Вештината на сакањето: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Осврт кон делото: дополнување
Ред 12:
 
==Осврт кон делото==
Во предговорот кон книгата, Фром нагласува дека таа не содржи готови упатства за вештината на љубовта, туку напротив, сака да покаже дека [[љубов]]та не е чувство на кое секој може лесно да му се препушти, зашто умешноста на љубовта е дел од целокупниот развој на личноста. Притоа, тој нагласува дека во оваа книга се повторуваат многу од идеите од неговотенеговите други дела („[[Бегство од слободата]]“, „[[Човек за себе]]“ и „[[Здраво општество]]“) , иако во неа се изложени и некои нови идеи.<ref>Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 19-20.</ref>
 
Книгата „Вештината на сакањето“ ужива голема популарност и е преведена на 35 светски јазици. Според [[Питер Крејмер]], и половина век по објавувањето, „Вештината на сакањето“, продолжува да ни дава сознание, утеха и инспирација. Притоа, тој наведува неколку фактори кои оваа книга ја прават безвременска: темата на книгата (љубовта), непосредниот и едноставен наслов во кој намерно е испуштен стручниот израз „[[психоанализа]]“, како и непосредниот, економичен и поетски [[јазик]].<ref>Piter Krejmer, „Uvod“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 7-9.</ref>
 
== Наводи ==