Хосе де Сан Мартин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 67:
'''Хозе Франсиско де Сан Мартин и Маторас''' ([[шпански јазик|шпански]]: ''José Francisco de San Martín y Matorras''; [[25 февруари]] [[1778]] – [[17 август]] [[1850]]), исто познат само како '''Хозе де Сан Мартин''' или титуларно како „Ослободител на Аргентина, Чиле и Перу“<ref>John Lynch, ''San Martin: Argentine Soldier, American Hero'' (2009)</ref>, бил [[Аргентина|аргентински]] генерал и главен предводник на [[Јужмоамерикански војни за независност|борбата за независност]] од [[Шпанска Империја|Шпанската Империја]] во јужните и централните предели на [[Јужна Америка]]. Сан Мартин бил воедно и еден од [[претседател на Перу|претседателите на Перу]], позиција која во тоа време била именувана како ''Заштитник на Перу''.
 
Хозе де Сан Мартин бил роден во [[Јапеју (Кориентес)|Јапеју]], [[Кориентес (покраина)|Кориентес]], во деншна [[Аргентина]], но уште додека бил мал, на 7 годишна возраст, заминал за [[Малага]] во [[Шпанија]] каде го започнал своето образование. Подоцна, во 1808 година, кога избила [[Полуостровска војна|Полуостровската војна]] помеѓу [[Франција]] и [[Шпанија]], Хозе де Сан Мартин зел учество во истата. Следствено на тој ангажман, Сан Мартин стапил во контакт со јужноамерикански подрржувачи на независноста на Јужна Америка од Шпанија. Во 1812 година тој заминал за [[Буенос Аирес]] и ги понудил своите способности и својата служба на [[Обединети покраини на Рио де ла Плата|Обединетите покраини на Рио де ла Плата]], современа Аргентина. По [[Битката на Сан Лоренцо]], тој организирал план за пораз на шпанската армија, која ја притискала Аргентина од север, користејќи алтернативен пат преку [[Вицекралство Перу|Вицекралството Перу]]. Целите првично биле да се основа нова армија, [[Армија на Андите]], во [[Кујо (покраина)|Кујо]], Аргентина. Од тукаОттука, тој го предводел [[преминување на Андите|преминувањето на Андите]] во [[Чиле]] и забележал победа во [[Битката на Чакабуко]] и [[Битката на Маипу]]. Како резултат на тие две победи била обезбедена [[независност на Чиле|независноста на Чиле]]. По тој успех, Сан Мартин кренал кон напад на шпанскиот бастион во [[Лима]], [[Перу]].
 
На 12 јули 1821, по обезбедена делумна контрола на Лима, Сан Мартин бил назначен за „Заштитник на Перу“, односно претседател на Перу. Со тоа, независноста на Перу била објавена на 28 јули 1821. На 22 јули 1822, по затворена средба со неговиот пријател [[Симон Боливар]] во [[Гвајакил]], [[Еквадор]], Боливар ја презел одговорноста за целосно ослободување на Перу. Наеднаш Сан Мартин ја напуштил командата на армијата и заминал од државата. Сан Мартин се повлекол од политика и заминал за Франција во 1824 година. Средбата со Боливар до денес е тема на дискусии помеѓу историчарите.