Муласен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 9:
| prominence_ref = <ref name="PeakList"/><br /><small>64. место</small>
| range = [[Сиера Невада (Шпанија)|Сиера Невада]]
| listing = ултра
| location = [[Гранада (покраина)|Гранада]], [[Шпанија]]
| map = Spain | region = ES
Ред 23:
'''Муласен''' ({{lang-es|Mulhacén}}) — највисока [[планина]] во континентална [[Шпанија]] и целиот [[Пиринејски Полуостров]]. Претставува дел од венецот [[Сиера Невада (Шпанија)|Сиера Невада]] во системот Панибетски Кордилјери. Наречен е по [[емир на Гранада|гранадскиот емир]] [[Абул Хасан Али]] (XV в.) познат како „Мула Хасан“ (шпан. ''Muley Hacén'') кој, според народното предание, е закопан на врвот на планината.
 
Ова е највисок врв во Европа <ref>Повисоки врвови имаат [[Канарски Острови|Канарските Острови]] и [[Гренланд]], кои политички ѝ припаѓаат на Европа, но географски се дел од Африка, односно Северна Америка.</ref> вон [[Кавказ]] и [[Алпи]]те. Исто така го зазема третото место по [[топографска истакнатост]] во Западна Европа (по [[Мон БланМонблан]] и [[Етна]]) и 64. место во светот.<ref name="PeakList"/> Сепак, врвот не изгледа исклучително стрмен — јужното крило на планината е благо и не е тешко за искачување, а истото важи и за долгиот западен срт. Пократкиот и пострмен североисточен срт е малку потежок. Меѓутоа, северната страна на планината е многу пострмна и нуди неколку умерено стрмни патеки за искачување по снег и мраз преку зимата.<ref name="world_mountaineering"/>
 
Планината се искачува истиот ден поаѓајќи од селото [[Капилејра]] или [[Тревелез]], но повообичаено е планинарите да преноќат во домот во Покејра или во засолништето во Калдера на запад. Оние што ја искачуваат планината од Травелез можат да [[бивак]]уваат крај езерцата на североисток од врвот.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Муласен