Хосе де Сан Мартин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 223:
Пезуела бил сменет со воено-либерален удар и [[Хозе де ла Серна е Инохоса]] станал нов вицекрал. Де ла Серна го повикал Сан Мартин за да преговара крај на насилството. Резултатот бил ист како и со Пезуела: Де ла Серна предложил да го воведе уставот на империјата од 1812 (каде Перу е дел од Шпанија), а Сан Мартин побарал независност на Перу (како независна држава). Одбивањето на шпанскиот устав било мотивирано од непропорционало претставување на Америка во Уставното собрание кое го составило уставот. Двете армии се согласите на привремено примирје. Сан Мартин предложил да се основа уставна монархија со европски монарх. Овој предлог бил одбиен со образложение дека [[Фернандо VII]] не би го прифатил овој предлог.{{sfn|Galasso|2000|pp=342–347}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II|pp=58–59}}
 
==== Заштитник на Перу =====
[[File:La Independencia del Perú.jpg|thumb|200п|right|Прогласувањето на независноста на Перу. На 28 јули 1821 година во Лима Сан Мартин и останатите челници ја објавиле независноста на Перуанците.]]
 
Бидејќи немирите се обновиле, Сан Мартин организирал неколку герилски групи во државата, држел опсада на Лима, но не инсистирал да влезе во градот бидејќи не сакал локалното население да го смета за освојувач. Сепак, Де ла Серна наеднаш го напуштил градот со неговата армија од непознати причини. Сан Мартин набрзо свикал „[[отворено кабилдо]]“ (отворен совет) за да се разговара за независноста на државата, за што веќе било договорено. Со овој предлог, со авторитетот во [[Лима]], со поддршкаТа од северните покраини и опсадата на пристаништето [[Ел Калјао]], Сан Мартин ја објавил [[Објавување на независност на Перу|независноста на Перу]] на 28 јули 1821 година. Иако независноста била објавена, војната сè уште не завршила.{{sfn|Galasso|2000|pp=349–353}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II|pp=59–63}}
 
За разлика од Чиле, во Перу немало месни политичари од рангот на О'Хигинс, па така Сан Мартин станал шеф на владата, иако не ја сакал таа функција. Тој бил назначен како „[[Заштитник на Перу]]“, денес функција позната како [[претседател на Перу]]. Бидејќи перуанското општество било многу конзервативно, Сан Мартин веднаш не ги реализирал либералните идеи. Провизорните статути содржеле мал број промени и ратификувале неколку веќе постоечки закони.{{sfn|Galasso|2000|pp=353–358}} Сите видови ропства кои ги трпеле староседелците биле укинати и истите се стекнале со државјанство. Сепак тој не го укинал ропството целосно. Во Перу имало 40000 сопственици на робови, и Сан Мартин вовел закон со кој се еманципирале децата на робовите и робовите чии сопственици ја напуштиле Лима. Исто така тој ја укинал инквизацијата и вовел слобода на говор.{{sfn|Galasso|2000|pp=359–368}} За време на неговиот престој во Перу, Сан Мартин имал романса со [[Роза Кампузано]], жена од Гвајакил.{{sfn|Galasso|2000|pp=381–383}}
 
=== Средбата во Гујакуил ===