Разлика помеѓу преработките на „Ерих Фром“

Додадени 3.049 бајти ,  пред 1 година
→‎Творештво: дополнување
(→‎Биографија: дополнување)
(→‎Творештво: дополнување)
 
== Творештво ==
Благодарение на своето образование од областа на [[социологија]]та, Фром го сметал учењето на [[Зигмунд Фројд]] тесно и механичко и тврдел дека нештата кои Фројд настојувал да ги објасни со вродените инстинкти, всушност се под влијание на економските, политичките и културните сили. Според Фром, човекот не е збир на нагони ставени под репресија, туку тој е [[Општество|општествено]] суштество кое учествува во општествената структура. На тој начин, Фром застанал на страната на аналитичките [[Марксист|марксисти]] и на [[Социјалист|социјалистите]], а најмногу бил близок на раните марксистички сфаќања. На почетокот, Фром најмногу пишувал за [[Кривично право|кривичното право]], [[религија]]та и [[морал]]от, а во раните 1930-ти, истражувањата за [[Патријархат|патријархалните]] и [[Матријархат|матријархалните]] општества го мотивирале да пишува за татковската и мајчината [[љубов]]. По преселбата во [[САД]], веќе во 1940-тите Фром почнал да пишува на [[англиски јазик]], а во тој период се заострила неговата критика на класичната психоанализа. По објавувањето на книгата „[[Бегство од слободата]]“ во 1941 година, Фром станал познат со своите хуманистички идеи кои се смеса на [[Јудаизам|јудаизмот]], [[Марксизам|марксизмот]], психоанализата, [[Таоизам|таозимот]] и [[Зен-будизам|зен-будизмот]]. Подоцна, тој станал политички активен и ја презел главната улога во антинуклеарните и [[Пацифизам|пацифистичките]] движења. Истовремено, Фром одржувал плодни врски со главните личности од областа на психоанализата и на општествените науки, како: [[Шандор Ференци]], [[Хари Стек Саливен]], [[Дејвид Рисман]] и [[Херберт Маркузе]].<ref>Piter Krejmer, „Uvod“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 10-12.</ref>
 
==Библиографија==
Ерих Фром бил исклучително плоден автор. Негови позначајни дела се:<ref>Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 187-190.</ref>
* „Психоанализата и социологијата“ (1928)