Хосе де Сан Мартин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 120:
==== Гувернер на Кујо ====
Апсолутичката обнова на Шпанија и растечкото влијание на Артигас создале политичка криза во Буенос Аирес и со тоа Посадас бил приморан да даде отставка. Новиот Врховен директор бил Алвеар, но и тој морал да даде отказ после три месеци. Планот на Сан Мартин бил дополнително искомпликуван со ужасот од Ранкагва, монархистичка победа која го вратила апсолутизмот во Чиле и со тоа се ставил крајот на периодот именуван „[[Патрија Вјеха]]“ (''Patria Vieja'') или „Стара Татковина“. Првично, Сан Мартин предложил армија со стандардна големина, за да прати засилување во [[Чиле]], но сепак се предомислил и направил поголема армија сè со цел да се ослободи државата.{{sfn|Galasso|2000|p=131}} Чилеанците [[Бернардо О'Хигинс]], [[Хозе Мигел Карера]], [[Луис Карера]] и [[Мануел Родригез Ердоиза]], лидерите на отпорот, побарале прибежиште во Кујо, заедно со нивните армии. О'Хигинс и Родригез биле примени, но браќата Карера имале намера да дејствуваат како [[влада во егзил]]. Тие ги игнорирале локалните закони на Кујо и нивните војници извршиле дејствија на вандализам. Сан Мартин ги заробил и ги испратил во Буенос Аирес. Тие предложиле план за ослободување на Чиле, различен од тој на Сан Мартин, кој пак го одбил со мислење дека не е практичен. Ова предизвикало ривалство помеѓу браќата Карера и Сан Мартин.{{sfn|Galasso|2000|p=212}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 7}}
 
Сан Мартин веднаш започнал со организација на [[Армија на Андите|Армијата на Андите]]. Тој ги мобилизирал сите граѓани кои биле способни за носење и ракување на оружје и сите робови на возраст од 16 до 30. Исто така тој побарал помош од Буенос Аирес и ја реорганизирал економијата во состојба на производство за војва. Четири месеци откако стапил на функција повторно отишол на рехабилитација поради кревкото здравје, а како негова замена бил назначен [[Грегорио Пердриел]]. {{sfn|Galasso|2000|pp=133–136}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. I|p=526}}
 
==== Армијата на Андите ====