Музеј на Град Скопје: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с Отстрането уредувањето на 92.53.33.166 (разговор), вратено на последната верзија на 92.53.53.252
Ознака: Отповикување
Ред 37:
Оттогаш до денес како комплексен музеј тој ја поврзува дејноста на подрачјето на [[археологија]]та, [[историја]]та, [[етнологија]]та, [[историја на уметноста|уметничката историја]] на подрачјето на [[Град Скопје]]. Освен системските истражувања, прибирање, средување, заштита и чување, музејот врши и стручна обработка и научно проучување на музејскиот материјал како и неговата јавна презентација преку тематски проекти и изложби како во земјата така и во странство.
 
Музејот поседува фонд од 21.950 музејски предмети распоредени по повеќе одделенија: [[археологија]], [[историја]], [[етнологија]], [[историја на уметноста]], [[архитектура]], [[урбанизам]] и [[дизајн]], [[едукација]], [[фотографија]], [[видео]] и [[дигитализација]],конзерваторска лабараторија а работи и музејска [[библиотека]]<ref>{{наведена мрежна страница|url=http://www.mgs.org.mk/index.php/zamuzejot/muzejska-dejnost/2012-12-16-21-20-29|title=Библиотека|publisher=Град Скопје|accessdate=1 октомври 2015}}</ref>. Во фундусот на музејот влегуваат донацијата од 182 фотографии на доајенот на македонската уметничка фотографија [[Благоја Дрнков]] и донацијата на jапонска графика [[укијо-е]]. Во 1991 г. [[Љубомир Белогаски]] му подари на Музејот на Град Скопје 159 дела (претежно акварели). Оваа збирка, која има исклучителна вредност и прва од таков вид во државата, го овозможи формирањето на галеријата при Музејот на Град Скопје што го носи името на донаторот [[Љубомир Белогаски]] и во која чувајќи го споменот за него постојано се изложени неговите дела.
 
„Прошетка низ минатото“ е постојана поставка во Музејот која го опфаќа периодот од Праисторија до почетокот на 20 век за Скопје со неговата околина. „Отворено графичко студио - МАК-ГРАФ“ отворено во 1994 г. кое има и меѓународен карактер, простор за постојан контакт меѓу уметниците но и публиката, каде уметниците графичари можат да творат и да ги изложуваат своите дела. Во [[Старата скопска чаршија]] се наоѓаат депандансите на музејот, и тоа во [[Сули ан]] е сместена постојаната поставка за „Историјата на старата скопска чаршија“. „Меморијалниот музеј на Покраинскиот комитет на КПЈ“ и „Меморијалниот музеј на илегалната работилница за оружје од НОБ“.