Разлика помеѓу преработките на „Преспански договор“

с
нема опис на уредувањето
с
| wikisource =
}}
 
'''Преспански договор''' — меѓународен договор потпишан од шефовите на дипломатијата на [[Министер за надворешни работи на Македонија|Македонија]], [[Никола Димитров (дипломат)|Никола Димитров]] и на [[Министер за надворешни работи на Република Грција|Грција]], [[Никос Коѕијас]] на 17 јуни 2018 година во селото [[Нивици]], [[Грција]] на брегот на [[Преспанското Езеро]]. Истиот бил потпишан и од посредникот на [[ООН]] за спорот за името Македонија, [[Метју Нимиц]]. Договорот ја заменува Привремената спогодба потпишана во [[Њујорк]] на 13 септември 1995 година. Тој би требало да претставува решение на [[Спор за името помеѓу Македонија и Грција|спорот за името Македонија]] и да воспостави стратешко партнерство помеѓу идната Северна Македонија и [[Грција]]. Според истиот Македонија треба да го промени своето име во ''Северна Македонија'' односно формалното име да ѝ биде ''Република Северна Македонија'', а [[Грција]] ќе го признае државјанството на соседната земја како ''македонско/граѓанин на Република Северна Македонија'' и се согласува официјалниот јазик на државата да се именува како [[македонски јазик]] ({{lang-en|Macedonian language}}).<ref>{{нмс|title=Потпишан договорот за името, Заев: поместивме планини|url=https://www.slobodnaevropa.mk/a/29293477.html|work=Радио Слободна Европа на македонски јазик|date=17 јуни 2018|accessdate=17 јуни 2018}}</ref>
 
| caption2 = Постер на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) за кампањата „Бојкотирам“ во [[Струга]]
}}
На 30 јули со 68 гласа „за“„За“ и без „против“„Против“ и „воздржан“„Воздржан“, без присуство на пратениците од [[ВМРО-ДПМНЕ]] кои ја напуштиле салата, била донесена одлука од Парламентот за распишување на консултативен референдум на кој ќе биде поставено прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ тогаш се изјаснила дека со тоа што референдумот ќе биде консултативен, се отвора можност резултатите да се толкуваат по слободна волја. Нивниот пратеник Никола Мицевски пак образложил дека „референдумското прашање е непрецизно, повеќезначно и манипулативно за јавноста“.<ref>{{нмс|title=Референдум на 30 септември|url=https://www.dw.com/mk/%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D1%83%D0%BC-%D0%BD%D0%B0-30-%D1%81%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%B2%D1%80%D0%B8/a-44886678|work=Дојче Веле|date=30 јули 2018|accessdate=1 октомври 2018}}</ref>
 
[[Податотека:Referendum Mazedonien 2018 Ja-Stimmen.svg|лево|200п|Карта на гласовите „За“ на референдумот претставени во проценти]]
Референдумот се одржал како и предвиденото, на 29 септември гласале болните и изнемоштени лица, затворениците и лицата во домашен притвор како и [[Македонска дијаспора|дијаспората]], а на 30 септември сите останати граѓани на Македонија. Право на глас имале 1.806.336 гласачи. Референдумот не ја постигнал потребната излезеност од 50 отсто и на него гласале само 36,91 отсто од населението односно 666.743 граѓани. Од граѓаните кои излегле и гласале, „За“ заокружиле 609.813 граѓани, а „Против“ биле 37.700 граѓани. Имало дури 19.221 неважечкo ливчe.<ref>{{нмс|title=На референдумот гласале 666.743 граѓани, „За“ гласале 609.813, „Против“ 37.700|url=https://sdk.mk/index.php/makedonija/na-referendumot-glasale-666-743-gragani-za-glasale-609-813-protiv-37-700/|work=Сакам Да Кажам|date=1 октомври 2018|accessdate=1 октомври 2018}}</ref> Според властите референдумот претежно поминал во мирна атмосфера. Регистирани биле неколку инциденти, повеќето со неовластено снимање и фотографирање гласачи, закани и напади врз гласачите.<ref>{{нмс|title=Инциденти на гласањето за референдумот|url=https://www.24.mk/incidenti-na-glasanjeto-za-referendumot|work=24 Вести|date=30 септември 2018|accessdate=1 октомври 2018}}</ref><ref>{{нмс|title=Австралија: Закани и навреди за гласачите на референдумот|url=https://www.dw.com/mk/%D0%B0%D0%B2%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B0%D1%87%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82/a-45687245|work=Дојче Веле|date=29 септември 2018|accessdate=1 октомври 2018}}</ref><ref>{{нмс|title=Фејсбук-малтретирање на оние кои гласаат на референдумот во дијаспората|url=https://www.slobodnaevropa.mk/a/29516188.html|work=Радио Слободна Европа на македонски јазик|date=29 септември 2018|accessdate=1 октомври 2018}}</ref>