Теорија за релативноста: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: eu, hi, ta Брише: fr, tr Менува: diq
дополнување на текстот
Ред 4:
 
[[Мајклсон|А.Мајклсон]] и [[Морли|Е.Морли]] со [[експеримент]]ите извршени во периодот од 1880 до 1887 година докажале дека брзината на светлината е константна. Во експериментите како подвижен [[референтен систем]] ја одбрале [[Земја|Земјата]], која околу [[Сонце|Сонцето]] се движи со брзина од 30km/s. Користејќи ја појавата на [[интерференција]] на светлината, тие покажале дека брзината на светлината во правец на движењето на Земјата е иста со брзината на светлината во спротивен правец (нормално на движењето на Земјата). Мерењата биле вршени во различни периоди од годината, заради што се менувал и правецот на векторот на брзината на Земјата, што значи дека движењето на Земјата не влијаело на брзината на простирањето на светлината. Брзината на светлината е универзална константа со вредност c=2,998·10<sup>8</sup>m/s≈300.000km/s. Подоцна овој податок претставува основа на [[Ајнштајн]]овата (специјална) теорија на релативноста.
 
==Основи на теоријата на реалтивноста==
 
Познато е дека сите физички појави и процеси се одвиваат во определен [[простор]] и траат определено [[време]]. При нивното проучување основна задача е откривањето на законите на кои им се потчинуваат појаввите и процесите, односно утврдување на [[закон]]ите со кои можат точно да се опишуваат промените на материјалните објекти ( супстанциите како тела и полињата) на различни места во просторот и во рразлични временски моменти. Со развојот на [[наука]]та постепено сознанијата за просторот и времето се менувале, воедначувале и уточнувале.
 
==Апсолутен простор==
 
Во класичната механика се дефинира апсолутен простор и апсолутно време, т.е на просторот и времето им се препишуваат такви својства со кои е можно лесно да се опишуваат појавите и процесите, како што се движењата на телата. Некои од најважните сфаќања и претстави за апсолутниот простор и време, при разгледувањето на механичките движења се:
 
* Просторот и времето се независни поими еден од друг;
* Просторот со неговите својства постои независно од од постоењето на материјата (телата и полињата) и нејзиното движење низ него;
* Просторот е Евклидов-сите геометриски проблеми се решаваат со Евклидовата геометрија;
* Просторот е бескраен,хомоген и изотропен-во секоја точка и во сите насоки има исти својства;
* Просторот е непрекинат- околу секоја негова точка има произволен број други блиски точки;
 
Телата во [[природа]]та во секој момент заземаат определена положба во просторот. Ако, пак, во текот на времето положбата на некое тело се менува, тогаш велиме дека тоа се движи. Според тоа, за проучување на движењето потребно е определување на положбата, односно местото каде што некое тело се наоѓа. Поради непрекинатоста и хомогеноста на просторот никогаш не сме во состојба да ја определиме положбата на само едно тело во него, бидејќи немаме можност неговото место во просторот да го разликуваме од други места и во истиот.
 
Во врска со тоа се воведува поимот референтно тело, односно тело за кое условно ќе сметаме дека се наоѓа во некоја нулта положба во просторот и во однос на која, веќе, можеме да го разгледуваме движењето и положбата на другите тела. Референтното тело секогаш се избира така што во однос на него може наједноставно да се определи положбата на набљудуваното тело.
 
== Апсолутно време==
 
Некои од најважните сфаќања и претстави за апсолутното време, при разгледувањето на механичките движења се:
 
* Времето тече само по себе независно од постоењето и движењето на телата;
* Времето неповратно тече во една насока-во минатото, преку сегашноста кон иднината;
* Времето е непрекинато- постојат бескрајно мали интервали во секое време;
* Времето е хомогено- во различни моменти својствата на времето се еднакви.
Поради бескрајноста и [[хомогеност]]а на времето, никогашне сме во состојба да разликуваме само еден временски момент, бидејќи сите се еднакви меѓусебно. Тоа практично значи дека не сме во состојба да утврдиме кога се случила дадена појава. За да кажеме кога се случило нешто, потребно е временскиот момент во кој се случила некоја појава да го сметаме за нулти временски момент. Секој друг момент го определуваме со [[интервал]]от од на времето што протекува од нултиот до бараниот временски момент.
 
==Ајнштајнови Принципи==
 
[[Алберт Ајнштајн]], во 1905 година ги поставува основните принципи на специјална теорија на релативност, увидувајќи ја неможноста да се применат [[Галилео Галилеј|Галилеевите]] трансформации (кои во себе ги содржат [[Њутн|Њутновите]] погледи за постоење на апсолутно време и апсолутен простор) за брзини блиски до брзината на светлината:
Ред 11 ⟶ 42:
 
Специјалната теорија на релативност важи само за рамномерни праволиниски движења и при тоа, [[Галилеј|Галилеевите]] трансформации преминуваат во [[Лоренц]]ови.
 
Исто така ги поставува законот за собирање на брзините (применувајќи ги Лоренцовите трансформации), воведува релативистички изрази за [[маса]], [[импулс]] и [[енергија]] итн. Ја објаснил и појавата на [[фотоелектричен ефект]], воведувајќи ја [[хипотеза|хипотезата]] дека енергијата во светлинскиот сноп е концентрирана во “мали пакети“ наречени светлински кванти ([[фотони]]), а не по [[бран|брановата]] површина како во [[класична теорија|класичната теорија]] и воведувајќи ја релацијата за [[фотоелектричен ефект]].
 
Последици од [[Лоренц|Лоренцовите]] трансформации се [[контракција на должината]] и [[дилатација на времето]].
 
Се во природата е релативно. Не постои апсолутно движење или мирување, секое движење или мирување е само релативно. Исто така релативни се: [[релативност на едновременоста на настаните|едноврменоста на настаните]], [[релативност на временските интервали|временските интервали]], [[релативност на должините|должините]], формата и ограниченоста на просторот што го зафаќа некое тело.
 
[[Категорија:Теорија на релативност|*]]