Разлика помеѓу преработките на „Никола Вапцаров“

с
(→‎Книжевна дејност: дополнување)
[[File:Беседа за делото на Вапцаров - Б.Ристовски.pdf|thumb|мини|десно|„Беседа за делото на Вапцаров“ од [[Блаже Ристовски]] (1990) (кликнете за да ја отворите и читате во целост)]]
 
Покрај основната работа за егзистенција, Вапцаров се занимавал со [[Книжевност|книжевна]] дејност. Тој бил еден од организаторите на „[[Македонски литературен кружок|Македонскиот литратурен кружок]]“ во [[Софија]]. Од самите членови бил сметан за „срж“ на кружокот. Вапцаров се занимавал со [[поезија]], пишувал критики и бил еден од организаторите на списанието „Литературен критик“. Своите најзначајни стихови ги создал во периодот од 1936 до 1942 година. Во [[1940]] година ја објавил својата прва и единствена поетска збирка, „[[Моторни песни]]“, а пово паѓањето1946 на фашизмотгодина во Бугарија посмртно билебила објавена збирката „Антологија“, како и книгата за деца „Пролет“.
 
Вапцаров започнал да пишува уште додека работел во фабриката во Кочериново, каде напишал една драма за експлоатацијата на работниците. Неговата книжевна дејност продолжила и по преселбата во Софија, каде своите песни ги објавувал во напредните весници и списанија. Во тој период, неговата песна „Романтика“ ја добила наградата на анонимниот конкурс во списанието „Летец“, а исто така победил и на конкурсот за [[радио]]-[[драма]], но откако било откриено кој е авторот, драмата не била поставена. Подоцна, кога малку се поправила неговата материјална положба, Вапцаров и собрал своите песни и ја објавил збирката „Моторни песни“. Притоа, тој ги обиколувал издавачите во Софија, но никој не сакал да ја објави книгата, така што тој и сопругата зеле пари на заем и ја објавиле книгата како сопствено издание. За да се скрие од власта, тој се потпишал само како Никола Јонков. Според сведоштвото на неговата сопруга, во тој период, името на Вапцаров било игнорирано не само од официјалната, туку и од прогресивната книжевна критика. И покрај тоа, Вапцаров бил многу ценет од неговите другари и уживал голема популарност кај прогресивните читатели, а неговите песни биле често рецитирани на многубројните забави и вечеринки. Самиот Вапцаров бил многу активен и бил иницијатор за формирањето на [[Македонски литературен кружок|Македонскиот литературен кружок]]. Подоцна, во 1941 година, започнал да го издава весникот „[[Литературен критик]]“, кој често бил подложен на [[цензура]], а наскоро бил и забранет.<ref>Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 13-17.</ref>
 
Вапцаров пишувал на [[бугарски јазик]], а подоцна, неговите дела се преведени на 45 јазици, вклучувајќи го и [[македонскимакедонскиот јазик]]. Според [[Гане Тодоровски]], иакоспоред Вапцаровјазичните, еидејно-стилските едени одсодржинско-тематските најистакнатитеознаки, претставниципоетскиот опус на Вапцаров ѝ припаѓа на бугарската поезија меѓу двете светски војни.<ref>Гане Тодоровски, сепак„Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 20.</ref> Сепак, според потеклото, чувството, акцијата и содржинската означеност на својатанеговата поезија, тој бил [[Македонец]], а македонството претставува содржинска компонента на голем дел од неговата [[поезија]].<ref>Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 7.</ref>
 
===Моторни песни===
 
===Осврт врз творештвото на Вапцаров===
Вапцаров започнал да пишува во духот на [[Романтизам|романтичарско]]-патетичната традиција на [[Бугарска поезија|бугарската поезија]], под влијание на [[Христо Ботев]] и [[Пејо Јаворов]], пеејќи на национални и социјални мотиви и манифестирајќи јасна ангажираност, со повик на акција. Постепено, неговиот поетски израз станал самобитен и оригинален, во согласност со императивите на современата социјална поезија, со поголема непосредност, со употреба на разговорниот [[јазик]] и со послободна форма. Така, тој успеал да изгради вапцаровски стил, кој иако не означува посебна фаза во развојот на бугарската поезија, сепак означува автентична поетска личност. Според [[Гане Тодоровски]], она по што позијата на Вапцаров најмногу се издвојува од општите текови на бугарската поезија од пред [[Втората светска војна]], тоа е токму доминантното присуство на македонската тема. Во тој поглед, ниту еден бугарски поет од неговото време не се доближува до вапцаровскиот мотив на татковината, зашто неговото сфаќање на Македонија, македонска татковина и македонска историја остро се разликува од сите други бугарски поети.<ref>Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 22.</ref>
 
Во предговорот кон изборот од поезијата, македонскиот поет [[Гане Тодоровски]] го нарекува Вапцаров легенда, синоним на неразделното единство на зборот и на делото и раритетна појава без кого светската книжевност би била посиромашна, а неговото творештво претставува [[симбиоза]] на [[уметност]]а и [[морал]]от, на националното и социјалното одредување, на интернационалниот [[алтруизам]] и интимната човекова исповед. Исто така, Тодоровски го смета Вапцаров за една од најуверливите илустрации за творечките потенцијали на македонскиот народ.<ref>Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 5-6.</ref>
 
За поетиката на Вапцаров пишувале многу писатели и критичари, како: [[Пантелеј Зарев]], [[Цветан Минков]] и [[Розалија Ликова]] во [[Бугарија]]; [[Димитар Митрев]], [[Блаже Ристевски]] и [[Георги Старделов]] во [[Македонија]].<ref>Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 22.</ref> Објавени се бројни избори од поезијата на Вапцаров, како и бројни есеистички дела, како: [[Монографија|монографиите]] на Петар Пондев и на Пењо Русев, расправата „Јазикот и стилот на Вапцаровата поезија“ на Радослав Мутафчиев, [[Есеј|есеите]] на Димитар Митрев со наслов „Вапцаров“, поглавјето за Вапцаров во книгата на Розалија Ликова, „За некои особености на бугарската поезија (1923-1944)“, итн. Притоа, критичарот Пантелеј Зарев го нарекува Вапцаров „поет - новатор“, ставајќи го рамо до рамо со Ботев, [[Иван Вазов|Вазов]], Славјеков, Јаворов и [[Христо Смирненски|Смирненски]]. Според Зарев, поетското дело на Вапцаров претставува нова етапа во развојот на бугарската поезија, носејќи необична сила и нешто автентично, оригинално и непознато.<ref>Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 25-26.</ref>
 
За творештвото на Вапцаров, германскиот писател [[Штефан Хермлин]] рекол: „Помислиме ли на Вапцаров, мислата нè води кон [[Шели]] и [[Бајрон]], кон Бихнер и [[Џакомо Леопарди|Леопарди]]“, а италијанскиот поет [[Салваторе Квазимодо]] изјавил: „Народите кои имаат личности како Вапцаров, растат во очите на светот“. Поради изразениот [[хуманизам]] на неговата поезија, во 1952 година, жирито на [[Меѓународна награда за мир|Меѓународната награда за мир]], предводено од [[Пјер Кот]], од 72 кандидати, го избрало Вапцаров, одликувајќи го посмртно со Почесната награда на мирот. По тој повод, во својот говор, Жермен Ив Фарж изјавил: „Во борбата за [[слобода]] и [[мир]], која денес е најнеодложната задача на сите народи во светот, Никола Вапцаров ќе остане една од најчистите и најблагородните фигури.“<ref>Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 19.</ref>
 
== Чествување на 100 годишнината од раѓањето на поетот ==