Бог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 9:
 
==Нерелигиски толкувања на Бог==
Според [[Ерих Фром]], Бог е историски условен поим во кој човекот го изразил своето доживување на сопствените повисоки сили, својот стремеж за вистина и единство, во определен историски период.<ref>Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 105.</ref> Тој смета дека во современото [[Капитализам|капиталистичко]] [[општество]], „бог е претворен во оддалечен генерален директор на [[претпријатие]]то „Универзум“ за кого знаеме дека е таму и дека ја режира претставата (иако таа, веројатно, би се одвивала и без него), вие никогаш не го гледате, но го признавате неговото водство, додека го извршувате својот дел од работата.“<ref>Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 143.</ref>
 
Во есејот „За поетот“, српскиот поет [[Јован Дучиќ]] вели дека поетите се првите кои го објавиле Бога. Според него, идејата за божеството се појавила во својата големина само во [[уметност]]а: штом примитивниот човек почнал да создава, тој ја добил идејата за создавањето; а гледајќи се себе како творец на едно нешто, тој посакал да го осознае творецот на сите други нешта. Така, мерејќи ги своите дела со делата на непознатиот градител, човекот го добил поимот за семоќта и сезнаењето на Бог. Поетот е толкувач на божеството, зашто тоа е слика на човечкиот идеал, а поетот секогаш говори само за највисоките вредности. Оттука, според Дучиќ, ниту еден поет не е безбожен, туку поетот е религиозен, зашто поетите ја измислиле [[религија]]та. Затоа, дури и кога се сомнева, поетот верува.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 263-265.</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Бог