Никола Вапцаров: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
Ред 19:
== Биографија ==
 
Вапцаров е роден во [[Банско (град)|Банско]] во [[Пиринска Македонија]] во [[1909]] година, во семејство кое било посветено на македонското ослободително движење. Неговата мајка била [[учител]]ка и со самите нејзини контакти со месното население се вклучила во ослободувањето на Македонија.<ref>''Георги Сталев, ''Литература на македонскиот јазик'', Просветно Дело, Скопје, 1995, стр. 153.</ref> Вапцаров завршил основно [[училиште]] и шести клас [[гимназија]] во [[Разлог]]. Тогаш го прекинал образованието во гимназијата и се запишал во Морнарско-машинското училиште во [[Варна]], каде се сретнал со [[Марксизам|марксистичко-ленинистички]] кружок и станал негов активист. Таму го објавил своето прво поетско дело - стихотворбата „Кон светли идеали“. По завршувањето на школувањето, во [[1932]] година, Вапцаров станал [[машински техничар]], отпрвин на еден [[Брод (пловило)|брод]] со кој патувал по северниот брег на [[Африка]]. Поради ограничената комуникација со луѓето, тој ја напуштил службата и се вработил во селото [[Кочериново]] како техничар во фабрика за [[хартија]] и мукава. Во [[1933]] година бил тепан од страна на функционери на [[ВМРО]] поради неговите политички дејствувања. Малку подоцна, на патот од [[Благоевград|Горна Џумаја]] за Кочериново бил извршен неуспешен атентат врз него, поради што Вапцаров напишал писмо до [[Ванчо Михајлов]], прашувајќи го зашто сакаат да го убијат. Овој настан подоцна го инспирирала да ја напише стихотворбата „Песна“.
 
Поради тоа што како марксист-ленинист ја пропагирал идејата за класен преврат, бугарските власти почнале да го притвораат, распрашуваат и малтретираат. Освен проблемите со бугарската власт, Вапцаров добил [[отказ]] од [[фабрика]]та каде работел, по што променил неколку работи и повеќе пати добивал откази. Така, тој работел како машинист во парна мелница, а потоа како ложач во [[локомотива]]. Неговите промени на работа потрајале подолго време. Со секоја акција на бугарската [[полиција]] против него, кај Вапцаров се разгорувала реакцијата против постојниот [[Капитализам|капиталистичко]]-[[Фашизам|фашистички]] систем.