Пиндар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, ситна поправка
→‎Живот и дело: дополнување
Ред 3:
 
== Живот и дело ==
Пиндар ја изучувал [[поезија]]та дома, а потоа во [[Атина]]. Уште за време на животот, тој се здобил со голема слава во сите градови на [[Стара Грција]] кои му правеле чест како на полубог. Имено, старите Грци верувале дека богот [[Пан]] го сакал Пиндар и неговите песни и дека поетот му ја возвратил љубовта така што ги напишал своите химни кои девојките од [[Теба (Грција)|Теба]] ги пееле за време на празниците. Притоа, Плутарх тврди дека самиот Пиндар го слушнал богот Пан како ги пее неговите химни.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 309-310.</ref> Така, сите грчки градови го прогласувале за свој гостин, а во најголемото грчко светилиште, [[Делфи]], тој имал свој престол во храмот на [[Аполон]], од каде самиот тој ги читал своите [[Химнa|химни]]. Уште повеќе, неговата слава ги надминувала границите на Стара Грција: во еден [[храм]] на [[Амон-Ра|Амон Ра]] во [[Египет]], патеписецот Павзанија видел триаголна плоча на која била напишана химната која Пиндар ја испратил таму, а која била чувана како реликвија. Исто така, македонскиот крал [[Аминта]] и тиранот Хиерон од [[Сиракуза]] го канеле Пиндар за време на големите свечености.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 310-311.</ref> Најпосле, кога [[Александар Македонски]] ја освоил [[Теба]], тој ја поштедил единствено куќата на Пиндар.<ref>[[Plutarch]], ''Life of Alexander'' 11.6; [[Arrian]], ''[[Anabasis Alexandri]]'' 1.9.10</ref> <ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 311.</ref>
 
Пиндар живеел во време кога многу гранки од големото стебло на еленската [[лирика]] се исушиле, а хорската песна најраскошно расцветала. Од целокупните негови дела потполно се зачувани само четири книги, таканаречени епиникии, т.е. победнички песни испеани како благодарност на најголемиот момент во животот на човекот, славата на неговата победа. Од другата негова поезија зачувани се само делови.
Ред 11:
Пиндар е најголемиот и последниот гласник на еолско-дорскиот начин на живеење, како што се живеело во богатите кругови кон почетокот на [[5 век п.н.е.]] Тој бил учител само на еден сталеж: на [[Благородништво|благородниците]].
 
Стилот на Пиндар се одликува со тоа што мислите му се ројат и брзо летаат, не застанувајќи на детаљи, при што едната ја престигнува другата, а зборовите како да не можат да се стигнат. Јазичниот израз му е збогатен со нови и смели [[Метафора|метафори]], сјајни слики. Во богатството на сликите му нема рамен. Споредбите се ретки и не се разработени како кај [[Хомер]], туку само се навестени. Величенствените воведи во неговите епиникии, самиот Пиндар ги споредувал со „портата на палата која е украсена со златни столбови“. Наречјето му е дорско-беотско. Од неговите 45 епиникии, секоја има свој посебен [[Метрика|метрички]] облик.
 
== Влијанија ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Пиндар