Зигмунд Фројд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
дополнување
Ред 348:
Словенечкиот филозоф [[Славој Жижек]] има развиено уште од 80 - тите редица на мисли коишто ги користи Лаканската психоанализа, Хегелијанската филозофија и Марксистичката политичко - економска критика за толкување на општествениот феномен. Тој пишува на многу теми: субјективност, идеологија, капитализам, фундаментализам, расизам, толеранција, мултикултурализам, човечки права, екологија, глобализација, војната во Ирак, револуција, тоталитаризам, постмодернизам, популарна култура, опера, кино и религија.
Помеѓу неговите плодни дела најпознати се: Сублимираниот предмет на идеологијата, За тие да не знаат што прават, Уживај во твоите симптоми!, Направи некој да каже Тоталитаризам?, Предметот на Тиклиш и Погледот на Паралакс.
 
==Критика на психолошката теорија на Фројд==
[[Ерих Фром]] го критикува Фројдовото тврдење дека [[љубов]]та, сама по себе, е ирационална појава и дека таа е резултат на [[секс]]уалната привлечност, т.е. таа е идентична со сексуалното задоволување кое се одржува во свеста. Според Фром, Фројдовите идеи делумно се реакција на сфаќањата кои доминирале во [[19 век]], т.е. строгите обичаи на викторијанската епоха. Вториот фактор што влијаел врз развојот на идеите на Фројд било сфаќањето дека [[Капитализам|капитализмот]] одговара на природните потреби на човекот. Во тој поглед, паралелно со [[Економист|економистите]] и со [[Дарвинизам|дарвинистите]], Фројд се обидел да го докаже тоа тврдење со претпоставката дека мажот има неограничена желба за сексуално освојување на сите жени при што само притисокот на [[општество]]то го спречува во остварувањето на таа желба. Најпосле, неговите идеи се формирале под влијание на материјализмот што доминирал во 19 век според кој суштината на сите духовни појави може да се најде во [[Физиологија на човекот|физиолошките]] појави. Притоа, љубовта, омразата, амбицијата, љубомората и сличните појави Фројд ги објаснил како одделни облици на сексуалниот инстинкт. Меѓутоа, тој не сфатил дека основната реалност се наоѓа во тоталитетот на човековата егистенција, во прв ред, во човечката состојба која е заедничка за сите луѓе, а потоа во животната пракса која ја определува структурата на општеството. Според Фројд, целосното задоволување на скриените сексуални желби води кон здрав и среќен човек, но Фром се повикува на клиничките докази што потврдуваат дека мажите и жените со неограничени сексуални нагони често страдаат од тешки облици на [[невроза]].<ref>Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 126-129.</ref>
 
== Надворешни врски ==
{{рв|Sigmund Freud}}
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{Нормативна контрола}}