Разлика помеѓу преработките на „Преспански договор“

с
| caption2 = Постер на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) за кампањата „Бојкотирам“ во [[Струга]]
}}
Откако се интензивирале напорите за решавање на спорот за името Македонија започнала да се поставува и опцијата да се одржи референдум на кој граѓаните на Република Македонија ќе се изјаснат за својот став околу договорот.<ref>{{нмс|title=Нема доволно време Македонија да стане членка на НАТО во јуни, вели Коѕијас|url=https://sdk.mk/index.php/makedonija/nema-dovolno-vreme-makedonija-da-stane-chlenka-na-nato-vo-juni-veli-kozijas/|work=Сакам Да Кажам|date=18 април 2018|accessdate=3 октомври 2018}}</ref><ref>{{нмс|title=Стојам зад предлогот Република Илинденска Македонија, кажа Заев по лидерската средба и најави референдум|url=https://sdk.mk/index.php/makedonija/stojam-zad-predlogot-republika-ilindenska-makedonija-kazha-zaev-po-liderskata-sredba-najavi-referendum/|work=Сакам Да Кажам|date=19 мај 2018|accessdate=3 октомври 2018}}</ref> На 30 јули со 68 гласа „За“ и без „Против“ и „Воздржан“, без присуство на пратениците од [[ВМРО-ДПМНЕ]] кои ја напуштиле салата, била донесена одлука од Парламентот за распишување на консултативен референдум на кој ќе биде поставено прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ тогаш се изјаснила дека со тоа што референдумот ќе биде консултативен, се отвора можност резултатите да се толкуваат по слободна волја. Нивниот пратеник Никола Мицевски пак образложил дека „референдумското прашање е непрецизно, повеќезначно и манипулативно за јавноста“.<ref>{{нмс|title=Референдум на 30 септември|url=https://www.dw.com/mk/%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D1%83%D0%BC-%D0%BD%D0%B0-30-%D1%81%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%B2%D1%80%D0%B8/a-44886678|work=Дојче Веле|date=30 јули 2018|accessdate=1 октомври 2018}}</ref>
 
[[Податотека:Referendum Mazedonien 2018 Ja-Stimmen.svg|лево|200п|Карта на гласовите „За“ на референдумот претставени во проценти]]