} За време на неговиот престој во Перу, Сан Мартин имал романса со [[Роза Кампузано]], жена од [[Гвајакил]].{{sfn|Galasso|2000|pp=381–383}}
 
Кралските армии кои останале на перуанско тло се упатиле кон Лима, предводени од Кантерак. При средбата на непријателските армии ниту една страна не започнала напад. Кантерак тогаш го променил правецот кон Ел Калјао, се снабдил со ресурси и се вратил во неговата база. Повторно немало битка кога се враќале. Без ресурси, Ел Калјао се предал неколку дена подоцна.{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II|pp=64–66}} Двете страни презеле чудни мерки: Сан Мартин му дозволил на Кантерак засилување, а Кантерак оставил клучно воено место, неспособно да се одбрани. До денес нема јасни пишани докази за ваквата збунувачка и нерационална ситуација и настани.{{sfn|Galasso|2000|pp=369–371}}
 
Конкрејн имал неколку спорови со Сан Мартин.{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 67}} Тој разговорал со него за неколку негови дејства и пробувал да ги компромизира. За време на блокадата на Ел Калјао, тој предложил О'Хигинс да ја презем контролата на мисијата. Бидејќи Сан Мартин бил назначен за Заштитник на Перу, Кокрејн сметал дека тој не е веќе под чилеанска контрола и ја одзел морнарицата. Во наредните години Кокрејн објавил неколку обвинувања против Сан Мартин во Чиле.{{sfn|Galasso|2000|pp=372–383}}
 
Боливар ја презел контролата во Каракас со неговата победа во [[битката на Карабобо]]. Конгресор во Кукута усвоил слични закони како тие во Перу. Во меѓувреме и [[Еквадор]] во [[Гвајакил]] објавил независност и Боливар го испратил [[Антонио Хозе де Сукре]] да им помогне. Силите на Сукре не биле доволни и побарал помош од Сан Мартин. Перу испратил трупа од 1300 луѓе во Еквадор. Боливар влегол во градот еден месец подоцна и сметал дека поради историски причини [[Кито]] треба да биде главен град на [[Колумбија]].{{sfn|Galasso|2000|p=383–385}}
 
Сан Мартин и Боливар барале да се генерира латиноамериканска интеграција, но не се согласиле за видот на владата: Боливар сакал републиканско државно уредување, а Сан Мартин уставна монархија бидејќи сметал дека со монархијата побрзо ќе се признаеле државите на меѓународен план.{{sfn|Galasso|2000|pp=387–395}} [[Перу]] и [[Гран Колумбија|Колумбија]] потпишале договор за интеграција, кој требало да се предложи и на [[Чиле]], [[Обединети Покраини на Рио де ла Плата|Обединетите Покраини на Рио де ла Плата]] и [[Парагвај]], а подоцна и на [[Обединети Покраини на Централна Америка|Обединетите Покраини на Централна Америка]] и [[Империја Бразил|Империјата Бразил]].{{sfn|Galasso|2000|pp=397–406}}
 
=== Средбата во Гујакуил ===