Никола Вапцаров: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Книжевна дејност: дополнување
Ред 76:
 
За поетиката на Вапцаров пишувале многу писатели и критичари, како: [[Пантелеј Зарев]], [[Цветан Минков]] и [[Розалија Ликова]] во [[Бугарија]]; [[Димитар Митрев]], [[Блаже Ристевски]] и [[Георги Старделов]] во [[Македонија]].<ref>Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 22.</ref> Објавени се бројни избори од поезијата на Вапцаров, како и бројни есеистички дела, како: [[Монографија|монографиите]] на Петар Пондев и на Пењо Русев, расправата „Јазикот и стилот на Вапцаровата поезија“ на Радослав Мутафчиев, [[Есеј|есеите]] на Димитар Митрев со наслов „Вапцаров“, поглавјето за Вапцаров во книгата на Розалија Ликова, „За некои особености на бугарската поезија (1923-1944)“, итн. Притоа, критичарот Пантелеј Зарев го нарекува Вапцаров „поет - новатор“, ставајќи го рамо до рамо со Ботев, [[Иван Вазов|Вазов]], Славјеков, Јаворов и [[Христо Смирненски|Смирненски]]. Според Зарев, поетското дело на Вапцаров претставува нова етапа во развојот на бугарската поезија, носејќи необична сила и нешто автентично, оригинално и непознато.<ref>Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 25-26.</ref>
 
Најважната карактеристика на поезијата на Вапцаров е нејзиниот [[реализам]] и [[револуционер]]ниот [[романтизам]]: реализмот е изразен во разоткривањето на животот, а романтиката во инвентивните визии и мечтаењата за иднината, за новиот, поправеден живот. Меѓутоа, Вапцаров е најинтересен поради новото што го внесува во бугарската поезија, а тоа е одразот на епохата и длабокиот израз на неговата личност. Во неговата поезија се втиснати погледите на светот на еден напреден активист и болката на работникот, на потиснатиот и обесправен човек. Неговата поезија е непосредна, искрено произлегува од неговите доживувања и претставува интимна исповед на некој кој верува во среќата. Неговите доживувања се првиот и најсилниот извор на мотивите и темите во песните.<ref>Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 26-28.</ref>
 
За творештвото на Вапцаров, германскиот писател [[Штефан Хермлин]] рекол: „Помислиме ли на Вапцаров, мислата нè води кон [[Шели]] и [[Бајрон]], кон Бихнер и [[Џакомо Леопарди|Леопарди]]“, а италијанскиот поет [[Салваторе Квазимодо]] изјавил: „Народите кои имаат личности како Вапцаров, растат во очите на светот“. Поради изразениот [[хуманизам]] на неговата поезија, во 1952 година, жирито на [[Меѓународна награда за мир|Меѓународната награда за мир]], предводено од [[Пјер Кот]], од 72 кандидати, го избрало Вапцаров, одликувајќи го посмртно со Почесната награда на мирот. По тој повод, во својот говор, Жермен Ив Фарж изјавил: „Во борбата за [[слобода]] и [[мир]], која денес е најнеодложната задача на сите народи во светот, Никола Вапцаров ќе остане една од најчистите и најблагородните фигури.“<ref>Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 19.</ref>