Хосе де Сан Мартин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 127:
 
Армијата не била спремна до летото 1815 година, па така [[преминувањето на Андите|преминувањето]] на Андите било одложено. Имајќи ги предвид лошите услови на планините, преминувањето можело да се реализира само во летниот период, кога имало помалку снег. Откако Алвеар стапил на функција, помош од Буенос Аирес веќе не пристигнала. Сан Мартин предложил да даде отказ на позицијата и да служи под раководство на Балкарке, ако тие ја поддржат кампањата. Сан Мартин и Гуидо напишале извештај во есента 1816 година, со што му ги напишале деталите на операциониот план на Врховниот директор [[Антонио Гонзалез де Балкарке]]{{sfn|Galasso|2000|pp=157–163}}
 
Сан Мартин предложил државата ([[Обединети Покраини на Рио де ла Плата]]) прво и веднаш да прогласи целосна независност, а потоа да се реализира [[преминувањето на Андите]]. На тој начин, тие би дејствувале како независна нација, а не како некој локален бунт.{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. I|pp=548–549}} Тој имал големо влијание врз [[конгрес во Тукуман|конгресот во Тукуман]], конгрес на кој присуствувале претставници од сите покраини и истиот бил основан во март 1816 година. Тој се противел на назначувањето на [[Хозе Молдес]], војник од Салта кој бил против политиката на Буенос Аирес, и се плашел дека Молдес ќе го уништи националното единство. Исто така се противел на предлозите да го назначат Сан Мартин како [[Врховен директор]]. Сан Мартин го подржал неговиот пријател и член на ложата [[Хуан Мартин де Пуејредон]]. Пуејредон продолжил со воената помош на Кујо. Тукуманскиот конгрес ја прогласил аргентинската независност на 9 јули 1816 година, под тогашното име Обединети Покраини на Рио де ла Плата.{{sfn|Galasso|2000|pp=165–178}} Исто така на конгресот се разговарало за политичкиот систем на новата држава. Генералот Мануел Белграно, кој остварил дипломатски односи со Европа, ги информирал делегатите и државниците дека европските држави побрзо ќе ја прифатат независноста на Аргентина ако истата е монархија. За таа цел, Белграно се појавил со [[Планот според Инките|Планот според Инка]], односно да се круниса благородно лице од [[Империјата на Инките]] како крал (кралското семејство на [[Сапа Инка]] владееле до 16 век, односно до моментот кога Империјата на Инките се распаднала).{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. I|pp=549–550}} Сан Мартин го подржал овој план, како и Гуемес и некои други делегати, но не и тие од Буенос Аирес, кои го поткопале проектот и не овозможиле истиот да заживее.{{sfn|Galasso|2000|p=179–189}}
 
Во потреба од уште повеќе војници, Сан Мартин ја проширил еманципацијата на робовите на возраст од 14 до 55, и дозволил истите да бидат промовирани во повисоки воени рангови. Слична мерка предложил и за национално ниво, но на тоа се противел Пуејредон. Тој исто така вклучил и Чилеанци кои избегале од Чиле за време на ужасот од Ранкагва и ги организирал во целосни единици, секој составен од пешадија, коњаница, артилерија. Кон крајот на 1816 година, Армијата на Андите имала 5000 мажи, 10000 мулиња и 1500 коњи. Сан Мартин организирал воено разузнавање, пропаганда и дезинформации за да ги збуни монархистичките армии.{{sfn|Galasso|2000|pp=191–202}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II|pp=9–10}}
 
==== Армијата на Андите ====