Социјализација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
Ред 1:
[[Податотека:US-hoosier-family.jpg|thumb|right|Семејство коешто се социјализира за време на фотографирање.|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:US-hoosier-family.jpg]]
'''Социјализацијата''' претставува [[процес]] во рамките на кој индивидуите го учат начинот на [[живот]] во општеството или групата и така се оспособуваат за [[живот]] во неа. Тоа претставува [[процес]] на [[учење]] кој се остварува преку взаемна [[интеракција]] помеѓу членовите во едно [[општество]]. Преку социјализацијата од човекот, кој е роден како беспомошно и потполно зависно [[суштество]] од другите, се развива во општествено [[суштество]] со голем број на вариетети на [[вештини]] и [[знаења]], [[вредности]] и примероци на [[однесување]]. Социјализацијата претставува [[процес]] на [[учење]] во кој се усвојуваат нормите и правилата на својата [[култура]] со која стануваме способни за да дејствуваме во општеството. Доследно на тој поим значи да станеме општествени. Социјализацијата е општествена [[вредност]], во рамките на која нормите и обрасците на однесување се пренесуваат од една [[генерација]] на друга, кои се усвојуваат за да бидат составен дел од личноста.
 
Ред 51:
Примарната социјализација е најважна [[фаза]] во процесот на социјализација која се одвива во текот на најраното [[детство]], обично внатре во семејството. Однесувањето на своите [[родители]], реагирањето на нивното одобрување или неодобрување на детето кое го учи јазикот и останатите темелни обрасци на однесување во општеството, се се тоа делови од примарната социјализација. Социјализацијата во семејството се одвива по [[традиција]] од постарите кон помладите генерации, каде младите генерации ги усвојуваат нормите, традицијата и составот на вредностите во својата [[група]].
 
Денес во светот, кој забрзано се менува, каде брзиот развој на технологијата од него направи «глобално [[село]]», присутна е таканаречена обратна социјализација. Овде се работи за [[процес]] кога новата генерација и помага на постаратапоарата да биде «во чекор» со светот кој забрзано се менува. Така многу млади ги учат своите [[родители]] како да се приклучат на [[интернет]] и да ги користат придобивките што тој ги нуди, да ги користат различните опции кои им ги нудат мобилните телефони, како на пример пишување SMS пораки и така натаму.
 
[[Ерик Ериксон]], американски [[психолог]], постави единствен и поучен преглед на степенот на социјализација. Не навлегувајќи подетално во содржината на секоја од фазите може да се каже дека во првата година од животот ги совладуваме проблемите на социјализација спрема најблиските луѓе. Проблемот кој се поставува пред личноста е стекнување на доверба спрема другите. Совладувањето на потешкотиите создава своја [[личност]], каде основен оптимистички отворен став е довербата спрема другите. Во раното [[детство]] се совладуваат и проблемите со [[автономија]] и [[срам]], иницијатива и чувство на [[вина]]. Во младоста се соочуваме со проблемот на создавање на [[идентитет]], во раната [[зрелост]] се појавува проблемот на создавање на цврсти емотивни [[врски]], во зрелоста амбицијата за кариера, а при крајот на животот се соочуваме со проблемот за зачувивање на интегритетот и достоинството спрема заканата од непосредна [[смрт]]. Во секоја од тие фази се стекнуваме некои неповратни особини на личноста, карактеристични обележја, но секоја доба носи со себе и некои [[задачи]] и проблеми на прилагодување и социјализација. Кога одредено доба ќе помине не само во состојба да се соочуваме со тие [[проблеми]], но исто така и не можеме интимно да ги сфатиме сериозно проблемите на социјализација кои не очекуваат подоцна. За мало дете ништо не значи прашањето да го одбере животниот партнер, интимните врски или чувството на [[старост]]. За него е важно да воспостави доверба спрема родителите, автономија спрема стравот и така натаму. Поуката на оваа класификација е дека не мора социјализацијата да се исполни во потполност, не можеме да се стекнеме со некои особини кога за нив ќе помине [[време]]. Тие конечно се без некои базични особини кои социјализацијата ги создава ([[надеж]], [[цел]], [[вештина]], [[љубов]], [[внимание]] и така натаму). И општеството не може да очекува дека тие луѓе ќе ги извршуваат општественитеопштественFUCK функцииIT ALLи.
 
== Наводи ==
Ред 61:
* [http://anthro.palomar.edu/social/soc_1.htm Општо за социјализација]
* [http://www.fpn.bg.ac.rs/pages/p_id3/data/Socijalizacija.doc За процесот на социјализација]
* [http://www.socioloskipregled.org.yu/Tekstovi/3(2005)%282005%29/4%20Cickaric.PDF Социолошки преглед: Социјализацијата во семејството]
 
{{Нормативна контрола}}