Бранови појави: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Одбиени последните 2 промени (од 95.156.52.26) и ја поврати преработката 3471844 на Ehrlich91
Ред 1:
Примери за браново движење има насекаде околу нас. Ако во мирна вода фрлиме камен, областа која непосредно е допрена од каменот почнува да осцилира, а потоа осцилирањето се шири создавајќи бранови по површината на водата. Звукот, исто така, е еден вид браново движење. Приемот на звукот и сликата во радиото и телевизиските приемници се остварува со електромагнетните бранови. Електромагнетни бранови се и светлинските, рендгенските зраци и γ- зраците. Во зависност од природата на брановиот процес и средината низ која се пренесуваат постојат: ''механички, електромагнетни и квантномеханички бранови.
Што е бран? Како се создава брановото движење?'' Одговорите се различни ини|десно|Бран]]за различни видови бранови.
[[Податотека:Simple harmonic motion animation.gif|мини|десно|Бран]]
Наједноставен пример за да покажеме браново движење е ако земеме едно долго јаже или гумено црево и со рака го придвижуваме горе-долу.
Кога во една материјална средина (тврда, течна или гасовита ) се најде извор на осцилации (тоа е и '''извор на бранот''') меѓу изворот и честиците на материјалната средина се јавуваат еластични сили на заемно дејство. Под нивно влијание честиците од средината се присилени да осцилираат со фреквенција еднаква на фреквенцијата на изворот на бранот. Се разбира, најнапред ќе почнат да осцилираат оние честици од средината кои се во непосреден контакт со изворот на бранот, а подалечните честици доцнат во фаза од претходните и од изворот на бранот.
Процесот на ширење на осцилациите во просторот со текот на времето се вика '''бранов процес''', ''браново движење или бран''.
При брановиот процес честиците на еластичната средина осцилираат околу рамнотежната положба, а од една на друга честица во просторот се ''пренесува само деформацијата, а со тоа и енергијата од изворот''. Во тоа може да се уверите ако на мирна вода каде има една топка или друг лесен предмет фрлите камен. Притоа топката осцилира горе-долу, останувајќи скоро на истото место, без разлика што бранот видно се проширил.
''Какви бранови разликуваме и како тие се шират во околината?''
Во зависност од тоа како осцилираат честиците на еластичната средина може да бидат:

[[Податотека:Onde compression impulsion 1d 30 petit.gif|мини|лево|Трансверзален бран]]
Ред 7 ⟶ 8:
Дел од просторот во кој сите честици се вклучени во осцилаторниот процес се вика [[браново поле]]. Границата која ги одделува честиците од оние што сè уште не почнале да осцилираат. се вика [[предница на бранот]](латински [[frontalis]] - чело.)
[[Податотека:Spherical Wave.gif|мини|лево|Сферен бран]]

==='''Бранова површина'''===
Бранова површина е геометриско место на точки, кои во текот на брановиот процес осцилираат со еднакви фази. Брановата површина може да има произволна форма, но во најпрост случај таа може да биде рамна, сферна или цилиндрична. Според тоа, во неограничена хомогена и изотропна средина, каде брзината на ширење во сите насоки е иста, бранот се шири по концентрична површина чиј центар е во изворот на бранот.