Разлика помеѓу преработките на „Пиндар“

Додадени 342 бајти ,  пред 1 година
→‎Живот и дело: дополнување
(→‎Живот и дело: дополнување)
(→‎Живот и дело: дополнување)
 
== Живот и дело ==
Пиндар ја изучувал [[поезија]]та дома, а потоа во [[Атина]]. Уште за време на животот, тој се здобил со голема слава во сите градови на [[Стара Грција]] кои му правеле чест како на полубог. Имено, старите Грци верувале дека богот [[Пан]] го сакал Пиндар и неговите песни и дека поетот му ја возвратил љубовта така што ги напишал своите химни кои девојките од [[Теба (Грција)|Теба]] ги пееле за време на празниците. Притоа, Плутарх тврди дека самиот Пиндар го слушнал богот Пан како ги пее неговите химни.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 309-310.</ref> Така, сите грчки градови го прогласувале за свој гостин, а во најголемото грчко светилиште, [[Делфи]], тој имал свој престол во храмот на [[Аполон]], од каде самиот тој ги читал своите [[Химнa|химни]]. Уште повеќе, неговата слава ги надминувала границите на Стара Грција: во еден [[храм]] на [[Амон-Ра|Амон Ра]] во [[Египет]], патеписецот Павзанија видел триаголна плоча на која била напишана химната која Пиндар ја испратил таму, а која била чувана како реликвија. Исто така, македонскиот крал [[Аминта]] и тиранот Хиерон од [[Сиракуза]] го канеле Пиндар за време на големите свечености.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 310-311.</ref> Според преданието, во една прилика, Пиндар му рекол на Хиерон: „Кнезу, јас се разбирам само во [[метрика]]та.“<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 284.</ref> Најпосле, кога [[Александар Македонски]] ја освоил [[Теба]], тој ја поштедил единствено куќата на Пиндар.<ref>[[Plutarch]], ''Life of Alexander'' 11.6; [[Arrian]], ''[[Anabasis Alexandri]]'' 1.9.10</ref> <ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 311.</ref>
 
Пиндар живеел во време кога многу гранки од големото стебло на еленската [[лирика]] се исушиле, а хорската песна најраскошно расцветала. Од целокупните негови дела потполно се зачувани само четири книги, таканаречени епиникии, т.е. победнички песни испеани како благодарност на најголемиот момент во животот на човекот, славата на неговата победа. Од другата негова поезија зачувани се само делови.