Питагора: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: дополнување
Ред 4:
 
==Биографија==
Бидејќи неговото дело е завиткано во легенди и нејаснотии, тешко може да се зборува со сигурност за неговиот живот и за неговите предавања. Познато е дека го напуштил родниот остров и отпатувал за [[Египет]], каде што се запознал со неговата [[култура]], особено со [[религија]]та и [[наука]]та. Потоа отишол во Голема Грција (денешна [[Јужна Италија]] и [[Сицилија]]), каде што цутеле многу самостојни градови во кои била развиена науката и [[филозофија]]та и се населил во градот [[Кротон]] каде што го основал Питагорејскиот сојуз, другарство на политички и идејни истомисленици. Тоа било тајно друштво и работите во него се чувале во тајност од останатите луѓе. Таму владеела строга дисциплина и послушност на учениците кон Питагора. Според прописите на својот учител, питагорејците ги здружиле своите имоти во заедница во која сите членови биле рамноправни, зашто еднаквоста во чувствата и во имотот биле сметани за основен закон на заедничкиот живот. Самиот Питагора се сметал рамен на своите ученици и ги негувал кога биле болни, ги тешел во тагата, а дури и им пеел [[Магија|магиски]] песни.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 202.</ref> Од друга страна, учениците го обожавале Питагора како [[божество]] и се колнеле со неговото име.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 192.</ref> Сепак, судбината на Питагора била тажна, зашто, и покрај тоа што имал многу пријатели, на крајот умрел од [[глад]].<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 179.</ref>
 
==Филозофски погледи==