Разлика помеѓу преработките на „Никола Вапцаров“

(→‎Семејството и Никола: ситна поправка)
== Чествување на 100 годишнината од раѓањето на поетот ==
По повод 100 годишнината од раѓањето на Никола Вапцаров, [[Друштво на писателите на Македонија|Друштвото на писателите на Македонија]] и [[Институт за македонска литература]], одржало свечен собир. <ref>[http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=79992A5769861F4AB325B8DBFE5FACDD Утрински весник број 3163, петок, 18 декември 2009: Вапцаров е значајно поглавје во македонската литература]</ref> Амбасадата на [[Република Бугарија]] во Македонија и [[Културно информациониот центар на Република Бугарија во Република Македонија]], исто така, организирале „Вапцарова вечер“.<ref>[http://inpress.com.mk/?ItemID=F653373957F2144980D3EFE7AFD0DA80 Вапцарова вечер] Агенција „Инпрес“, 16 декември 2009.</ref>
 
== Семејството и Никола ==
 
Значајно е дека изјавите на фамилијата за него се во голема зависност од политичката состојба во Бугарија. Така за време на судскиот процес, мајка му Елена напишала молба до царот [[Борис ІІІ]] „Ваше величество, младите години си ги дадов за Бугарија, залакот од устата и оној на децата го делев со сите апостоли за слободата на Бугарија .... Мојата молба е милост, милост, Ваше величество, дарувајте му го животот, преземам одговорност дека ќе се потрудам да му влијајам, дека тој ќе стане добар Бугарин“ (15 јули 1942 година). Во две други молби до министерот за одбрана исто така се заложува дека „Тој ќе стане добар Бугарин и своите сили и способности ќе ги положи пред олтарот на својата Родина.“<ref>ЦВА, ф. 15, оп.ІІ, а.е.112, л.297</ref> Во очајните обиди да го спасат неговиот живот, сестра му Рајна ќе оди дури подалеку во својата молба до царот: „Мајка беше вистинска Бугарка и за неa родината беше најскапото нешто. Таа сакаше да ја види слободна од „Дунав до Егејот бел, и од Албанската пустина до Црноморските води“. И сега кога срцата на сите се радуваат, мојата мајка не може да се радува, оти нејзината мечта се остварила, бидејќи нејзините двајца синови се обвинети како комунисти.“ <ref>ЦВА, ф.16, оп.ІІ, а.е.112, л.491-492</ref> Неколку години подоцна, за време на културната автономија во Пиринска Македонија, при средба со македонски писатели Елена Вапцарова ќе изјави „Најпосле дочекав да се сретнам со македонски писатели, колеги на мојот Кољо. И тој со нив ќе дојдеше ако беше жив, но го убија крвниците... Некои после ослободувањето, ме прашаа - чиј поет е тој? Одговорив со неговите зборови: „Над мојата земја в небото се опира Пирин, и мурите в бури илинденски приказни пејат, над Охрид лазурот е просторен и син, а уште надолу е светлиот брег на Егејот” Секако, поетот не може да поседува со тапија, но ако постои тоа, во тој случај тапија ќе бидат неговите стихови.“ <ref>Весник „[[Нова Македонија]]“ 7 мај 1948 година</ref>
 
Братот на Никола, Борис, градил успешна кариера како комунистички функционер и целосно ја следил политиката на БКП, вклучително и во однос на македонското прашање.<ref>http://www.nbu.bg/webs/historyproject/dokumenti_44-62/razdel1t1/f1op5ae134.pdf</ref> Неговите деца Маја<ref>http://liternet.bg/publish/ctrifonova/otgovor.htm</ref> и Никола на ист начин го продолжуваат искачувањето кон тоталитарната елита. Падот на нивната злоупотреба со името на Никола Вапцаров за корисни цели ќе заврши со уништување на неговиот гроб во повеќемесечен скандал.<ref>http://www.btv.bg/news/news_details.pcgi?cont_id=135833</ref>
 
== Галериjа ==