Баталјон за специјални намени: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 29:
Единицата е формирана на 1 март 1994 година под името Единица за специјални намени, 6-ти одред и како таква е првата воена единица наменета за планирање, организирање и изведување на специјални операции во [[Македонија]]. Нејзин прв командант е тогашниот потполковник [[Мирослав Стојановски]], потоа Началник на Генералштабот на АРМ во периодот од 2005 до 2011 година.
 
На почетокот на 2000-тите години единицата претрпува неколку структурни промени со тоа што станува дел од новата Единица за борба против тероризам, таканаречена „Соколи“ која првично за време на [[Воен конфликт во Македонија, 2001|воениот конфликт]] во 2001 година требала да претставува здружено воено-полициско тело за борба против [[тероризам]], но потоа се планирало да остане само дел од армијата.<ref>{{нмс|title=Соколите на АРМ подготвени за лет|url=https://time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=1991&d2=31&m2=12&y2=2012&all=1&fulltext=1&timeup=2&show=1&q=%D0%B5%D0%B1%D0%BF%D1%82&read=c79f43a5e3f359f|work=Дневник|date=24 април 2002|accessdate=19 октомври 2018}}</ref> Кога е формирана Командата за специјални единици, Волците стануваат нејзин одред. Последната структурна измена на единицата се случува во 2003 година кога таа станува Баталјон за специјални намени, дел од Полкот за специјални операции заедно со [[Ренџерски баталјон|Ренџерскиот баталјон]], формиран наредната година.
 
На 18 август 2005 година на прославата по повод одбележувањето на Денот на АРМ, тогашниот Претседател на Македонија, [[Бранко Црвенковски]] го одликувал Баталјонот за специјални намени со [[Орден за воени заслуги (Македонија)|Орден за воени заслуги]], високо воено одличје кое се доделува за храброст и истакната служба на воен план. Toa е првото доделување воопшто на овој орден.<ref>{{нмс|title=„Волците“ одликувани со Орден за воени заслуги|url=https://vecer.mk/makedonija/volcite-odlikuvani-so-orden-za-voeni-zaslugi|work=Вечер|date=19 август 2005|accessdate=20 октомври 2018}}</ref>