Никола Вапцаров: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
→‎Биографија: дополнување
Ред 19:
== Биографија ==
 
Вапцаров е роден во [[Банско (град)|Банско]] во [[Пиринска Македонија]], на 7 декември [[1909]] година, како прво дете на Иван (Јонко) Вапцаров и Елена Везјова, двајцата [[Македонци]] од [[Протестантство во Македонија|протестантска]] ([[Евангелистичка црква|евангелистичка]]) вероисповест. Татко му, Иван (Јонко) Вапцаров, учествувал во револуционерното движење за ослободување на Македонија од турското ропство: најпрвин во Илинденското востание, потоа во изгонувањето на Турците во 1912 година, а потоа бил вклучен во братоубиствените борби меѓу одделните фракции на македонските револуционери. Мајката на Никола Вапцаров имала неколкугодишно образование во американскиот колеџ во [[Самоков (Бугарија)|Самоков]], а потоа, извесно време работела како учителка во Македонија при што и таа се вклучила во борбата за ослободување на Македонија. Во раното детство, Никола Вапцаров бил воспитуван најпрвин во во духот на [[Библија|библиските]] приказни, а потоа и во духот на [[љубов]]та кон книгата и кон татковината. За тоа сведочи и една случка која ја раскажува неговата мајка во нејзините спомени: еднаш, додека патувале во Добриниште, по патот сретнале [[Срби]]-заробеници, а малиот Никола ги гледал со сожалување. Кога баба му Милана му објаснила дека тие се заробени Срби, Никола ветил дека ќе стане силен, ќе ги ослободи заробениците.<ref>Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 7-10.</ref> <ref>Георги Сталев, ''Литература на македонскиот јазик'', Просветно Дело, Скопје, 1995, стр. 153.</ref>
 
Вапцаров завршил основно [[училиште]] и шести клас [[гимназија]] во [[Разлог]]. Тогаш го прекинал образованието во гимназијата и се запишал во Морнарско-машинското училиште во [[Варна]], каде се сретнал со [[Марксизам|марксистичко-ленинистички]] кружок и станал негов активист. Таму го објавил своето прво поетско дело - стихотворбата „Кон светли идеали“. По завршувањето на школувањето, во [[1932]] година, Вапцаров станал [[машински техничар]], отпрвин на еден [[Брод (пловило)|брод]] со кој патувал по северниот брег на [[Африка]]. Поради ограничената комуникација со луѓето, тој ја напуштил службата и се вработил во Бугарската горска индустрија, во селото [[Кочериново]] (во близината на [[Дупница]]), како машински техничар. Додека работел во фабриката, во слободното време, Вапцаров се бавел и со културно-просветна работа: на сцената поставил неколку пиеси, држел предавања на различни теми и се дружел со работниците. Малку потоа, тој станал член на [[Бугарска комунистичка партија|Бугарската комунистичка партија]]. Според сведоштвата на Васил Иванов Чорлев и Мордоше Маџар, работници во [[фабрика]]та, Вапцаров напишал драма за експлоатацијата на работничката класа која се препишувала од страна на работниците, но скришум од сопствениците и од власта. Додека работел во Кочериново, Вапцаров ја запознал својата идна сопруга Бојка, која била дете на доселени [[хартијаМакедонци]] од [[Егејска Македонија]]. Токму Бојка Вапцарова ги оставила најважните информации за животот на Никола Вапцаров во периодот од 1932 и мукава1942 година, изнесени во нејзината книга „Кога воскреснуваат милионите луѓе“ (Софија, 1961).<ref>Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 12-14.</ref>
 
Во 1935 година, фабриката во која работел Вапцаров била затворена и тој останал без работа. Меѓутоа, под негово водство, работниците од фабриката кренале бунт и ги присилиле сопствениците повторно да ја отворат фабриката. Сепак, власта дознала за дејноста на Вапцаров и тој бил отпуштен од работа. Тогаш започнале најтешките години во неговиот живот (1936-1937), кои во својата книга ги опишува Бојка Вапцарова: Никола Вапцаров се разболел, а нивното дете умрело, а тој и сопругата преживеале само благодарение на помошта што им ја давале неговите другари. Никола Вапцаров не можел да најде работа, но најпосле, по долго барање, се вработил како техничар во мелницата на браќата Бугарчеви во [[Софија]], каде работел во тешки услови - работно време од 12 часа, и тоа само ноќна смена, постојано изложен на големи количества [[јаглерод-диоксид]] што ги испуштала [[машина]]та. Сепак, дури и во тие околности, Вапцаров не престанал да пишува, а своите стихови ги објавувал во прогресивните весници и списанија. Во 1938 година ги напуштил браќата Бугарчеви и се вработил како ложач во Бугарските државни железници, но и таму условите за работа биле тешки, поради што неколкупати се разболел. Негвоите другари му помогнале да се вработи во фабриката за месо, а истовремено се вработила и сопругата Бојка.<ref>Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 14-15.</ref>
 
Поради членството во Бугарската комунистичка партија, Вапцаров паднал во немилост на профашистичите реакционерни сили во Бугарија. Најпрвин, во [[1933]] година, тој бил тепан од страна на функционери на [[ВМРО]] поради неговите политички дејствувања. Според сведоштвото на [[Георги Караславов]] искажано во „Средби и разговори со Никола Вапцаров“ (Софија, 1961), припадниците на [[ВМРО (појаснување)|ВМРО]] на [[Иван Михајлов]] извршиле неуспешен [[атентат]] врз Вапцаров на патот меѓу [[Горна Џумаја]] и [[Бараково]], кога „непознати“ лица пукале во Вапцаров, но не успеале да го погодат. Најпрвин, Караславов сметал дека причината за атентатот била тоа што Јонко Вапцаров бил „протогеровист“ и противник на михаиловистите или пак можеби поради тоаш што Никола му помагала на својто татко. Меѓутоа, самиот Никола Вапцаров му кажал дека обидот за убиството бил поради неговата [[комунист]]ичка активност во [[фабрика]]та во која што работел.<ref>Гане Тодоровски, „Животот и делото на Никола Јонков Вапцаров“, во: Никола Ј. Вапцаров, ''Песни''. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 11-12.</ref> По неуспешниот атентат врз него, Вапцаров напишал писмо до [[Ванчо Михајлов]], прашувајќи го зашто сакаат да го убијат, а овој настан подоцна го инспирирала да ја напише стихотворбата „Песна“.