Историја на Русија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 253:
Во [[1928]] година, Сталин го претставил првиот предлог на [[Петгодишен план|Петгодишниот план]]. Отргнувајќи ја на страна Новата економска политика која ја обмислил Ленин, овој план бил меѓу првите којшто бил спроведен по брзо акумулирање на капиталот преку изградба на тешки индустрии, колективизација на производството и рестрикција на производството на стока за широка потрошувачка.<ref name="Richman"/>Тоа било прв пат во историјата на една земја, економијата да биде директно и во целост контролирана од страна на владата.
 
Како дел од планот, државата ја презела контролата над колективните фарми<ref name="conquest-coll">Conquest, Robert. ''The Harvest of Sorrow: Soviet Collectivization and the Terror-Famine''. New York: Oxford University Press, 1987. ISBN 0-19-505180-7.</ref>. со декретот кој бил издан во [[1930]] година, околу еден милион фармери останале без своите имоти. Од овде дошло и незадоволство помеѓу селското население. Голем број на фармери за да не им го предадат својот добиток на државата, тие истиот го убивале. Во некои случаеви имало примери за побуна, но голем дел од тие фармери биле погубени.<ref>Viola, Lynne. ''Peasant Rebels under Stalin. Collectivization and the Culture of Peasant Resistance''. 2nd ed. New York: Oxford University Press, 1998. ISBN 0-19-513104-5.</ref>. Целиот овој процес на строга [[национализација]] и [[конфискација]] на имотите довело до појавава на глад<ref name="conquest-coll"/>, од којшто починале неколку милиони селани, а поголем број од нив по потекло биле од [[Украина]] и [[КубанКубањ]]<ref name="conquest-coll"/>. Лошата ситуација по селата придонеле голема [[миграција]] на селското население од селата во градовите, преку кое допринесувале за развојот на индустријализацијата и зголемување на руската популација за само неколку години.
 
Освен на ова поле, планот придонесол за промена и во други гранки од општественото уредување. Русија, од многу аспекти била најсиромашна земја во [[Европа]] во времето на Октомвриската револуција. По една декада, индустријализацијата се развивала со невидена брзина, достигнувајќи ја дури и германската. Советските власти во текот на [[1932]] година тврдиле дека индустрискиот раст бил зголемен за дури 334 % во споредба со [[1914]] година, или пак 180% во споредба од [[1932]] и [[1937]] година. Нападот врз Советскиот Сојуз од страна на [[Нацистичка Германија]] во јуни 1941 и советската победа врз нацистите, до голем степен било поради големиот производствен капацитет којшто претходно бил овозможен преку индустријализацијата.