Модернизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 47:
 
==Значење и влијание==
Според српскиот поет [[Јован Дучиќ]], модернистите се востаници против колективниот вкус, против традицијата и против историјата, тие се бунтовници против воспоставените навики и непријатели на сите ограничувања. Пред да се обидат да создадат нешто ново, тие најпрвин се трудат да го урнат старото; во нив повеќе доаѓа до израз инстинктот на новиот човек отколку на новиот творец; тие не се прашуваат дали се носители на прогресот или се само претставници на дегенерацијата; тие само ја претставуваат младешката нетрпеливост кон старото и својата желба за лична афирмација. Оттука, модернизмот е повеќе интересен како движење, отколку по неговите претставници меѓу кои има повеќе збунети отколку побунети.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 275-276.</ref> Тој смета дека по [[Првата светска војна]] се појавила цела војска лирски поети со безбројни девизи и програми, нешто што не било видено до тогаш. Меѓутоа, според него, станува збор само за книжевна [[манија]] која довела до тоа никогаш да не се пишувало толку многу, а да се има толку малку вредно за читање; и никогаш во историјата немало толку шарлатани и трговци со валкана [[хартија]].<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 296.</ref> Оттука, сè она што ја имало таа несреќа да се нарече модернизам завршило во здодевност.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 280.</ref>
 
== Наводи ==