Стрип: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Eddon (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Eddon (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 22:
* Стрипот е уметност која се наоѓа помеѓу литературносто пишување и графичкото пишување <ref>M. Alessandrini (1979)</ref>. Тоа е визијата на оној што го измислил на стрипот [[Рудолф Тепфер]] : {{Цитат|Ова книжуле составено од слики е од мешана природа. Секој цртеж го придружува еден или два реда текст. Цртежите, без текстот не би биле докрај разјаснети; текстот, без цртежите, не би значел ништо. Сето заедно е некој вид на роман дотолку пооригинален дека колку што наликува на роман толку наликува и на нешто друго <ref>R. Töpffer (1837) préface</ref>.}} Тоа што Тепфер ќе го нарекува „Литература во слики“ во неговиот ''Есеј на физиогномијата,''<ref>R. Töpffer (1845)</ref> [[Вил Ајзнер]] го нарекува ''Секвенциска уметност'', (на [[англиски]]: Sequential Art)<ref>Will Eisner (1997)</ref> или ''Визуелен расказ'', (на [[англиски]]: Visual Narrative).<ref>Will Eisner (1998)</ref>
 
* Ако стрипот е графика која во себе ги подразбира и текстот и цртежот, текстот тогаш мора задолжително да биде напишан во графичка форма внатре во цртежот, во рамки на некакво „облаче“: според Х. Филипини, ''стрипот е низа на цртежи кои раскажуваат некоја приказна; личностите во приказната се изразуваат низ текстови напишани во облачиња''.<ref>Henri Filippini (1989), p.IX</ref> Ваквата дефиниција значи ги отфрла стриповите кои не содржат текст како оние на Американецот Ото Соглоу (''Little King/Малиот крал'') кои во 1975 сéсѐ уште не содржеле текст.
 
Специјалистите за стрип со сѐ помалку жар ја бранат оваа втора рестриктивна визија во однос на стрипот, па дури и самиот Филипини кој во неговото дело „Речник на стрипот“ цитирал автори кои отстапуваат од неговата дефиниција (види: Библиографија).
Ред 42:
* ''Comic book'': на почетокот тоа биле 8 страници ''comic strip'' од неделниот додаток, здиплени на четири, значи со 32 страници, со насловна страна во боја. Подоцна тоа е книга од 64 или 96 страници специјално издадени да ги раскажат приказните за супер-хероите, најчесто наменети за младата читаателска публика.
 
* ''[[Графичка новела|Graphic novel]]'' : книга која содржи стотина страници и раскажува некоја единствена, односно неповторлива, приказна.
 
==== Во Европа ====
Ред 71:
* [[Ономатопеја|Ономатопеите]] се во вид на зборови или икони кои сугерираат некаков звук, дејство, мисла изразена со фонетска, графичка или иконска имитација. [[Манга|Мангите]] користат ономатопеи за да сугерираат одредени чувства.
* [[Рамка (стрип)|Рамка]]: Сликата најчесто е прикажана во рамка од квадратче или правоаголник, но во стрипот истиот не мора секојпат да биде користен, па зависно од изразот на авторот или од потребата на дејството сликите може да се претставуваат и на самата позадина без сликите да бидат уоквирени.
* Лента (на [[англиски]] : ''strip'', на [[француски]] bande) или трака е низа од оквири, односно квадратчиња, наредени во ист ред.
* Табла која авторот дискретно во некој агол ја нумерира. Бројот на страницата и бројот на таблата не значи дека мора да се поклопуваат.
* Корица е насловна страна на стрипот.
Ред 78:
== Историја ==
[[Податотека:Pieds Nickeles 3.jpg|thumb|200px|right|[[Les Pieds Nickelés]] од [[Луј Фортон]]]]
Стрипот се појавил во [[Швајцарија]] на почетокот на 30-тите години на 19-ти век со појавата на првите албуми на [[Рудолф Тепфер]] (види [[Приказна на господин Жабо]]), стрипот се шири во тек на 19-ти век низ цел свет преку ревиите и весниците за хумор и сатира). Популаризиран на самиот крај на векот во американските весници во форма на ''comic strip'', стрипот станал масовен медиум, во најразлични форми во [[САД]], додека во [[Европа]] сѐ повеќе фокусиран како четиво за деца. Сѐ повеќе доминирајќи во детскиот печат, преку специјализирани списанија после 1930, стрипот почнал да им се обраќа и на младите и на одредени групи возрасни читатели. Од 1950, повторно се развива во ново, трето жариште кога Јапонија почнува масовно да произведува и создава стрипови под влијанието на [[Осаму Тезука]]. Трите жаришта тогаш релативно се независни едни од други, како во објавените дела така и во издавачките структури а само американското успева даа навлезе во двата други. Во 60-тите на 20-ти век, стрипот почнал да се одвојува од доменот на творештво за деца и од самиот жанр. Творбите на [[Жан-Клод Форест]], од движењето ''[[гекига]]'' и американското подземје на стрипот придонеле да се појават првите вистински критики во Европа и САД. Во 70-тите експериментирањата продолжиле со [[Жан Жиро|Мебиус]], додека авторството достигнува свој врв на крајот на деценијата со успехот на терминот« [[графичка новела]] » на [[Вил Ајзнер]] или концептот на « романи„романи-стрипови »стрипови“ истакнат за промовирање на ''[[Корто Малтезе]]'' на [[Хуго Прат]].
 
== Трите светски жаришта ==
Ред 132:
* На [[9 февруари]] [[2015]] година, издавачката куќа „Стрип квадрат“ промовирала десет изданија кои биле објавени со поддршка на [[Министерство за култура на Македонија|Министерството за култура]]. Од нив, пет биле стрип-сликовници од едицијата „Револуционери“, и тоа: „Храброта на Гоце“, „Пиринскиот цар“, „Првиот претседател“, „Јунакот од Мечкин Камен“ и „Учителот до Смилево“. Другите изданија биле „Ајвармен“, „Војдан“, „Бесмртната вода“, „Чуварите на вечната светлина“ и антологијата „Различни светови“ во која се застапени авторите: [[Игор Јовчевски]], [[Никола Темков]], [[Давор Драмиќанин]] и [[Диме Иванов-Димано]].<ref>„Македонскиот суперхерој Ајвармен сместен во стрип-сликовници“, ''Дневник'', година XIX, број 5688, вторник, 10 февруари 2015, стр. 19.</ref>
 
* Во јули 2015 г Стрип центарот на Македонија започна со издавање на „Стрип алманах“ заради ублажување на проблемот на недоволното објавување на стрипови од страна на македонски автори.Ова списание е финансиски поддржано од страна на Министерството за култура. Во првиот број од Алманахот објавени се кратки стрипови од македонските цртачи Ненад Станчев, Горан Мазнев, Бојана Милчевска, Милан Милиќ, Мирко Бојаџиевски, Ѓунај Абдулов, Оливер Цветковски , но присутен е и Саша Арсениќ од Србија, како и македонскиот стрип доајен Миле Топуз, кој ја изготви насловната страница. Сценарист на сите стрипови е Ване Трајков.
* Со финансиска помош на Министерстсвотѕо за култура во мај 2016 г издаден е вториот број на „СТРИП АЛМАНАХ“ всушност специјално издание на постојаното списание „СТРИП КРЕАТОР“. .Во овој број , на сценарија на Ване Трајков, свои стрипови нацртаа: Ненад Станчев, Милан Милиќ, Александар Цакоски, Џошкун Алиевски, Илчо Стојановски, Горан Мазнев, како и ветеранот Миле Топуз. Гости-цртачи од други земји се Ања Тановиќ од Нови Сад и Сабахудин Мурановиќ-Муран од Босна и Херцеговина
* Стрип Центарот на Македонија со седиште во Велес во април 2014 издаде три нови стрип книги. Едната е стручна книга за стрипот од авторот Ване Трајков и во неа тој ги опишува сите настани од 1963 до седумдесетата година, кога излегува едицијата „Никад робом“ и во која се опфатени и почетоците на македонскиот стрип. Во неа можат да се сретнат разни теми и сценарија од историјата на Македонија. Втората книга е на доајенот на македонскиот стрип, осумдесет и четири годишниот Миле Топуз, во кој го црта периодот од основањерто на Самоиловата држава, нејзиниот подем и падот. Најголемо изненадување за љубителите на стрип уметноста е првата објавена стрип книга на албански јазик од младата авторка од Албанија Герта Операку.Преку ова издадение СЦМ Велес ја шири стрип културата помегу албанското говорно подрачје не само во Македонија, тук и околу. Впрочем оваа асоцијација стана суштински ментор и на стрип сцената во сосдните Албанија и Ксоово. Според издавачите за прв пат во Македонија се објавува стрип на албански јазик. направени се две верзии на македонски и на албански. Книгата носи наслов „Портопалермо“ и тоа е е всушност некое измислено гратче на југот на Албанија и во кое авторката ги опишува авантурите на група млади луѓе .Исто така, во другите две книги се покажува дека стрипот во Македонија не започнува сега, како што постојат некои тези. Напротив тој има, можеби не голема, но реална историја на стрип авторство.
* Со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија , во мај 2016 г се издаде вториот број на ревијата „СТРИП АЛМАНАХ“ всушност специјално издание на постојаното  стрип списание „КРЕАТОР“. И овојпат издавач е Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес. Се работи за авторски сценаристички проект на Ване Трајков ,според чии сценарија своите стрипови ги цртаа македонските автори: Ненад Станчев, Милан Милиќ, Александар Цакоски , Џошкун Алиевски , Илчо Стојановски, Горан Мазнев, и доајенот Миле Топуз. И во ова издание се застапени автори од странство: Ања Тановиќ  од Нови Сад и Сабахудин Мурановиќ-Муран од Босна и Херцеговина.
 
; Белешки
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Стрип