Добромир Хрс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 11:
 
== Опсадата на Просек ==
За време на [[Алексиј III Ангел]] (1195-1203) Хрс повторно се осамостојува во Струмица, и го освојува градот Просек кој бил со извонредна положба во демиркаписката клисура на левиот брег на Вардар. Во својата нова база Просек откако обезбедил доволно оружје и намирници презел голем поход при што неговата територија ја проширил на запад и југ до Прилепската тема (тема е административна област), на север до [[Скопје]], на исток до [[Малешевијата]], до Мородвизд и на југоисток до Струмица. На својата територија ги укинал византиските закони и вовел свои. После катастрофалниот пораз што и го нанел Хрс на Византија 1199 кај Просек, византискиот император се согласил на безусловен мир, при што му била признаена власта над Струмица и Просек и бил назначен за жупан над истите. Својата власт ја зацврстил и со брак со ќерката на византискиот протостратор [[Маноил Камиц]]. Со овој чин Хрс на свое (самостојно) располагање ја имал речиси цела централна Македонија. После апсењето на неговиот дедо Маноил од страна на [[Бугари|Бугарите]], Хрс повторно ги заладил односите со визнатискиот двор бидејќи не сакал да плати откупни на за истот на бугарските власти. Хрс со свои средства го ослободува и презема одмаздички акции во делот на [[Пелагонија]], при што движејќи се на југ успева да продре до [[Тесалија]] и да иницира востание во Елада кое резултирало со отклонување на пелопонез од византиската власт. Гледајќи ја сериозноста Византија ја мобилизирала речиси целата војска и на Хрс и неговиот дедо Маноил Камиц им задале голема контраофанзива при што за кратко време војниците на Хрс биле приморани да се повлечат во Просек. Целата територија на Хрс веќе била повторно во рацете на Византијците. 1201 византиските војски ја зазеле Струмица. Хрс бил сега потиснат во изолираниот Просек, но успева некако со своите телохранители да се извлече, при што понатака му се губи секаков траг.
 
== Литература ==