Хосе де Сан Мартин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 65:
}}
 
'''Хозе Франсиско де Сан Мартин и Маторас''' ([[шпански јазик|шпански]]: ''José Francisco de San Martín y Matorras''; [[25 февруари]] [[1778]] – [[17 август]] [[1850]]), или познат само како '''Хозе де Сан Мартин''' а титуларно како „Ослободител„''Ослободител на Аргентина, Чиле и Перу“Перу''“<ref>John Lynch, ''San Martin: Argentine Soldier, American Hero'' (2009)</ref>, бил [[Аргентина|аргентински]] генерал и главен предводник на [[Јужмоамерикански војни за независност|борбата за независност]] од [[Шпанска Империја|Шпанската Империја]] во јужните и централните предели на [[Јужна Америка]]. Сан Мартин бил воедно и еден од [[претседател на Перу|претседателите на Перу]], позиција која во тоа време била именувана како ''Заштитник на Перу''.
 
Хозе де Сан Мартин бил роден во [[Јапеју (Кориентес)|Јапеју]], [[Кориентес (покраина)|Кориентес]], во деншна [[Аргентина]], но уште додека бил мал, на 7 годишна возраст, заминал за [[Малага]] во [[Шпанија]] каде го започнал своето образование. Подоцна, во 1808 година, кога избила [[Полуостровска војна|Полуостровската војна]] помеѓу [[Франција]] и [[Шпанија]], Хозе де Сан Мартин зел учество во истата. Следствено на тој ангажман, Сан Мартин стапил во контакт со јужноамерикански подрржувачи на независноста на Јужна Америка од Шпанија. Во 1812 година тој заминал за [[Буенос Аирес]] и ги понудил своите способности и својата служба на [[Обединети покраини на Рио де ла Плата|Обединетите покраини на Рио де ла Плата]], современа Аргентина. По [[Битката на Сан Лоренцо]], тој организирал план за пораз на шпанската армија, која ја притискала Аргентина од север, користејќи алтернативен пат преку [[Вицекралство Перу|Вицекралството Перу]]. Целите првично биле да се основа нова армија, [[Армија на Андите]], во [[Кујо (покраина)|Кујо]], Аргентина. Оттука, тој го предводел [[преминување на Андите|преминувањето на Андите]] во [[Чиле]] и забележал победа во [[Битката на Чакабуко]] и [[Битката на Маипу]]. Како резултат на тие две победи била обезбедена [[независност на Чиле|независноста на Чиле]]. По тој успех, Сан Мартин кренал кон напад на шпанскиот бастион во [[Лима]], [[Перу]].