Вештината на сакањето: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Содржина: дополнување
Ред 4:
Книгата се состои од предговор и четири дела:<ref>Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017.</ref>
* ''Дали љубовта е вештина?'' - Во овој дел, Фром ја претставува претпоставката дека [[љубов]]та не е случајно [[чувство]], туку таа е вештина која бара знаење и труд. Според него, основниот проблем во љубовта е тоа што луѓето ги насочуваат своите напори кон тоа како да се биде сакан, наместо кон способноста да се сака. Во врска со тоа се јавува и втората општоприфатена претпоставка дека основниот проблем во љубовта е објектот на љубовта а не проблемот на способноста. Тој тврди дека ваквото сфаќање на љубовта е плод на современото [[потрошувачко општество]] во кое во сите области, вклучувајќи ја и љубовта, владеат [[пазар]]ните законитости. Третиот проблем во љубовта е забуната меѓу почетното вљубување и подоцнежното останување во љубовта. Фром смета дека овие проблеми може да надминат ако се сфати дека љубовта е вештина, а за нејзиното совладување најпрвин треба да се совлада [[теорија]]та на љубовта, а потоа човекот да се усоврши во љубовната пракса.<ref>Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 23-31.</ref>
* ''Теорија на љубовта''. Овој дел се состои од следниве три глави:
::* ''Љубовта – одговор на проблемот на човечката егзистенција'': Теоријата на љубовта е дел од [[теорија]]та на човечката егзистенција. Имено, човекот се јавува со свест за себе, а свеста за човечката издвоеност, без соединувањето со посредство на љубовта, е извор на срам, на чувство на вина и на тешкотии. Целосното соединување и спојување со другата личност се постигнува само во љубовта. Притоа, зрелата [[љубов]] е соединување под услов да се сочува сопствениот интегритет, сопствената индивидуалност. Во таа смисла, љубовта е активна човекова моќ која [[човек]]от го соединува со другите луѓе и му помага да ги надмине осаменоста и изолацијата, но сепак му дозволува да го задржи интегритетот. Оттука, љубовта се разликува од страста, зашто таа е дејство, примена на човечката моќ која може да се одвива само во [[слобода]], а никогаш под присила. Според тоа, љубовта е активност, а не пасивен афект, таа е „истрајување“ а не „заљубување“. Исто така, љубовта е пред сè давање, а не примање, зашто во неа човекот го дава најскапото нешто – дел од својот [[живот]].<ref>Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 33-53.</ref> Освен во елементот на давањето, активниот карактер на љубовта се состои во тоа што таа вклучува: грижа, одговорност, почитување и знаење. Грижата значи дека љубовта е активна заинтересираност за животот и развојот на оној кој го сакаме; одговорноста значи водење сметка за потребите на другиот; почитувањето е свест за индивидуалноста и прифаќање на другата личност онаква каква што е; знаењето подразбира познавање на сржта на другата личност и стремеж да се соединиме со неа, а токму љубовта е патот за целосно објективно спознавање на другиот, на себе и на секого. Во таа смисла, љубовта нема биолошка, туку егзистенијална димензија.<ref>Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 55-67.</ref>
:: * ''Љубовта меѓу родителот и детето'': Од аспект на детето, љубовта е пасивно доживување, зашто тоа е сакано поради тоа што е, т.е. детето не мора да прави ништо за да биде сакано; едноставно, доволно е тоа да постои за мајката да го сака. На возраст од осум до десет години, кај детето се јавува свеста дека со својата активност може да ја предизвика родителската љубов при што чувството „да се биде сакан“ се развива во чувството „да се сака“. Притоа, развојот на способноста за љубов е тесно поврзан со објектот на љубовта – најпрвин, тоа е [[мајка]]та, а потоа сè повеќе се заврстува врската со таткото. За разлика од мајчината љубов, која е безусловна, татковската љубов е условна, т.е. неа детето треба да ја заслужи со своите постапки.<ref>Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 68-76.</ref>
:: * ''Објектот на љубовта'': Во суштината, љубовта не е однос кон некоја конкретна личност, туку таа е став и ориентација на карактерот кон светот како целина, а не само кон еден „објект“ на љубовта. Сепак, во зависност од објектот на кого се однесува, постојат различни видови љубов: братска љубов, која е основата на сите типови љубов, зашто таа претставува грижа, почитување, одговорност и познавање на секое друго суштество и желба да се унапреди неговиот живот; мајчинска љубов, која претставува безусловна афирмација на животот на детето, но и желба за неговот одвојување од мајката, т.е. осамостојување; еротска љубов, која е стремеж за целосно соединување со една конкретна личност, т.е. таа не е универзална, туку ги исклучува другите луѓе како објект на љубовта; љубовта кон себе, која е неразделно поврзана со љубовта кон која и да било друга личност, т.е. таа е спротивна на себичноста; љубовта кон [[бог]]а е религиска форма на љубовта, но таа не е психолошки различна од другите типови, т.е. таа произлегува до потребата да се надмине одвоеноста и да се постигне соединување. Нејзиниот карактер зависи од тоа дали претежнуваат [[Матријархат|матријархалните]] или [[Патријархат|патријархалните]] аспекти на [[религија]]та, т.е. дали [[бог]] е претставен како мајка или како татко.<ref>Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 77-115.</ref>
* ''Љубовта и нејзината дезинтеграција во современото западно општество'': Фром смета дека западната [[култура]] и структурата на западното [[општество]] не придонесува за развој на љубовта, т.е. во него братската, мајчинската и еротската љубов се релативно ретка појава. Во западното општество се случува дезинтеграција на љубовта чии основни облици се љубовта како заемно [[секс]]уално задоволување и љубовта како „тимска работа“, т.е. како засолниште од осаменоста. Натамошен облик на пседољубов е „идолопоклоничката љубов“ во која личноста која нема свест за својот идентитет настојува да обожува друга личност. Друг облик на псевдољубов е „сентименталната љубов“, кога љубовта се доживува само во фантазијата, а не во сегашноста. Друг облик на [[Невроза|невротична]] љубов е онаа во која се јавува „механизмот на проекцијата“ при што, за да се избегнат сопствените проблеми, човекот се бави со недостатоците на саканата личност. Најпосле, во современото западно општество се јавува и дезинтеграција на љубовта кон бога, зашто верувањето во него е претворено во психолошка вештина која треба да му помогне на човекот да се подготви за конкурентската борба.<ref>Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 117-143.</ref>
* ''Љубовната пракса'': Според Фром, љубовта како вештина не може да се научи, ако не се практикува во секојдневниот живот. Во тој поглед, љубовта е лично искуство кое секој човек мора да го доживее со помош на себеси и за себеси. Примената на љубовната вештина бара дисциплина, концентрација, трпение, а совладувањето на оваа вештина мора да ни биде од најголема важност. Притоа, основниот услов за да се достигне љубовта е надминувањето на сопствениот [[нарцисизам]], а тоа пак бара скромност, обејктивност и ум. Исто така, ослободувањето од нарцисизмот бара рационална вера, а тоа значи цврстина во нашите убедувања и чувства.<ref>Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 145-175.</ref>