Хосе де Сан Мартин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 119:
 
==== Гувернер на Кујо ====
Апсолутичката обнова на Шпанија и растечкото влијание на Артигас создале политичка криза во Буенос Аирес и со тоа Посадас бил приморан да даде отставка. Новиот Врховен директор бил Алвеар, но и тој морал да даде отказ после три месеци. Планот на Сан Мартин бил дополнително искомпликуван со ужасот од Ранкагва, монархистичка победа која го вратила апсолутизмот во Чиле и со тоа се ставил крајот на периодот именуван „[[Патрија Вјеха]]“ (''Patria Vieja'') или „Стара Татковина“. Првично, Сан Мартин предложил армија со стандардна големина, за да прати засилување во [[Чиле]], но сепак се предомислил и направил поголема армија сè со цел да се ослободи државата.{{sfn|Galasso|2000|p=131}} Чилеанците [[Бернардо О'Хигинс]], [[Хозе Мигел Карера]], [[Луис Карера]] и [[Мануел Родригез Ердоиза]], лидерите на отпорот, побарале прибежиште во Кујо, заедно со нивните армии. О'Хигинс и Родригез биле примени, но браќата Карера имале намера да дејствуваат како [[влада во егзил]]. Тие ги игнорирале локалните закони на Кујо и нивните војници извршиле дејствија на вандализам. Сан Мартин ги заробил и ги испратил во Буенос Аирес. Тие предложиле план за ослободување на Чиле, различен од тој на Сан Мартин, кој пак го одбил со мислење дека не е практичен. Ова предизвикало ривалство помеѓу браќата Карера и Сан Мартин.{{sfn|Galasso|2000|p=212}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 7}}
Во Кордоба, Сан Мартин продолжил да го подготвува својот план за напад на Лима – главниот град на вицекралството Перу - вклучувајки го Чиле. До крајот, тој бараше да биде избран гувернер на Кујо. Подоцна, Јуан Пуејредон беше пратен од провинциската влада на Обидинетите провинции од Рио да ла Плата, и му даде на Сан Мартин целосна подршка на неговата ослободувачка кампања.
Во неговата канцеларија, додека Сан Мартин беше фокусиран на подготовките за премин преку Андите, тој исто ги исполнуваше и своите обврски како гувернер. Додека беше гувернер, тој создаде строгост при собирње на таксите, нареди масовна вакцинација против вариола, и основа библиотека. Тој исто го реорганизира поштенскиот сервис во однос на безбедноста. Покрај другото тој се обиде да ги потикне и другите провинции да декларираат независност.
 
==== Армијата на Андите ====