Никола Вапцаров: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Семејството и Никола: ситна поправка
→‎Биографија: ситна поправка, промени во стилот
Ред 25:
Вапцаров бил противник на [[Фашизам|фашизмот]] и неговите политички заложби биле настроени против таа [[идеологија]]. Раководителот на пиринското [[партизан]]ско движење, [[Никола Парапунов]], го поканил да се приклучи во раководството на движењето, ценејќи ги неговите диверзантски и разузнавачки акции врз важни објекти со кои се служеле фашистите во [[Бугарија]]. Вапцаров ја прифатил поканата, но не добил дозвола од раководството на Централниот комитет на [[Бугарската работничка партија (комунисти)|Бугарската работничка партија]] (комунисти). Вапцаров таа постапка не можел да ја разбере, па продолжил со диверзантските акции.
 
Во [[1940]] година, тојВапцаров собирал потписи низ [[Пиринска Македонија|Пиринско]] во т.н. „[[Соболева акција]]“. Поради тоа, Вапцаровтој бил уапсен, осуден и интерниран во [[Годеч]]. По враќањето од Годеч (септември [[1941]] г.) зел учество во саботажите против германската војска, во снабдувањето со [[оружје]], во набавката на документи и во обезбедувањето соби за илегалците. Како соработник на воената организација на Бугарската комунистичка партија, во [[1942]] година бил фатен од бугарските власти, заедно со [[Атанас Романов]] и [[Антон Попов]]. Во [[судски процес против ЦК БРП|судскиот процес против ЦК БРП]], Вапцаров бил осуден на [[смртна казна]]. Под притисок на своите роднини, Никола напишал молба за помилување, која гласела:<ref>ЦВА, ф.16, оп.ІІ, а.е.112, л.329</ref>
 
„До Негово величество царот - Софија
Ред 36:
 
По промената на односот на БКП кон македонското прашање, комунистичката власт во Бугарија се обидела да го искористи талентираниот писател за зацврстување на сопствениот авторитет, при што во [[1963]] година бил изработен фалсификат на еден партиски протокол за божемното членство на Никола Вапцаров во партиската организација на БКП во селото [[Стоб]].<ref>http://www.epochtimes-bg.com/2008-03/2008-12-22_08.html</ref>
 
=== Семејството на Никола Вапцаров ===
Изјавите на семејството на Вапцаров за него биле во голема зависност од политичката состојба во Бугарија. Така, за време на судскиот процес, на 15 јули 1942 година, мајка му Елена напишала молба до царот [[Борис ІІІ]] со следниве зборови: „Ваше величество, младите години си ги дадов за Бугарија, залакот од устата и оној на децата го делев со сите апостоли за слободата на Бугарија .... Мојата молба е милост, милост, Ваше величество, дарувајте му го животот, преземам одговорност дека ќе се потрудам да му влијајам, дека тој ќе стане добар [[Бугари]]н“. Во две други молби до министерот за одбрана исто така се заложува дека „Тој ќе стане добар Бугарин и своите сили и способности ќе ги положи пред олтарот на својата Родина.“<ref>ЦВА, ф. 15, оп.ІІ, а.е.112, л.297.</ref> Во очајните обиди да го спасат неговиот живот, сестра му Рајна отишла дури подалеку во својата молба до царот: „Мајка беше вистинска Бугарка и за неa родината беше најскапото нешто. Таа сакаше да ја види слободна од „Дунав до Егејот бел, и од Албанската пустина до Црноморските води“. И сега кога срцата на сите се радуваат, мојата мајка не може да се радува, оти нејзината мечта се остварила, бидејќи нејзините двајца синови се обвинети како комунисти.“<ref>ЦВА, ф.16, оп.ІІ, а.е.112, л.491-492.</ref> Неколку години подоцна, за време на културната автономија во [[Пиринска Македонија]], при средба со македонски писатели, Елена Вапцарова изјавила: „Најпосле дочекав да се сретнам со македонски писатели, колеги на мојот Кољо. И тој со нив ќе дојдеше ако беше жив, но го убија крвниците... Некои после ослободувањето, ме прашаа - чиј поет е тој? Одговорив со неговите зборови: „Над мојата земја в небото се опира Пирин, и мурите в бури илинденски приказни пејат, над Охрид лазурот е просторен и син, а уште надолу е светлиот брег на Егејот”. Секако, поетот не може да поседува со тапија, но ако постои тоа, во тој случај тапија ќе бидат неговите стихови.“<ref>Весник „[[Нова Македонија]]“, 7 мај 1948 година.</ref>
 
Братот на Никола, Борис, изградил успешна кариера како комунистички функционер и целосно ја следел политиката на БКП, вклучително и во однос на македонското прашање.<ref>[http://www.nbu.bg/webs/historyproject/dokumenti_44-62/razdel1t1/f1op5ae134.pdf http://www.nbu.bg]</ref> Неговите деца, Маја<ref>[http://liternet.bg/publish/ctrifonova/otgovor.htm http://liternet.bg]</ref> и Никола, на ист начин го продолжиле искачувањето кон политичката елита. Нивната злоупотреба на името на Никола Вапцаров за корисни цели завршила со уништување на неговиот [[гроб]], што предизвикало повеќемесечен скандал.<ref>[http://www.btv.bg/news/news_details.pcgi?cont_id=135833 http://www.btv.bg]</ref>
 
== Книжевна дејност ==