Хосе де Сан Мартин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 184:
 
Битката на Маипу ја обезбедила чилеанската независност.{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|pp=118–119}} Освен Осорио и неговите 200 луѓе кои побегнале, сите други монархистички воени лица биле уапсени. Успехот бил поздравен од тогашната патриотска елита, меѓу кои и самиот [[Боливар]]. {{sfn|Galasso|2000|pp=251–254}}
 
==== Тихоокеанска флота ====
[[File:San Martín en Buenos Aires.jpg|thumb|200px|right|Сан Мартин за време на конгресот во Буенос Аирес.]]
 
Сан Мартин испратил повторно барање до Боуелс за испорака на бродови, но не добил одговор. Повторно заминал за Буенос Аирес, за да достави слично барање. Тој пристигнал во Мендоза неколку дена по егзекуцијата на [[Чилеанци|Чилеанците]] [[Луис Карера]] и [[Хуан Хозе Карера]], браќа на [[Хозе Мигел Карера]].{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 32}} Точната иницијатива за тие егзекуции е контроверзна. Чилеанскиот историчар [[Викуња Макена]] го посочува Сан Мартин, додека пак Х. К. Рафо де ла Рета го обвинува О'Хигинс. [[Мануел Родригез]] исто така бил заробен, а подоцна и убиен. За таа смрт можеби дала наредба самата ложа Лаутаро. Сан Мартин нема учество во тоа бидејќи бил на пат за Буенос Аирес.{{sfn|Galasso|2000|pp=265–267}}
 
Сан Мартин не бил добро пречекан во Буенос Аирес. Пуејредон првично одбил да му даде помош, повикувајќи се на конфликтите со федералните кауилјоси и организацијата на огромната монархистичка армија во [[Кадиз]] која би се обидела повторно да ја освои долината [[Рио де ла Плата]]. Тој сметал дека Чиле треба да ја организира морнарицата против Перу, не Буенос Аирес. Сан Мартин разговарал со него и конечно добил 500.000 пезоси. Се вратил во Мендоза со неговата сопруга и ќерка и примил писмо од Пуејредон кој рекол дека Буенос Аирес може да достави само една третина од ветеното. Ова го искмоплицирал проектот, бидејќи ниту Мендоза ниту Сантијаго немале доволно средства. Сан Мартин дал отказ од армијата, но денес не се знае дали отказот е искрен или намерен тактички потег за да се даде притисок врз поддржувачите. Како и да е, Буенос Аирес сè уште го сметал Сан Мартин клучен за националната одбрана, и поради тоа му биле исплатени помош од 500.000 пезоси и го убедувале Сан Мартин да го повлече отказот.{{sfn|Galasso|2000|pp=269–277}}
 
Сан Мартин предложил да биде медијатор помеѓу Буенос Аирес и „[[Лига федерал]]“ (''Liga Federal'', воглавно [[уругвај|уругвајски]] активисти) предводена од Артигас. Тој сметал дека граѓанската војна е контрапродуктивна за националното единство и крајот на насилството ќе овозможи слободни ресурси кои биле потребни за морнарицата. Тој сметал дека Артигас може да го стави мирот под услов, а условот би бил заедничка објава на војна на [[Бразил]] (Уругвај се бореле и против бразилската империјалистичка окупација). Така, Сан Мартин предложил прво да се поразат монархистичките сили во Рио де ла Плата, а потоа да се насочат кон ослободување на [[Банда Ориентал]] (тогашно име на Уругвај) од бразилска контрола. За ова О'Хигинс сметал дека е ризичен потег во кој Сан Мартин можел да биде фатен. Пуејредон го одбил медијаторството бидејќи не го сметал Артегас на рамниште со него.{{sfn|Galasso|2000|pp=279–286}}
 
=== Перу ===