Симболизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-романсиер +романописец)
→‎Во поезијата: дополнување
Ред 14:
Во основата на својата поетика симболистите ги ставиле теоретските ставови и поетската пракса на [[Шарл Бодлер]]: современ поет, син на големиот град, кој во својата сензибилност слегува до дното на човечкиот физички и морален пад, наоѓајќи го во темните длабочини на човечкото битие најголемото патење но и најголемата восхитеност, спој на несреќа и убавина („Ужасот на животот - екстазата на животот“).
 
Природата во своите појавни облици е само привидност (сон), а под тоа се крие вистинската суштина на нештата. Поетот е видовит пророк, кој во моменти на поетска интуиција ги открива тие суштини. Со „симбол“ се означува поетска слика која се прелева многу над своето основно значење, и дифузно сугерира многу идеи и емоции. Наспроти романтичарските барања за субјективност на поетскиот израз, симболизмот ја прогласува имперсоналноста (безличноста) како основна поетска инспирација.
 
==Значење и влијание==
Според српскиот поет [[Јован Дучиќ]], симболизмот не бил ново духовно движење, туку само нов манир, само нов начин на говорење, но не и ново чувство. Оттука, многу брзо, тој бил целосно исцрпен и опаднал. Во симболизмот има многу големи грешки, неговата [[психологија]] е ненормална, неговите [[Идеја|идеи]] и [[Асоцијација|асоцијации]] се бизарни, неговите сензации се болни, неговото негирање на непосредното доживување е сосема погрешно, а неговата [[музика]] е само бесцелно преценување на споредните случаи. Затоа, тоа движење завршило во здодевност.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 280.</ref>
 
==Наводи==