Хенрик Ибзен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
Ред 29:
Во почетниот период од творештвото Ибзен пишувал драми инспирирани од норвешките [[Легенда|легенди]], исполнети со национален [[Романтизам|романтичен]] занос. Во својата триесет и четврта година, Ибзен ја напишал драмата во стихови „Комедија на љубовта“ во која за првпат директно ги анализирал општествените процеси на своето време. Како последица на тоа, норвешката буржоазија реагирала остро: во една прилика, кога ја побарал [[пари]]чната помош што во тоа време им се доделувала на младите писатели, еден член на комисијата, инаку професор на Универзитетот во Кристијанија, изјавил дека Ибзен не заслужува помош, туку ќотек. Сепак, подоцна му била доделена помош, а една негова историска драма постигнала успех. По напуштањето на Норвешка, за време на престојот во Рим, Ибзен ги напишал драмските поеми „Бранд“ и „[[Пер Гинт]]“, но по преселбата во [[Германија]] започнал да пишува [[Реализам|реалистични]] драми во кои обработувал разни општествени проблеми. Кога во 1874 година повторно ја посетил Норвешка, Ибзен слушнал за една афера поврзана со норвешките [[брод]]оградилишта и тоа го инспирирало да ја напише драмата „[[Столбови на општеството]]“, завршена во Германија, во [[1877]] година. Со оваа драма Ибзен станал славен: само во [[февруари]] [[1888]] година, дури пет [[Берлин|берлински]] театри истовремено ја прикажувале драмата! Подоцна, тој ги напишал драмите „Нора“ и „Привиденија“ со кои предизвикал бурни дискусии (првата) и огорчени реакции и цензура (втората), но затоа пак, неговите драми биле топло примени во [[Натурализам|натуралистичките]] театри во [[Париз]], Берлин и [[Лондон]]. Понатаму следеле драмите „[[Дива патка (драма на Ибзен)|Дива патка]]“, „Ромерсхолм“, „Жени од морето“ и „[[Хеда Габлер]]“, сите напишани во Германија. Последните четири драми („[[Градежникот Солнес]]“, „[[Малиот Ејолф]]“, „[[Јон Габриел Боркман]]“ и „Кога ние мртвите ќе се разбудиме“) ги напишал по враќањето во Норвешка.<ref>Stanislav Bajić, „Henrik Ibzen“, во: Henrik Ibzen, ''Stubovi društva''. Beograd: Rad, 1963, стр. 123-126.</ref>
 
===Значење и влијание===
Уште додека бил жив, творештвото на Ибзен предизвикувало различни коментари: за едни, тој бил предмет на најостри напади, додека за други бил ненадминлив гениј; едни гледале во него проповедник на не[[морал]]от, а за други бил првокласен моралист; едни го обвинувале за [[анархизам]] и [[социјализам]], а според други тој бил [[Ниче|ничеовско]]-аристократски противник на [[демократија]]та; за едни бил непријател на [[христијанство]]то, а за други пример за нов [[христијанин]], итн. Притоа се случувале разлики во толкувањето и кај неговите најблиски лични познаници, кои со него имале можност да разговараат или да се допишуваат<ref>Stanislav Bajić, „Henrik Ibzen“, во: Henrik Ibzen, ''Stubovi društva''. Beograd: Rad, 1963, стр. 121.</ref>
 
Во [[1956]] година, по повод педесетгодишнината од [[смрт]]та на Ибзен, ширум светот биле објавени бројни есеи, статии и студии во кои било истакнато дека тој претставува една од најзначајните појави во развојот на светската [[драма]]. Сепак, постоеле различни толкувања на значењето на неговото творештво: според едни, Ибзен бил гигант на своето [[време]] и извршил големо влијание врз повеќе драмски писатели, но тој повеќе ја нема истата вредност за денешниот читател; други истакнувале дека тој е основач на современата драма, а неговото денешно значење повеќе е литерарно-теориско отколку практично-сценско; според трети, Ибзен и понатаму е едно од најголемите имиња на светската драма, така што тој сè уште е актуелен и модерен.<ref>Stanislav Bajić, „Henrik Ibzen“, во: Henrik Ibzen, ''Stubovi društva''. Beograd: Rad, 1963, стр. 121.</ref> Според [[Јован Дучиќ]], Ибзен е централна личноста на современиот духовен театар, а заедно со [[Шекспир]] и [[Софокле]], тој е еден од трите големи имиња на светската драма. Во неговите дела, човекот води борба со самиот себе и поради тоа Ибзен е нов и претставува најголема фигура на општествениот и духовниот театар на своето време.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 298-299.</ref>
 
==За ликовите во неговото творештво==