Давид Албахари: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
дополнување
Ред 5:
 
==Творештво==
Првата збирка кратки раскази „Семејно време“ (''Породично време'') ја објавил во [[1973]] година, а поголема популарност стекнал со четвртата книга „[[Опис на смртта]]“ (''Опис смрти''), за која ја добил наградата „[[Иво Андриќ (награда)|Иво Андриќ]]“. Во 1996 година, неговата книга „Мамец“ ја добила [[НИН-ова награда|НИН-овата награда]] за [[роман]] на годината, како и наградата на [[Народна библиотека на Србија|Народната библиотека на Србија]] за најчитана книга. Неговите книги се преведени на повеќе јазици, како: англиски, хебрејски, француски, шпански, италијански, унгарски, албански, словачки, грчки, германски, дански, полски и [[есперанто]].<ref>„Белешка о писцу“, во: Давид Албахари, ''Опис смрти''. Београд: Српска књижевна задруга, 2004, стр. 155.</ref>
 
Давид Албахари е писател на затворен, на момент и на херметички израз, автор кој бара не само голем читателски напор, туку и потполна соработка од страна на читателот во градењето на значењето на неговите дела. Но, наспроти таквиот пристап, тој не само што ја стекнал поддршката од книжевната критика, туку ужива голема популарност и кај публиката. Притоа, читателите имаат различни ставови кон неговото творештво: од една страна се обожавателите на неговата проза за кои тој претставува култен писател, а од друга страна се оние на кои им пречи изразената сложеност и нагласениот артизам на неговиот израз.<ref>{{cite web|title=„Бег у стварност: интервју са Давидом Албахаријем“|url=http://www.vreme.co.rs/cms/view.php?id=1020935|website=Време|accessdate=24. 1. 2018}}</ref>
 
===Библиографија===
Албахари ги објавил следниве дела:<ref>„Белешка о писцу“, во: Давид Албахари, ''Опис смрти''. Београд: Српска књижевна задруга, 2004, стр. 155.</ref>
* ''Збирки раскази'':
::* „Семејно време“ (''Породично време''), 1973
::* „Обични приказни“ (''Обичне приче''), 1978
::* „[[Опис на смртта]]“ (''Опис смрти''), 1982
::* „Фрас во шупата“ (''Фрас у шупи''), 1984
::* „Едноставност“ (''Једноставност''), 1988
::* „Избрани раскази“ (''Изабране приче''), 1994
::* „Необични приказни“ (''Необичне приче''), 1999
::* „Вториот јазик“ (''Други језик''), 2003
* ''Романи'':
::* „Судијата Димитриевиќ“ (''Судија Димитријевић''), 1978
::* „Цинк“, 1988
::* „Кратка книга“ (''Кратка књига''), 1993
::* „Снешко“ (''Снежни човек''), 1995
::* „[[Мамец]]“ (''Мамац''), 1996
::* „Мрак“, 1997
::* „Гец и Маер“ (''Гец и Мајер''), 1998
::* „Светскиот патник“ (''Светски путник''), 2001
* Есеи:
::* „Препишување на светот“ (''Преписивање света''), 1997
::* „Товар“ (''Терет''), 2004
 
Во 1996 и 1997 година, издавачката куќа „[[Народна книга]]“ (''Народна књига'') ги објавила неговите избрани дела, во десет книги.
 
== Наводи ==