Брак: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Критицизам: ситна поправка
Ред 20:
Во [[САД]], некои студии покажале дека, и покрај рамноправните идеали, помалку од половина од испитаните гледаат на своите врски како еднакви, во нееднакви односи се почесто присуство на доминација од страна на машкиот партнер.<ref name="Sprecher">{{cite journal|doi=10.1023/A:1025601423031|year=1997|last1=Sprecher|first1=Susan|last2=Felmlee|first2=Diane|journal=Sex Roles|volume=37|issue=5/6|page=361|url=http://business.highbeam.com/435388/article-1G1-20247079/balance-power-romantic-heterosexual-couples-over-time|title=The Balance of Power in Romantic Heterosexual Couples Over Time from "His" and "Her" Perspectives}}</ref> Истражувањата исто така покажуваат дека брачни двојки имаат највисоко ниво на задоволство додека се во рамноправни односи.<ref name="Sprecher" /> Во последниве години, егалитарните бракови добиваат се поголем фокус и внимание политички, економски и културно во голем број на земји.
 
=== Бракот во христијанството ===
Бракот во христијанството е [[Света тајна]] во која младоженецот и невестата пред свештеникот и црквата даваат слободно ветување за својата заемна брачна верност и нивната врска се благословува како слика на блискоста на Христос со црквата и им се дава благодат која ја осветува нивната врска за заемно помагање и благословено раѓање и христијанско воспитување на деца. Според христијанските верувања, Бог уште во рајот ја осветил брачната врска кога го благословил [[Адам]] со [[Ева]]. Самата тајна се извршува во средината на црквата, пред Светиот Крст и Светото Евангелие. Две важни работи и припаѓаат на видливата страна од бракот:
 
Ред 32:
Чинот на Светата Тајна Брак е исполнет со симболизам кој потврдува дека мажот и жената се крунисуваат еден со друг, “''и двајцата постануваат едно тело''“. Надворешните дејства и изгледот се потврда на духовната реалност на венчавањето. Самиот чин се состои од два дела: прстенување и крунисување. Во минатото било пракса овие два дела да се извршуваат одвоено, така што прстенувањето се извршувало на веридбата, а крунисувањето на денот на свадбата или венчавањето. Денес тие се извршуваат заедно како една целина.
 
==== Прстенување ====
 
Од најстаро време прстените претставувале симбол на брачност. Невестата и момчето ги сменуваат прстените три пати, во чест на [[Света Троица]], симболизирајќи дека во бракот нивните дарби, таленти и великодушност, ќе ги делат еден со друг. Во [[Православие|Православната црква]] прстените се ставаат на десната рака, затоа што десната рака, според традицијата претставувала симбол на сила и почит. Променувањето на прстените ја симболизира нераскинливата врска во христијанскиот брак. По ова следува благослов даден од страна на свештеникот и менување на прстените од страна на кумот.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Брак