Разлика помеѓу преработките на „Ерих Фром“

Додадени 2.058 бајти ,  пред 1 година
→‎Творештво: дополнување
(→‎Библиографија: дополнување)
(→‎Творештво: дополнување)
Фром пишувал рационално и со јасен стил, што довело до голема популарност на неговите дела. Тој станал славен со книгата „[[Бегство од слободата]]“ (1941) во која го изразува ставот дека современиот човек, поради стравот од [[слобода]]та, бега во авторитаризам, конформизам и деструкција. Според антропологот [[Маргарет Мид]], оваа книга „го премости јазот меѓу [[економија]]та и [[психологија]]та и покажа дека ниедна [[теорија]] која се заснова само врз начинот на кој човекот заработува за живот или само на човечката природа не е доволна.“ Во 1955 година ја објавил книгата „[[Здраво општество]]“ во која предлага дека секој поединец, кога ќе се соочи со доминација на [[технологија]]та, мора да развие високи [[Етика|етички]] стандарди, тврдејќи дека „опасноста на иднината е дека луѓето ќе станат [[робот]]и“. И оваа книга го привлекла вниманието ширум светот, а [[Волдо Франк]] напишал во списанието „Нејшн“: Во оваа книга, тој станува отворено - некои би рекле и страсно - критичар на општеството.“ Во 1956 година се појавила најпозната книга на Фром, „[[Вештината на сакањето]]“ во која го изнесол ставот дека љубовта е „единствениот здрав и задоволувачки одговор на проблемот на човечката егзистенција“ и дека таа е „став, ориентација на карактерот која го одредува односот на личноста кон светот како целина, а не кон еден објект на љубовта“. Во ова дело, Фром ја опишал разликата меѓу љубовта кон себе и себичноста, што се смета за еден од неговите најголеми придонеси во [[психологија]]та. Други позначајни дела на Фром се: „[[Мисијата на Сигмунд Фројд]]“ (1959), „[[Заборавениот јазик|Заборавениот јазик: вовед во разбирањето на соновите, бајките и митовите]]“ (1951) и „[[Ќе бидете како Богови|Ќе бидете како Богови: радикално толкување на Стариот завет и неговите традиции]]“ (1966).<ref>„Upoznajte Eriha Froma“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 181-183.</ref>
 
Како интелектуалец со широк круг на интереси и со познавање на повеќе научни дисциплини, Ерих Фром оставил многу богато творештво чија општа карактеристика е длабокиот хуманизам и искрената потрага по смислата на животот во современиот свет. Оттука, во весникот „Хералд трибјун“, Џон Долард го нарекол Фром „во исто време, социолог, [[филозоф]], историчар, психоаналитичар, [[економист]] и [[Антропологија|антрополог]] - и, неизбежно, љубител на човечкиот живот, поет и пророк.“<ref>„Upoznajte Eriha Froma“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 179.</ref> По повод смртта на Фром, во весникот „[[Њујорк тајмс]]“ бил објавен некролог во кој [[Ерл Витенберг]], тогашен директор на институтот „[[Вилијам Алансон Вајт]]“, го нарекол „голем човек, и по изгледот и по силните идеи“, додека професорката на Универзитетот „Колумбија“, [[Рут Нанда Аншен]], рекла за Фром: „Тој знаеше дека сме фрлени во овој рамнодушен космос... и дека ние не можеме да направиме ништо по тој повод, но сепак, не треба да бидеме замолчени со неубедлива потчинетост“. Најпосле, во својата студија од 1974 година, со наслов „Ерих Фром“, [[Дон Хаусдорф]] ја дал следнава оцена на творештвото на Фром: „... тој се обиде да се соочи со нашите морални и интелектуални дилеми и да го разбере човештвото кое делува одлучно да се уништи самото себе. Фромовото дело отсекогаш ја носеше одликата на одбивање да им се покори на помодниот страв на дваесеттиот век и на стилот кој му е пристапен како на образованиот лаик, така и на научниците. Иако некои критичари го осудуваа неговиот 'оптимизам', Фром...е еден од оние луѓе кои всушност помагаат да успее демократијата.“<ref>„Upoznajte Eriha Froma“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 182-184.</ref>
 
==Библиографија==