Хосе де Сан Мартин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 175:
И покрај поразот, војниците биле пречекани како херои во [[Сантијаго]]. Благодарејќи на Лас Херас, потенцијалната катастрофа за патриотите се претворила во мало повлекување.{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|p=107}} Армијата била повторно реорганизирана, но поради умрените и повредените војници бројката се намалила на 5000 војници, што било приближно со бројката на монархистите. Тие се позиционирале во близина на [[Махпо|реката Махпо]], во близина на [[Сантијаго]].{{sfn|Galasso|2000|p=248}}
 
==== Битката на МаипиМаипу ====
[[File:Abrazo de Maipú Pedro Subercaseaux.jpg|thumb|alt=Portrait of the battle of Maipu|Прегратката од Маипу - симбол на победата во битката за независност.]]
Сан Мартин, според дотогашниот контакт, направил првичен увид на монархистичката армија, и забележал дека истата има неколку пропусти од организациски аспект. Така, тој бил посамоуверен во победа над монархистите и тврдел дека Осорио бил потрапав одошто мислел и дека победата е нивна.{{sfn|Galasso|2000|p=250}} Битката започнала во 11 часот. Патриотската артилерија на десно пукала кон монархистичката пешадија на лево. [[Мануел Ескалада]] предводел коњанички гренадиери за да ги заробат монархистичките артилеријци, со цел да ги пренасочат кон нивните претпосавени. Полкот на Бургос сериозно го нарушил левото крило на патриотите, воглавно составено од поранешни робови, удар во кој умреле околу 400 борци. Сан Мартин наредил коњаничките гренадиери предводени од [[Хиларион де ла Кинтана]] да го нападне полкот. Битката наеднаш прекинала и монархистите заапочнале да се борат со мечеви извикувајќи „Да живее кралот“ и „Да живее татковината“. По некое време монархистите се разбегале.{{sfn|Galasso|2000|pp=250–251}}{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|pp=108–115}}