Јосиф Јосифовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Нема опис на уредувањето
Ред 22:
 
==Биографија==
Јосиф Јосифовски бил роден во Гевгелија на 2 август 1915 година, во сиромашно семејство. Како стипендист се школувал во [[Крагуевац]], [[Шумадија]],<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 151</ref> а потоа студиите ги продолжил на правниот факултет во [[Белград]]. Учествувал во сите демонстрации, протести и акции во Белград што ги организирале студентите, поради што бил апсен.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 152</ref> Станал член на [[КПЈ]] во [[1938]] година.
 
По завршување на студиите, неможејќи да најде работа во родниот град, Јосиф Јосифовски заминал во [[Струмица]] во 1940 година, каде се вработил како адвокатски приправник.
 
==Учество во НОБ==
Неколку месеци по окупацијата, во септември 1941 година бил испратен во [[Ресенско|Ресенската околија]] како инструктор на ПК на КПЈ за Македонија. Негова задача била да помогне во кревањето на вооружено востание во тој регион, каде бил уапсен од страна на италијанската полиција.
 
На 6 јули 1942 година на планината [[Бигла (планина)|Бигла]] бил формиран [[партизанскиот одред „Даме Груев“]], а Јосифовски бил поставен за политички комесар. Потоа бил наименуван за политички комесар на [[Партизански баталјон „Мирче Ацев“|баталјонот „Мирче Ацев“]], а во септември 1943 година, политички комесар на [[Втора оперативна зона|Втората оперативна зона]] во Македонија.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 153</ref>
 
Загинал на 6 октомври 1943 година кај селото [[Кленоец]], Кичевско, во борба против балистичките банди и германските сили, штитејќи ја слободната територија во Западна Македонија. Заедно со него во оваа борба загинaле повеќе од 70 партизани.